Честитки и на сите нови трудници, имајте убава и лесна бременост, Денеска за роденден доби и убава вест како подарок ми одобриа 3 ваучер,само многу се плашам дали овој пат ке биде или не и каде да одам овој пат. Поздрав, и дојдете на торта
Овој пат мора да биде.Консултирај се до повеќе доктори и одбери го тој што ќе ти влее најмногу доверба, што ке ти го разбере проблемот и што ке ти објасни се што те интересира. Со среќа и среќен роденден
Фала многу не знам дали во Њу Борн или Ремедика ама мислам ке чекам еднаш не сум подготвена да почнам со постапката.
@NNA најсреќен нека е, наредниот со бебчиња во рака да го дочекаш За бирање на доктор појди и таму и таму, соберете впечатоци и одлучете. Трета среќа
Леле колку надеж даваат ваквите постови! И ние се бориме со олигоастеноозоспермија, и по првото неуспешно ИВФ во Ремедика ми викаат епа ако не оди вака тогаш со донор... божеее како на пазар! Нормално избегав од таму. Ете надеж како ми даваш мила моја! Браво и честитки уште еднаш!
А зошто не одиш кај истиот доктор? Тој те познава најдобро, го знае проблемот и претходниот протокол, па ќе предложи нешто ново. И, позитивно, немој да се мислиш дали ќе успее.... овој пат оди на сигурно!
Мила, знам правеше хистероскопија, ти се среди ли циклусот. Јас уште пијам циклопрогинова, а аспиринот си го исклучива сама. Мислам дека можам да го продолжам, бидејќи немам веќе крварење после хистероскопијата?!
Среќен родендеееен да ми ти се исполни најголемата желбааааа и овој ваучер ќе ти донесе трета среќа немој само негативни мисли викај си морам да успеам и крај
Најчесто менуваме доктор кога не сме задоволни од истиот, немаме доволно внимание, посветеност и не бутка на лента колку да поминеме, а не бидејќи инф е неуспешно. А за раскажување на историјата ех ако сака да посвети внимание ништо нема да се испушти и ќе препраша и ќе прочита по извештаите, а пак околу стимулациите се е шема..
А зошто со донор каков е поточно резултатот на спермограмот (мислам изразено во броеви)? Не е азоспермија, освен ако и морфологијата е многу лоша. Ние сме со тежок машки фактор и успешно инвитро
Нашиот проблем е исто машки стерилитет со дијагноза олигоастенотератозооспермија па имам успешно инвитро. Доколку имате за икси метода, не ви е потребен донатор. Дури и во случај на отсутност на сперматозоиди во семената течност,се препорачува биопсија на тестиси и доколку и тогаш не се најдат живи сперматозоиди е тогаш треба со донатор. Се додека имаме живи сперматозоиди сите ќе си се надеваме дека ке успееме.
Ајде само позитивно и се ќе биде во ред. Опушти се малку, прошетај овие неколку дена и од четврток ќе си го земеш ембриончето и ќе си го чуваш 9 месеци Среќен роденден и нека овој овој роденденски подарок ти донесе најголема среќа, и близначиња да гушакш за наредниот.
денес ми јавија дека засега добро растат 5 ембриони се валјда трети ден им е денес...и ми рекоа ако се е во ред до четцеток ако повеке од две стигнат до бластоцисти дали ке сакаме да замрзнеме...во органџиски е 20000 за првата година , а после 6000 секоја наредна,,, а за ембрио трансфер ако дојде до тоа со замрзнати 17000... ваше искуство и совет...дали да замрзнеме...инаку прво ин витро ми е...и ако не дај боже е неуспешнонсали ке може веднаш наредниот месец са се направи ембриотрансфер или се чека одреден период
Јас мислам дека докторите не не памтат лично, си ја читаат историјата, и така знаат. А секој доктор ако има претходна историја ќе ја чита, ќе прашува, ќе донесе одлука. Спред мене нема нестручен доктор, сите се стручни, ама битно е ти во кого ќе имаш најмногу доверба, со кого најслободно ќе комуницираш и ќе го следиш во советите што ќе ти ги дава без никакв сомнеж. Ете тоа е мое лично мислење.
Каков донор, Трајковски вика и еден спермазороид да има ке има бебе многу е битно докторот да се интересира за случајот и да ти влее доверба, сега има икси метода и тоа "малку" е доволно за оплодување. Мм имаше 10 % подвижни а другите викаше се ќорци откако испи една доза антибиотик и 2 месеци проксид прашак станаа 60% . Ти посакувам следниот пат да успееш и лошото искуство да го заборавиш брзо
За ембриотрансвер може и одма наредниот месец, секако треба докторот да процени дали е погодно или преку еден евентуално да се направи. Ама тебе нема да ти треба информацијава бидејќи ова сега ќе биде успешно
Доколку ембриончињата стигнат до бластоцисти и доколку си финансиски моќна, без размислување да си замрзнете. Дај боже сега да не радуваш со висока бета,па со замрзнатите ембриончиња да си имате и второ детенце. Како што објасна @kukla21 погоре, трансверот со замрзнати ембриончиња во споредба со класичната терапија е многу полесен и побезболен. А за трансфер со замрзнати,мислам дека докторот е тој што одлучува кога е најдобро да се направи трансверот. Ти посакувам успех и среќа да те прати цело време