Девојки, знам дека дискутиравме за циклопрогинова ( во рок од 7 дена треба да се добие циклус по завршување на последната таблета), па ме интересира од ваше искуство после колку време добивте цклус?!
Треба значи следна недела да добијам, а сакам да испитам хормони, но како што фаќаат празници незнам дали ќе можам, нема да сум во градот.бљак.
Мене различно.Последниов пат,еден ден после последното апче.Најмногу дена беше после скречингот,значи после десет дена.Инаку обично од ден два до четири дена после последното апче.
Без аспирин ке биде.Барем за тоа и Јани и Трајковски се слагаат.Индикации псвен хомозигот на мтхфр и хетеро на некои други немам.Никогаш сум немала високи дд мери или проблем со хемостаза.
Заврши мојата пункција извадија 6 јк.ми дадоа терапија пролутекс од денес апчиња вибрамицин 3 дена , бускопан , утрогестан 3 пати на ден , од утре и фраксипарин во рака и така сега ке чекам да ми јават дали се оплодиле колку како што
Со среќа мила да се оплодат сите 6 јк,да се развиваат како што треба и да си седат кај мама во меше до крај
А да го препрашаш Јани да не се збунил нешто?? Или друго на што ми текна, килажата, да не си 80+ ако си затоа ти ги дал, он рачуна на 40кг по 1 Клексан.. Сепак чудно ми е бидејќи викаш никогаш проблем си немала, значи ги примаш превентивно..
Ајде сега нека има убави ембриончиња за враќање кај мама во меше. Инаку кај мене и двата пати веќе наредниот ден се јавуваа со првичен извештај за статусот, колку се оплодени и како се развиваат.
А зошто без аспирин? Не сум во тек со случајот.... генерално, аспирин се дава за циркулација? без разлика дали е се ок? Јас испитав д-димери и хемостаза во градска болница, но воопшто не сум задоволна од докторката..никаков однос. Не ни сакаше да даде консултација, се пишувало во наодот и ме упати на гинеколог, тој да ги толкува резултатите....малку ме буни тоа што повеќето кажуваат дека трансфузиологот дава терапија. Моето искуство не беше такво.
Odlicnoooo super brojka site da se oplodat i nazad vo meshko kaj mamaaaaa odmaraj si i cekaj gi ubavite vesti za junacinjata tvoi
174см висока,64 кг.Го препрашав викам нели е многу,и Трајковски се слушна со него му вика многу е,он е убеден оти не било многу.Од понеделник је видам негде ке отидам на второ мислење.Ако треба и на приватно ке отидам кај некој.