Абе кажав ја убаво си тегна месецов дај Боже секој нареден да е таков! Честитки @spirkovski и @pile30 галите мешиња и уживајте на сонцето!
Терапија имам слична како и после пункција,а совет колку што можам повеке да легам ама да не претерувам
а да ве прашам после пункцијата мене уште м боли дтомакот...посебно кога се движам мислам ке ми падне матката...а и кога мокрам кога напнувсм имам болка...исто и градите неможам да ги допрам ужасно ме болат..незнаѓ дали е нормално ..
Леле бе. Едвај стигнав да ве читнам, ама овс денес многу убави вести. гали мешко па сите се читаме во труднички. Одмарај неколку дена , апосле ако се осеќаш спремно кратки прошетки на сонце. Јас си прошетував пред тест зошто инаку последните денови ептен тешко поминуваа. Во секој случај ќе си го слушаш организмот, дам ќе си каже.
Да пиеш многу течности и исо спорт, јас кога мокрев и по трансфер имав како притисок доле првите денови, а градите болат од хормони со лесно, кога трансфер? Супер, со среќа и со лесно
Пиј многу изо тоник или изо спорт да мокриш многу и јас имав многу болки не му се сеќирај ке се смират јајниците и ќе поминат болките
Конечно ги собрав сите потребни документи за ИФВ електронски поднесов барање со матичен е сега во ФЗО освен документација од испитувања дали се потребни и некои други документи да се достават.Се надевам дека ке биде позитивен одговор...
Ви Благодарам на ситеее Господ е голем сите ќе не израдува ќе не дарува со дечиња.Од се срце да дочекате сите ваква среќа сите сто сме тука да ја продолжиме дружбата во труднички и сите да се истребиме од овде
@spirkovski @pile30 честитки Ја очекуваме вашата успешна приказна со детали кај кој доктор бевте, со која терапија ви ја препиша и слично. И најбитното со што проблем бевте.
Мислам дека сеуште се потребни оние формуларите што ги има на страната на ФЗОМ, Барање, Предлог и Изјава и извод од матична книга на венчани. Овде можеш да најдеш се што е поврзано со ин витро постапката. http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=FF6D283DF0CEC141B8F526F9BE49D064