Еве ја мојата приказна: Стерилитет машки фактор (олигоастенозооспермија) јас со висок пролактин. Прворо ивф (неуспешно) лани во Ремедика, извадени 20 јк, од нив 7 оплодени, 3 успешни од кои 2 со резерва ми ги вратија сите 3 на трет ден и ми го прекинаа бромергонот (добар бил пролактинот) што не смееле да го направат. Второ ивф во Њу Борн, 13 јк од кои 7 оплодени со квалитет C8 G1, 2 вратени 5 замрзнавме. Првите 4 дена лежев, најчесто на тераса и си читав книга, викендот отидовме на викендица во природа на сонце и супер ми беше (и таму си лежев). Овој пат имав многу убаво чувство и многу бев позитивна, многу се молев на мајка Богородица Од храна избегнував тестенини, благо и газирано, јадев по пола авокадо со лимон првите денови и лигњи, така прочитав било добро за имплантација и ете бидна. @ocicka2014 ако имаш прашање слободно пиши ми
Уживајте сега и без многу замарање, не се премногу оптеретувај со легањето.....само уживај и позитивна мисла ... Имајте убава бременост и уживајте во моментот.
@kukla21 задоцнети честитки за бременоста, се израдував од срце. Честитки и на сите други нови трудници, имајте убава и лесна бременост сите.
Честитки и до мене до сите трудници. Ana2015 и јас имам водени цисти од време на време заради полицистични јајници. Мене ми прават проблем со циклусот. Обично ми го продолжуваат прилично. Ама се средува не е ништо страшно. Кога ќе пукнат се враќа се на старо. Јас ги средив горе долу пред ИВФ со метформин и со Ovarian Drilling (лапароскопски се прави ова).
mene mi dadoa dobraston da pijam 10 dena inaku i jas se spremam za laparoskopija ali ova so ciklusot nikogas mi se nema deseno site simptomi a dve nedeli mi docni i odma crni misli mi doagaat
Фала ти мила, сакав да се консултирам за кога да идам на преглед после хистероскопијата, бидејќи сеуште немам добиено, па да издоговориме што понатаму. kukla21 заборавив да ти честитам, со лесно мила и само убавини. Доказ си дека упорните успеваат
ми се јавија денеска од 4те јајце клетки оплодена е само една исто како минатиот пат.Малкѕ се разоцарав се надевав барем дека 2 ке има посигурно ке се цувствував ама ајде тоа е да се надеваме дека тоа едно е среката.а и малку цудно ми бесе со ми рекоја дека трансферот ке биде во цетврток а тоа е 4 ден нели треба на 3ти или 5ти ден?
Со лесно, едно ама вредно На 4ти ден од пункција ли сметаш?? Не ретко ги оплодуваат наредниот ден па на 3ти ќе дојде, ама и да е на 4ти без грижи не е дека се прави пресек 3ти или 5ти зависи од ембрионите Среќно!
Едно ама вредно јуначеееее не се обесхрабрувај и не губи надеж речи си ова ќе биде јуначе мајкино и главата горе ... Имам другарка која на 2 ден од пункција и го вратија ембриончето и со првото дете и со второто исто па ете живи здрави синчиња има.Ајде да си го земеш бебишко и домче на уживање
Само позитивно гледај на работите,баш сега и не ти треба нервоза. Едно ама вредно. Ти посакувам многу среќа и со лесно и брзо да ти поминат овие најтешки и најдолги 2 недели, па да не радуваш и ти со позитивен тест