ајде со срека...јас сум утре на пункција...како помина ти...болна ли е постапката...дај боже да галиме мешко следните 9 месеци
@Valentina888 дај боже да се оплодат што повеќе ембриончиња и да си седат кај мама во меше уште 9 месеци
Ајде ,ајде нема ништо болно за бебе. Само убави и ведри мисли и се што е наше ќе си дојде... Лелеее април има да "фрче" од трудници... Ќе се пие на велико!!!
Мила ви посакувам сите овде да стигнете до позитивен резултат и да имате добра и здрава бременост❤❤❤ Ве влечам за носе☺
клексан примав заради хетерозигтна мутација на мтхфр генот.ако примаш неколку клексани не е проблем ама јас примав цела бременост бидејќи и димерите ми беа многу високи цело време
Мене како што ми објасни имунологот, секогаш кога има мутација на гени. Мутациите предизвикуваат несоодветна абсорпција на витамините Б12, Б6 и фолната. Колку е повисок хомоцистеинот, толку е полошо бидејќи нема правилна реакција со овие витамини. Затоа и како „терапија“ при мутација даваат поголеми дози витамини Б6, Б12 и метилираната фолна. Хомоцистеинот е само индикација колку е нарушувањето. Мене ми беше малку под горната граница и докторот го толкуваше како - гледаш дека тежнее да се зголемува. Е сега, ова може да влијае не само на бременост, на кардио-васуларни болести и сл. Ама да не се плашиме до толку
јас не можев да јадам уште од 6 месец.не можам и сега едвај со инекции секој ден.најверојатно го надразнува ако примаш секој ден како мене.
Нели викаат ако пиеш го оптеретуваш желудникот, а овие се боцкаат субкутано. Баш ќе се распрашам. Јас мака имам од аспиринот, тоа сум приметила. Овие ги рачунав за безболни во тој поглед.
Тоа е anti-mullerian хормон кој што дава информација за резервите на ј. клетки во јајниците. При ниско АМХ реакцијата на стимулации е мала, односно се добиваат малку ј. клетки (2-3), па дури и една (како при природен циклус).