Мила трпение уште малку. Ако ептен сакаш да повториш во лабораторијата на ГАК работат 24/7. Само не знам дали резултатот им е со вредност или +/-. Почекај уште малку.
Јас лежев првите 3-4 дена после стварно не можев си шеткав по малку до продавница,по куќа и така. Вие немате симптоми,а јас од Понеделник имам повремени бодежи и од време на време кратки менструални болки. Имам и како некое пецкање и во половинатаМислам секој момент ке добијам. Ке поминат и овие неколку дена
јас ги пијам еве втора година со тоа што на годината правам месец два пауза првите две три паковања е можно се ова што го наброја ти тоа е така додека организмот се навикне на количеството хормони ,ке се среде не се секирај
Дај Боже!!! Мене само од гледање на иглата ме болеше и ми се вртеше ..........шала на страна, не ме болеа. Оставаа мало црвенило кое брзо поминува. И во недела на ГАК Стани и прошетај слободно. Пешачењето е добро за циркулација, но и за оттргнување на мислите. Јас од прв ден сум активна, на работа, патувања.......ако треба да биде, ќе биде
Браво така треба. Имаш позитивен резултат така? Сметам и јас дека непотребен стрес си правиме седејќи дома. Кај тебе како беше. Одма тргна на работа?
Јас пиев после пункција,а продолжив и после трансфер уште два дена. Пиев по две таблети. Денеска имаше трансфер?
Знае ли некој бр од трансфузиологија на клиника ?Да не одам во вторник за џабе до Ск ако не се готови резултатите,па вака да се јавам да прашам.
Сега ја најдов шемата. И јас после трансфер сум пиела 2*1 два дена. Со лесно овие две недели, да ти поминат брзо и да завршат успешно.
За жал, сеуште нема Оваа недела сум во исчекување. Овој пат тргнав одма на работа, од болница, директно на работа и се однесував најнормално. А работата ми е многу динамична, имам и многу патувања надвор. Решив овој пат да не му предизвикувам стрес на телото, да не му ги менувам навиките, како претходните неколу пати кога седев дома, особено првиот пат (цели 2 недели не мрднав од дома и полудев!). Ембриончето е толку мало, невидливо со голо око и мислам дека не може ништо да му се случи со движење на телото. Исто како при природна бременост. Според мене, успехот зависи од други работи, пр. од квалитетот на ј. клетката.
Баш денес читав за тоа по странски сајтови. Сите се враќаат на нормални активности. И јас здравје следен пат така планирам. А докторот што те советуваше?! Ајде мила ти да ни бидеш пример за сите.
Да, така прават...тие и целата постапка ја прават во друг град или држава и одма патуваат.......еден доктор ми рече 2-3 дена одмор дома и после се најнормално, а друг веднаш да си продолжам, без лежење дома. Дури ми потенцираше пешачење секој ден. Убиствено е да се седи дома 2 недели. Демек да не се нервираме на работа....да, но седењето дома е уште поголем стрес (барем за мене беше така).
И јас читав многу за ова и баш така се светските пракси. Само некако доктор кога ќе ти каже повеќе мирување си го врзуваме во крпче. Јас првите три дена мирував, а после си прошетував колку можев на ладното пред нг. Не решив на работа зошто баш тој период кај мене на работа беше многу стресен плус многу вируси и болести имаше околу нг. Секој треба да си процени што е подобро за себе и да си го слуша организмот, а за движењето и јас сум дека треба раздвижување, а не стерого лежење во тие две недели.
Катастрофа да не даде господ на некој вакво нешто да му се случи ...Неможе да се опише болкатата ама среќа што све е во ред можам да останам бремена дури бев внесена како патолошка бременост јас 6 месеци немав односи ... Па бев на приватно и ми рекоа све е во ред и ми препишаа апчиња да пијам за да останам бремена