така е. Нека е со лесно само. Јас морав да лежам. Јас прокрварев у 4ти, имав огромен хематом, па контракции мн рано и притисок имав едно време, па и сакаа да ми ставаат сонда у бубрези.. и на пород септумми открија. Јас седев зашто искрено се ми беше излишно кога се работи за бебето. Фала богу се е ок . Уживај во бременоста и се да е ок.
@LadyC фала многу на инфо. Сега се е појасно. Колку сака нека се само бебе и јас да сме добри. Ако дадат амин доктори ќе одам на работа ако не здравје. Само ми е криво таман ми ја зголемија платата нема да ја осетам цела .
Се ми беше јасно се до моментот дека за породилно вадат просек и од тие плати што ги зимаш 70% аууу па тоа е многу помала плата, поточно зависи колку плата зимаш. А просекот се вади од последните 12 месеци така?
Ајде нека е се ок со бебето, тоа е најбитно. Не се мн месеци боледување, ќе се издржи ако мора. Нека е сл лесно само :"*
Да. Ако ти е фиксна платата задњи 12 од нив земаш само 70%. А ако ти ја покачиле платата ондак ќе прават просек на тие 12 месеци плата и ќе дадат 70% од нив. Да се редактирам. Они мене лично ми скратија само ,200 денари сега на породилно што не е мн. Не ми е мала платата, не ми е ни екстремно голема.
Просекот се прави на платата. Тие 30% помалку не играат улога во пресметка на надоместокот за породилно.
Е како не играат? Ради три месеци што бев на боледување ми се скратени 200 денари. У просек ги земаат и тие.
Сигурна сум дека се земаат платите без влијание од тие 30%. За да кажам зошто биле помалку 200 денари треба да ги знам деталите. Имам колешка која беше на боледување цела бременост. породилното и е исто како платата.
проверено, платата си се зема во просек од целиот износ без разлика дали си бил на боледување или не. Нема логика заради тоа да и скратиле на @LadyC срцка и да зимаш 10 000 плата ако ти скратат 3 месеци по 30% просекот излага 9250 денари а камоли на поголема плата и подолго боледување. Поради нешто друго ти скратиле.
Мислам дека некој во некоја од темите пишуваше дека таа разлика од 200-500 денари е заради некоја методологија што ја користеле во фондот при пресметка на работни саати, за разлика од работодавачот кој ни рачуна фиксна плата.
Една кратка пресметка. Ако платата ти била 9000 денари и 3 месеци си била на фонд, а 9 "нормално" тогаш вкупна плата за таа година си земала 99.900 денари т.е. 8325 мкд просечно годишно. Ако си била на работа 12 месеци и си земала нормално плата, годишно си земала 108.000 т.е 9000 проечно месечно. Ако функционира првата логика тогаш месечниот надомест од фонд би бил 8.325мкд што е за 675 денари помал од "номиналниот". За 200 денари да има разлика треба да се работи за многу мала плата која би била под минималецот. Така да тие 200 денари се нешто друго.
Porodilnoto e vo ista visina kolku sto imas plata, samo 200-300 den. pomalku ( ne znam zosto) A ako si na boleduvanje bez razlika kakvo posle eden mesec zemas 70% od visina na platata. Ova go pisuvam od licno iskustvo
Super ako porodiln oto e 100 procent, bez razlika na boleduvanjata, zosto jas od sto moram sedam doma, ne od kef.
Не знам... Ај да не се докажувам ондак. Може е така. Не сфаќам за што би скратиле 200 ден. Инаку да у право си. Тогаш би испаднала платата 100% ( мада еве имаше женски кажуваа не биле ни на боледување а платата скратена била по 500 ден.)
@kukla21 точно е дека исплаќаат комисиско после околу два месеци, ама најголема улога игра ажурноста на тие во сметководството кога ќе ги поднесат документите во фондот. Претежно тоа го обавуваат кога се прават пресметките за плата, што значи ти можеби си 3 недели на боледување а документите не ти се пуштени во фонд. Јас сум чекала 3-4 месеци баш од овие причини- пушти им документ тие изгуби го, па чекај др плата Боледувањето во првите три месеци е 7 дена од матичен,7 дена од специјалист, после тоа мора конзилијарно од тројца доктори и максимум што даваат е 60 дена. После три месеци си се продолжува само со извештај од специјалист од месец за месец- можам дипломска да бранам на темава.
@kukla21 Јас од 15 декември сум на боледување под фондот. За тие 15 дена пари добив на 30 јануари, а за јануари ми префрлија денес. Прво треба да ти стигне решение во кое пишува колку ќе ти биде боледувањето (70%од плата) а потоа околу 10 дена после решението префрлаат пари. Така беше кај мене. Ако те интересира уште нешто слободно пиши.
Изгледа не ме прочита. Имало некаква врска со работните саати што ги пресметувале од фондот, за разлика од фиксната преку работодавачот. (Во фондот калкулирале работни денови и саати и тука се поместувала математиката за тие ситни пари). Барем така прочитав некаде. Мислам дека и ова држи вода. И дај божа да е вака.