Бластоцисти се ембриони развиени до 5 или 6 ден кои се минимум 16 клеточни. Шансите се многу поголеми за успех ако со осумклеточни се 50% со нив е 70% секако ова важи ако не постои друг проблем со ендометриум, имплантација и слично.
И мене никој претходно не ми го даваше. Цело време гледаа дека иам тенок ендометриум, и пролактиин кон горна граница, и оставаа на тоа одпосле да го средуваат со естрофем. Летово бев кај друг гинеколог на консултација кој кога ми ја виде историјата на тенок ендометриум, веднаш инсистираше да пијам бромергон за да го спуштам пролактинот. И навистина, откако го симнав ми се подобри ендометриумот. објаснувањето беше дека пролактин во 8 сабајле на наспано, нетреба да биде кон горна граница зошто тоа значело дека во текот на денот одел и над граница имајќи предвид дека и најмал стрес го покачува. Незнам тебе како ти е пролактинот и дали тој ти влијае на ендометриумот. Кај мене ете така се среди.
Бластоцисти односно на 5ти ден ги враќаат ако пациентката има многу јк и ако е под 35год така чекаат да видат дали ќе продолжат со созревање. Бар мене вака ми објаснија за мене чекаа 5ти ден и на крај ништо не ми вратија од 15 јк 8 оплодија 3 беа супер на 3ти ден и на крај ништо. И ми викаат ама можно е и ако ти ги вратевме на 3ти да ти се задржаа а може и не! Боже викам помогни ни пошто ќе не мрднат докториве, како експерименти им служиме.
Ги враќаат порано затпа што сметаат дека поголеми се шансите да се развиваат во природна средина, отколку во неприродна.
Znaci rabotava e transfer e 18.000 ako cekame 5 den moze ke gi nema nema rransfer nema pari ako ti gi vratime na 3 den nie iame transfer i pari a ti posle sekako cukaj si ja glavata sto si zgresila u lezenjeto doma
Јас имам 24 год па на 3 ден миги вратија...уште првите 12 часа се оплодија 3 јајце клетки..Кај мене проблемот е само анти-милериан хормонот ми е низок 1,2...а кај мм е добар спермограмот...а како шо вели Кукла можи и така е природна средина му треба..
Душо не се замарај сега со тоа кој ден ке ти биде трансферот,(те прочитав оти ти закажале на четврти)опушти се релаксирај се спремна да ги примиш ембрионите.Со една пријателка заедно правевме ивф она замисли на втор ден и ги вратија па еве ја сега има бебе,кај мене на четврти ден неуспешно.Следното ивф на петти ден три бластоцити ,пак неуспешно.Можеби има поголеми шанси теоретски ако се на пети ден,но јас викам се е во Божји раце,он нека даде живот,да пролжат да растат во нашите мешиња.