феминки малку офф топик....на лицето ми се појавинкако црбенило..не на цело лице туку делови и како суво да ми е на тие места о ме чеша...ова го приметивод кога почнав со постапката...се прашувам да не енекоја реакција од инекциите...дали на некоја од вас се случило такво нешто.незнам дали ке може да ги видите на сликата црвените точки..незнам со што да ги мачкам.. ..
На сликава баш ништо не се гледа. Обично во постапка ми се нафрлало лицето со брунчиња, бубулички, па и сувост и перутање како лишаи ми се појавувале, исто и на вратот и деколтето. Сум третирала со исто што и претходно тоник, млеко, маска за лице и минувало по некое време, од хормоните е
Здраво девојки планирам да имам бебенце ги направив сите прегледи ми рекоа дека све е во ред и ми препишаа апчиња ALKAVIT - фолна киселина 0.4 мг ме интересира дали се добри како делуваат ??
Здраво Адрија, во неколку наврати читав дека си бремена. Имаше пишано дека влагаш 17 недела, а на друго место прочитав дека 1 година никако неможеш да останеш,дали се има случесно нешто. Извини вака што те прашувам ама ме збуни
Значи си отидов таму на лице место, на 5-ти на шалтер и си закажав без проблем. Рекоа дека веќе не одоговарале на мобилен, не функционирале така, исклучиво на фиксните да ги бараме упорно. Очигледно тие од call центар поим немаат, пошто гарант се Outsourcing. Јас кога правев во New Born си носев 42000 денари (околу 700 евра), толку ми кажаа тогаш. За жал немаше што да се замрзне.
Тие на шалтер прашуват дали обичен спермограм или со дна... Ако го правиш заедно тогаш е 9000ден.. Добро си разбрала..
6 месеци ме водеа како бремена антибиотици погрешни ми давале и сега се тужам ... среќа што немам никаков проблем и можам да останам бремена
Офф бре душо, како е можно ова, каде? Значи кога ќе прочитам дека вакви работи се случуваат во 21 век, дека докторите појма немаат од работата што ја работат(за исклучоците, секоја им чест),ми иде сите, еден до еден да ги наредам, да земам еден стап и удри, мавај да посинат од болка. Малку ќе им е и тогаш, зашто нивната болка е неспоредлива со болката што ни ја нанесуваат на нас. Среќа што пак можеш да си останеш бремена, тоа е најбитно. Дај боже за брзо пак да си останеш бремена и внимавај кај кој доктор пак ќе си ја следиш бременоста.
@Valentina888 и @Nadja_22 мислам се први за пријавување на две цртки Нека ни е напомош Петок Велики Сигурно сте пишувале до сега,ама не сум обрнала внимание. Добро овие пролутексот многу ве болеа?!. Мене досега никаква инекција не ме е болела (а сум примала све и свашта до сега),ама овие ме изгореа поштено. Секој ден се повеќе и повеќе.Аууу
Јас пролутекс буквално не ги осеќав ама воошто не ме болеа. Освен што ми се правеше мало пликче по боцкање, ама за два часа исчезнуваше. Од сите инекции најмногу ме болеа пурегонот за стимулации. Легнував и снемував здив од нив ми се вртеше во глава. Мислев кај сите е исто ама читам различни искуства за сите се се издржува како и да е
Мене пролутекс воопшто не ме болат, за сега Види до иглите да не е... има едни што ги купив 26G 13mm, малку послеветло кафено се, е тие мислам дека беа тупави, искрено, неми влагаа во кожа, е тоа болеше, следниот ден купив други исто 26G 1/2“ 0,45 12мм со потемно кафено, и со нив ми е ОК. Иначе по правило треба игла од 27G, ама никаде не можам да најдам такви...