Девојчиња добро утро. Читам доста за таблети Q 10. Дали некоја ги користела и по чија препорака, за што се користат и дали има резултат?
Јас пијам по препорака на Ивановски. За клетките демек се добри, антиоксиданс... Мене ми потенцираа стоп инекцијата мускулно.
Значи за подобар квалитет на јк? Читам по странскиве форуми доста се актуелни.А има ли резултат барем, но сепак би требало значи препорака од лекар, да не се на своја рака?! Кај нас од која фирма ги има имаме ли избор?
Така викаат, да. Доста луѓе ги примаат против стареење - демек го успорува стареењето. Нели и сите антиејџ креми се со Q10 Има на доста фирми, ако не се лажам. Дозата обично е 100 мг и се зема една на ден. Јас пиев синерџи, па сега сменив на некои биос ланј. Овие поскапи се од тоа што ги земав на синерџи. Следно мислам да си земам на синерџи, полесни ми беа за абсорпција. @Valentina888 Ивановски.
За стоп инекција вајда може и така и така.Првите две инвитра примав хориомон во бут,а последниов пат прегнил во стомак.
Дружино да пријам сега се вратив од пункција без никаква стимулација бев само со стоп инекција една фоликула и ми рекоа празна била јајце клетката за жал уште еден неуспех...мк даде,Дхеа рече тука у македонија ги немало како да ги најдам во наредните три месеци треба,да пијам ако има некоја искуство дали се ефикасни за јајцеклеткиве тие да ми даде утеха позз
од хормонските инекции ме болат кои и да се имам уплав и тоа само од тие во бут хихи ...тие во стомак гајле немам како да се навикнам стварно незнам...во систина се боцкам се менуваат стално сестрите жените ок се полека ставаат мажите им се хорор не ги ставаат под агол туку од горе ужас
Јас ги пиев да ми го намалат фсх хормонот и успееа ми го намалија ги земав од њуборн инаку можеш и од амазон да ги нарачаш
ох срце некои сестри супер ме боцкааа ке им реков се плашам и ептен внимателно ставаа али има двајца мажи у систина не ги ставаат под агол инекциите туку директно од горе и рипам од кревет јас не навикнав и не не можам да бирам стално различни смени се ...ми се случува и температура да качам од страв чим ја стават инекцијата у секунда поминува како да се отплашам стварно незнам
Жалам мила.. Јас пијам ДХЕА, ги тргнале од листата во МК и не смеат да се продаваат. Ги најдов на црниот пазар во МК, си нарачувам од ФБ, ми стигнаа за 1 ден. Денес баш барав уште едно кутивче, ама им завршиле, па чекаат деновиве достава. Пошто државата ги забрани, ќе ти пратам во порака фб нивни да не им направам проблем вака јавно, па пиши им
Па и мене тогаш ми потенцираа дека морало во бут,а сега баш ги препрашав ми рекоа да да во стомак.Вајда може и мускулно и во стомак само си одредува докторот како според фолекулите.Ајде кукле да не израдуваш овој пат .
Жалам, душо. А ти кажаа ли зошто е празен фоликулот? Можеби ако претходниов период си примала хормонска терапија и затоа така да е резултатот. Но од друга страна пак нели викааат дека после ивф организмот е уште под дејство на хормонските инекции,....секакви приказни се изнаслушавме. А ти кажа ли докторот зошто се тие ДХЕА таблети?
Пробај и со апчињата но немој по многу,Трајковски ми рече дека може да влијаат негативно на психата кај жената ако се претера.А можеш и да пробаш плус со смоквите во маслиново масло.Тие го намалуваат фсх и помагаат за јк.