Ако си во можност замрзни. Јас бев пишман затоа што првото инвитро не замрзнав. Ама така размислував и некако ми беше тоа ептен вештачки демек кај од замрзнати бебе Една позитивна работа е тоа што ако не бидне на прва не дај боже, секој нареден месец имаш шанса за нов трансфер - постапката едноставна без инекции пункции и се е побрзо. Друга позитивна работа е тоа што после успешно ивф не треба да чекаш 18 месеци за второ дете. Како и да е срекно!
Спермограмот е со под 1милион олигоастеноозоспермија, морфологија немаме затоа што е под 1мил. Имаме само подвижни 70% и неподвижни 30%
Девојки, како изгледа уствари ваучер? Ми стаса лист како со известување дека е одобрено. Сега што треба да направам да се јавам дека го прифаќам или што? Прашањето ми е дали треба негде да реагирам да не сум врзана со некој рок па да ми го поништат ако ме нема? Прашувам бидејќи несакам уште сега да одам по тие врати, сакам да помине некој месец и дали може да отидам кај матичната на пример по 2-3 месеци од известувањето да ми даде упат за кај некој лекар. Уствари сега ништо не ми е јасно што треба да правам ако знае некој да ми помогне
Супер, тоа е тоа, ваучерот трае 6 месеци а кога ќе одлучиш да го искористиш одиш кај матичен да земеш упат за клиниката кај што ќе правиш и тоа е тоа со среќа.
Исто беше и кај нас. На сите спермограми бројот беше под милион. Еднаш 300 000 а максимум 900 000, а подвижност само 11% (на последниот спермограм успеавме да ја качиме подвижноста на 40% но бројот не мрдна) Бидејќи бројот е под милион, а така беше на сите проверки никаде не ја проверија морфологијата и инвитрото беше на слепо во тој поглед. Не знаевме што материјал ќе извадат. Кога ми се јави ембриологот по пункцијата ми кажа дека и морфологијата била многу лоша но за среќа имало мал број со нормална форма што успеале да извлечат. Секако оплодување беше со икси. Има надеж не се грижи ќе биде и кај вас само малку трпение
А каде и кај кој доктор правеше ти? Јас од ремедика се префрлив кај Лазаревски во Систина и сега во јуни таму ќе правам иначе мм дега е на фостимон и прегнил веќе два месеца па ќе видиме дали ќе има подобрување, вие зимавте хормонска терапија?
ЛИПАМ! Ова автобиографска моја Се надевам нема да имам ваков крај Секогаш кога го гледам неможам да не заплачам, а го знам крајот ....
Кај Петановски во Ремедика. Не примаше хормонска само витаминска. Реална да бидам не пробуваме многу да го поправиме спермограмот, вреднаш се решивме за инвитро. Тоа беше и сугестија на сите доктори. Можеби ако бевме поупорни ќе го подобревме резултатот за нијанса но немаше да биде ништо спектакуларно. Тоа ни го кажа и ембриологот, затоа одлучивме да не губиме време.
Фала душо дај боже да усрее кај мене и кај сите нас. Не одам кај ист доктор затоа што на првото ивф бев во Гак а за вториот пат бев кај Таше ке одев пак во Гак ама немат услови а Тофофски е супер. Поздрав Фала дај боже така да биде, ке одмарам уште еден месец после ке појдам.
Па вчера го пиев последното апче циклопрогинова сега не знам кога ке добијам, требаше пред два дена да добијам ама уште не. И јас сама го исклучив аспиринот и уште не го пијам да добијам циклус па после ке почнам пак со аспиринот. Тебе колку ти доцнеше циклусот од циклопрогиновата. Поздрав Фала душо, дај Боже да биде кај сите нас. Овие негативни мисли никако не можам да ги тргнам затоа ке паузирам уште еден месец Фала многу.
Женчињаааа дали знаете или сте користеле Пролутех во делот кај спојлерите сто би рекле зошто почнуваат да ми прават повторна алергија сега за сега не е страсно ко прошлиот пат но дека ги ставам во рака зш во стомак овој пат првите 3 инекции одма ми направија алергија а во стомак боцкам Клексан...Уф...а денес мм ги купи...Незнам дали да пробам мускулно? Што ќе ме посоветувате?
И јас од ова се плашам највеке ,се надевам дека ова нема да биде мојата судбина у свари ничиа судбина.
Немојте да гледате тажни видеа а најмалку да се споредувате со нив, знам не е лесно но гледајте малку по позитивно на работите, споредувајте се со среќни приказни и ке се случат психата е многу чудна работа, верувајте во чуда
Да мила, тоа ти е ваучерот,никаде не треба да се јавуваш. Чувај го, со него и со упат од матичниот гинеколог ќе си отидеш кај докторот што ти ќе го одбереш за да започнеш со постспката.Ваучерот ти важи 6 месеци, по истекот на тие 6 месеци треба се одново да правиш и пак да аплицираш за истиот, бидејќи тој ќе се рачуна како неискористен. Кога ќе се почувствуваш спремна, тогап започниси со постапката. Со среќа
Јас сум после тебе мислам, имам уште од циклопрогиновата. Но на ГАК ми кажаа после последното апче, во рок од 7 дена треба да добијам. Така да имаш уште фора . А отпусната ја зема ли? незнам дали им се готови?!