Да пријавам ..мојот трансфер заврши ...ми вратија 2 ембриони . Сега ке одмарам и малку ке ја избегнувам темава ...одвреме навреме ке ве читнам и ако има нешто ке ве прашам ..поздрав до сите ..*
@Valentina888 , @delvi, @@malena@, @Nadja_22 Ве гушкам најсилно. Опуштете се малку, користете го сончевово време и убавите празници кои доаѓаат. Знам дека е тешко, сите сме ги прошле овие особено тешки две недели. Кажете си тука, ако немате каде на друго место. И јас се би дала да и немав кажано на мајка ми првиот пат кога беше неуспешно. Нејзините солзи што ги скри од мене, повеќе ме болеа од негативниот тест. Верувајте дека сите ќе бидеме мајки. Сите ќе дочекаме здрави прави бебиња кои ќе ги сакаме најмногу на цел свет. И не барајте и не се оптеретувајте со симптоми. Јас симптоми изразени немав, и сеуште ги немам освен што имам меше. Се надевам до крај ќе биде така Да се надоврзам дека и јас кога одев во систина за инсеминации и првото ин витро никогаш не ми побарале ниедно испитување дека мора да е кај нив. Ме чуди ова и мене. @facule со лесно да ти пролетаат овие две недели. гали мешко и за две недели да се радуваш на висока бета.
Леле од ова СЕ ФАТИ ЛИ, косата ми се крева кога ќе го слушнам. Ми иде да им речам да му се фатиш на мандалото на мм Божем дрвце се сади па СЕ ФАТИ ЛИ?
Ај да прашам нешто. Одлучив да си пуштам документи во фонд за ваучер утре. За секој случај ако не фати месецов ,евентуално следниот. 1. Е сега јас немам инсеминации,имам само едно неуспешно ивф на приватно во ноември. Да го поднесам тоа???? 2. Дали да го поднесам АМХ кое ми е 0.57 ( некои велат дека со вакво амх даваат ваучер без инсеминаџии, некој па велат да не го давам. 3. Дали да ги пратам отпусните листи од 3-те ванматерични?! Некако осеќам дека нема да ми треба,ама да пробам да земам ваучер за секој случај
Дај боже да не ти треба!! Помисли за АМХ-то....и види убаво што пишува во условите за добивање ваучер. Колку што се сеќавам, за АМХ под 0.9 одобруваат за донирани клетки...,,или првиот ваучер со твои клетки, а другите два би биле со донирани.... јас не би го давала. Секако, поднеси се друго што имаш од документација.
Мислам да не го даваш. Побарај некој специјалист да ти пише мислење дека заради состојбата претходна се препорачува ивф.
Имам јас такви мислења и 4д (дури 4 ),дека ради годините и слабата оваријална резерба се препорачува ивф. Нели изминатиот месец ги посетив сите клиники. Имам од Ивановски,Трајковски,Димитров и Органџиски. Да им ги пратам сите?! . Мислев дека со "доказ" од амх ќе дадат полесно
Не бе. Ќе прашаш во ситуација со ниско амх каква е процедурата, се одобува ли, што документи треба? треба ли иуи и сл.
И јас мислам да не го даваш. А ако има потреба тие ако ти побараат тогаш ке им го дадеш. Иако за прво ивф преку фондот ке ти одобрат со твои а за второто може да ти одобрат со донирани. Мене за првиот обид ми одобрија со висок фсх ,амин не ми бараја.Но за вториот ми побараја амин и мене ми беше 0,16и ми одобрија ваучер со донирани јк. Но од друга страна кај тебе доаѓало до бременост па може ке ти ги одобрат и др два ваучери. Во секој случај не го давај освен ако тие ти го побараат.
нас ни побараа и брисеви од сопругот за кламидија, урео/микоплазма и бактерии, и за двајцата уринокултура. Но ние претходно имавме бактерии кои ги лечевме - можда затоа и ова ни го побараа... и крвна група за мене @Valentina888 ја имаш и мојата поддршка, биди храбра и позитивна ... еее ќе поминат деновиве ќе се радуваш најнмогу после ова Е па штом осеќаш дека нема да ти треба, не го ни барај ваучерот А другите хормони колку ти се? Фсх, Естрадиол, - мислам дека тие ги гледаат, а амх ако ти побараат. Веројатно е подобро да ти даде некој лекар изјава дека препорацува ИВФ како што ти пиша кукла Ама најубаво е да прашаш, јави им се, фини се објаснуваат...
Пишав погоре дека имам 4 препораки од 4 различни специјалисти дека треба ивф. Фсх ми е 5,9 А ќе си пробам за ваучер за секој случај.ваљда не е проблем
Немаш што да изгубиш. Само послушај ги. Јас немам искуство со амх, ама не би давала вишок од тоа што бараат. Пуштај документи, а во меѓувреме да ги зезнеш со позитивен тест.
ако фсх ти е 5,9 не го давај тоа амх, не го ни спомнувај. а штом имаш и препораки, ете спремно ти е све... ама можда нема да ти треба ништо од ова и се ќе биде во ред
Мене со две вонматерични и наод од хсг ми дадоа без инсеминации ваучер. Мислам дека ќе ти дадат без проблем. Имам и читано дека и со две вонматерични даваат ваучер. Среќно!