Вака бевме во најдобрата клиника во јужна Германија на консултации,кога ја прашав лекарката за седење со дигнати нозе после ИВФ,слатко се изнасмеа.Туширање може само не со топла вода долго време на стомак.Цена на проверка на АМХ е 49 евра,во Хемолаб 4200 само за споредба
Аман со тие викенди и одмори. Тешки до тоа да беше.... Место да се бараат причините и да се реши проблемот....Значи не бевте задоволни од Поповиќ? Јас одам кај него и засега ми е ОК, но сакам да слушнам и од други искуство.
Ти ја испраќам целата среќа на овој свет.Јас да останев бремена кај него он ќе беше Бог за мене,сама најубаво да си процениш.Изиритирана сум од тоа што само д-р Тимчевска и д-р Лазаревски ми рекоа дека имам задебелување од 3мм.Петановски 2 години не го примети после незнам колку прегледи,Поповиќ исто,а ниту пак Панчевски на ХСГ..незнам веќе кај нозе не раширив....со Арниса на своја рака закажавме кариотип и микроделеција...и секако Лазаревски инсистираше пред да почнеме со второво ИВФ.
Навистина ми е жал низ што се си поминала...Обично кариотип излегува ОК, не би требало да има проблем со хромозомите, затоа нема многу да помогне, но добро е да се направи. Немам слушнато за микроделеција. Што е тоа? Каде се прави? Или 4600 ден во Авицена.
Браво за анкетата а јас направив и статистика на форумов. Според форумов помалце од една третина од девојките имале првa успешнa ivf. Мал дел имале успешна ivf после повеќе обиди (просек 3) а многу е поголем бројот на оние кои не се пофалиле со успешна ivf. Поточно две третини не напишале одговор (или уште се обидуваат или се откажале или не напишале тука дека имале успешна ivf). Секоја која имала повеке ivf а напишала нешто на темава убаво е кога ке дојде до позитивен резултат да напише каде,како успеала, зошто позитивниот резултат после многу неуспешни ivf e голема надеж за оние кои се уште се борат. Иначе јас имам до сега 3 неуспешни ivf.
Во Ману институт единствено таму се испитува,тоа е за машки стерилитет.Ок ни се резултатите,ама од машки на крај и женски фактор ќе се појави.хахаа...ама у државава се така функционира.Иритира фактот што сум навистина упорна и се ќе направам како секоја од Вас,ама мотајќи се по болничките лавиринти отидоа нервите.
Од аспирин може да се појават проблеми со желудник, затоа не се земаат на празен стомак, тоа ми го потенцира и трансфузиологот. Јас клексани примав седум месеци ама немав проблеми. Може требаше и до крај на бременост зишто во девети месец имав одлепување на постелката заради зрелост.
Може ли мислење за Др Тања New born... Или воопшто за New Born... Бил ли некој таму ?.. Имате ли искуство ? А зошто се прави кариотип... Ние имаме фактор машки стерилитет... Кога се прават испитувањате, пред која процедура. Да знам да си закажам порано
Докторите често велат да се оди на одмор, за да се опуштиме, психата да ја растеретиме. Порано ги праќале на бања да одат Стресот е реален проблем на денешницата. Некогаш премногу се потенцира (посебно кога нема одговор на многу прашања), па ние сме скептични. Многу парови кои се бореле со стерилитет, после добиено дете при ИВФ постапка или посвојување, добиле свое дете природно, наспроти се. Тоа е, мора малку опуштање.
Точно така! Имам жив пример, моја пријателка која заради машки стерилитет завршија на ивф. Добија ќерка. Сега имаат уште една која се зачна природно и коментарот на докторот беше "се реактивираше организмот на мажот". Девојчињата се 15 месеци разлика Да даде Господ и кај сите нас чудо да се случи
e bas ke go pobaram mene prvoto invintro mi bese kaj popovik dobar doktor e samo nema vreme da se posveti na sekoj toa e moe mislenje sega da bi pocnela od pocetok bi go izbrala doktor vladimir enee
Опуштање да, но Опуштање да, но доколку се е во ред со двајцата. Ако има некој проблем, еве на пр. непроодни канали, тогаш џабе е опуштање. Значи, сепак треба да се открие проблемот и тоа е работа на докторот (затоа одиме по болници).
Охххх бе срц....На мене па колку не ми е до шетање. Ни до работа не ми е... И мене друго ми фали, ама тоа е,ќе се пробува секој можен начин. Одлучив!!! До нова година не одам на никаков доктор,дури ни на забар,колку и да е морално.Преку глава ми дојде се. Ќе си шетам,па како Господ,никој не е
И јас многу шетав низ цел свет и целосно го разбирам чувство "друго ми фали". Ќе дојде и другото ќе видиш, сигурно
@Dusica24mkd, моето искуство со д-р Танја-одлично. Треба да појдеш, да видиш како тебе ќе ти одговара и таа и други гимеколози, па ке си одлучиш.