Аааа, ќе се карам, како така нервоза.... И мене никој не ме знаеше дека правевме ивф, на никој не кажавме со мм. Дури и по позитивен тест по 3,5 месеци на моите кажав, а останатите на почеток на 6ти месец (не се познаваше многу). Нека биде се во ред, па ке се радувате, а на другите ќе им кажеш кога ќе сакаш да си споделиш.
Ајде да се потврдам со тие што правеле ивф на приватно во систина,од документи ова ви го бараа или уе нешто: брисеви, пап, хив, хепатит б и ц за двајцата и спермокултура?! Не можам да ја добијам сестрата изгледа во гужва е
Девојко....ова како јас да го напишав истото. Да не имаме иста свекрва Мојата од првиот ден на свадбата на наздравувањето ,,и за крштевки да идеме,, им кажа на сите сватови дека сум стара и дека баба не раѓа деца, сега на 40 таа ќе раѓа, неспособна е и за да посвои...... ох, дали може ова човек да го изговори, посебно мајка.....мм само ведни глава. Ееееј колку е болно тоа, веднаш кажа и дека не сака да им влезам во куќа и тн...мизерии. Никој не смее да и преречи нешто, со поглед ги убива,..... Но Господ Бог е голем и гледа се, нека не радува нас, а со незе Бог нека си одлучи што треба, не е наше да судиме.
Се ресетирав и сега сум СУПЕР,а како да бидам со вакви женчиња hug: Сега следува гледање на ЛЗН,само тоа може да ме насмее
Но, јас сум долгогодишен пациент кај нив, само што до сега одев преку фзом, ми нема логика спермограм и 4д од кај нив. Ми нема логика ова, дури до сега докторот во систина ми викаше напрај си испитувања каде сакаш, да не се трошиш кај нас,...што е многу фер од нивна страна.
Да сите други документи ми ги прифатија,само спермограм и спермокултура и 4Д од кај нив,а ехо на јајници ми рече да ми направи матичната.Тогаш првпат бев не бев нивен пациент.
Си има можда некои размислувања самата докторка, што немаат логика нели? По логиката на нештата зошто ќе ти бара ехо, кога на преглед она те гледа кај неа, затоа си отишла кај неа?!
И јас со години одам во Систина и имам искуство како @brm_brm. Дури сами ми викале што може на државно. Последно имавме спермограм од институт, а култура од авицена.
Можеби докторката имала таков пристап. Јас кај Лазаревски од тој аспект супер поминував, ептен шпараџиски. А сега кај Ивановски исто така од тој аспект за испитувања, но за таа цел витаминската терапија 3000,00 месечно
Добро, мојата е пре-концептуална: овунорм (замена за Q10, мака и витамин Е), аспирин, б комплекс, фолан и витамин Д.
б комплекс земам на хелт еид 1000 денари вит Д на др Волц и тие толку горе-доле, метилиранава фолна 20 еур.
Жал ми е што имаме вакви свекрви ама ме радува што имаме добри мажи а тоа е најбитно .Мило ми е за тебе зошто прочитав во претходните постови дека веќе си бремена .Ете Господ е голем се надевам ке има милост и за мене и мене ке ме израдува со бебуле.
А јас и сум хетерозигот на мтхр, а примам само фемибион (има 200 микрограми метилирана) и фолан, за метилирана не ми спомна. Баш на следно видување ќе го прашам.
И јас сум кај Адамоска и за се ме упатува сама на државно, но конкретно за спермограмот и нас ни бараше еден од кај нив и нивниот резултат беше многу поразличен од оној што го имавме од Инстититут за хистологија. Може за некои дијагнози бараат и од кај нив, незнам.....