Па незнам јас бев толку збунета кога ми кажа мора ин витро под итно дојди на 21 ден од менс. и сиг ќе направам некои испитувања и со терапии ќе почнам незнам, јас само прашав за колку време ќе завршиме со инвитрото ми рече до кај 15 мај. А немам ниту едно испитување за мене направено ниту хормони ниту ништо. Затоа сум уште повеќе збунета и незнам што уствари ќе правиме на 21 ден. И двајцата имаме 26 години досега никави здравствени проблеми и сега наеднаш кога ми кажа незнаев ни што да прашам туку едноставно што мора да се направи ми закажаа за во среда термин.[/QUOTE] Добронамерен совет (бидејќи и јас избрзав како тебе) размислете си, информирајте се (побарајте второ мислење), па потоа започнете. Целата ивф процедура трае околу 40тина дена. Пробајте си и преку фонд бидејќи исполнувате услови. Со лесно да ви е и ви посакувам успешност од прва! Исто и ние брзо брзо на приватно, 3500еур не чинеше и празни раце. Не сакам да демотивирам никого само да посочам добро да се размисли бидејќи парите требаат и за покасно
Не е проблемот приватно/државно. Кај нејзе колку што гледам нема ништо направено од основните испитувања. Што ако хормоните и се пореметени или има некоја бактерија што треба да се третира. Јас пак ќе кажам, а фала им и на докторите што ни на инсеминација не ме пуштија без испитувања, а камо ли ин витро.
Зисовска ми предаваше , жена на место.Барем како професор. Ама Таше ми има фаца на далавера бој, не знам зошто. Ама ете на тоа ми личи!
Гледав вчера на тв.Си викав да видов колку е за признание за понашањето и љубезноста.Ке ме истепаше сестрата,ни ред се знаеше кој кога да влезе и ништо.Еден саат чекавме за ништо да не добиеме.
И те како не личи. Јас стварно им се восхитувам на жените кои имаат доверба во вакво човече. Забезекната сум скрос од него
Мене тогаш кога јас правев ивф докторот ке ме истепаше како само ми се дереше зошто не реагирам на терапијата како јас да бев виновна.Зошто не реагираш добро млада си ,знаеш дека ти ја дадов максималната доза ;а јас шокиеана го гледам и не можам ништо са изустам прво ивф исплашена од се бидејки се ти е непознато второ нешто не оди како треба и најбитното докторот урла вика на тебе инфаркт ке добиев.Штом излеговме почнав да се тресам липтам и ненормално да плачам.А и маж ми незнаеше што да прави и он сиромав беше во шок.Дека има и успех има ама однос никаков барем спрема мене односот му веше никаков.
Може друг однос има со некои. Штознам?! Може тука сме се собрале "специјални", па сме стандардната дивијација на нормалното
најверојатно ќе кажам нешто што е неспорно бидејќи го знам, дека има знаење и успешност да, ама однесување нема. Ако сака ќе сработи, ама најчесто повеќе ги сака паричките. Ем со препорака отидовме, ем убаво не сработи. Ништо нема да кажам за дотичниот, ама некој од горе гледа се! За сите нас што имаме мака ќе се најде докторот што ќе ни ја исполни желбата
Прееска ве читам за тој др. Таше (за кој не ни знаев дека постои пред да се зачленам на форумов) и си викам де бре што човек ќе беше, и сакав да го изгуглам чисто да видам што фаца е ама излегов. Сега се враќам и го гледам видеово постирано Значи какви ликови стануваат `успешни' да се чудиш. Покрај толку голем избор на екстра доктори не би ми бил ни последен избор.
Оставете го чоекот нека не му жежат уши доцна во ноќта.. И јас сум била само 2 пати во животот кај него, првиот пат изгледа му беа сите на број абе душа човек беше. Ама вториот пат ме подбра убаво... Со муабетот : Ти не си за кај мене, немаш проблематика.. ќе останиш бремена ако нее е така јас ја затворам болницата... Кревок беше изгледа дека се знаеме Затоа си се префрлив кај колегата негов.. Не е мој тип, нема никаков однос. Ве поддржувам.
Добра вечер ..ми се јавија денес од њу борн .има 4 оплодени јк во понеделник трансфер во 11 час .ми кажаа лесна храна сабајлето ,да се напијам 2 апчиња бускопан , пролутекс инекција да си земам таму ќе ме боцкале ама не прашав аспирин дали да пијам во понеделник сабајле
Во мојот крај има многу успешни приказни од кај овој лик.Има и такви кои и после неуспешно ивф викат дека не би го смениле ни за 100 други . Јас од пуста "радозналост" отидов и до кај него. Не знам,не знам навистина како да го опишам моето чувство дури седев карши него. Знам само дека карши мене сигурно не седеше доктор специјалист!!
hahaha jas najubavo pominav kaj doticniot samo ne mi se pisuvada ne zvucam negativno ne daj boze nesto da trgne naopaku on odma treska tel
Не велам дека нема успешни приказни кај него, само дека не би бил мој личен избор во ниту еден случај. Поготово заради фактот што има многу конкуренција и навистина добри доктори во секој контекст, и стручност и етика. Да е единствен разбирам но вака... Секако ова е мое лично видување, очигледно има и многу такви што го бираат и им посакувам успех