Христос воскресе, за многу години! Јас да пријавам дека стапивме во контакт со д-р Ивановски т.е. во четвртокот беше во Битола и бевме на преглед и консултација. Дефинитивно и после средбата сме реѓени за кај него. Во периодот што следи треба да направиме дополнителни испитувања за маж ми ( кариотип и микроделеција на Y хромозом). Ако некој знае подетално нека ми пише каде се прават овие испитувања? Претпоставувам Скопје, ама како оди со упатите? Фала ви, имајте убава вечер.
Кариотип се прави на ГАК, за двајцата, упат: ти од матичен гин, а тој од обичен матиен лекар. Се прави и на други места, како детска клиника , итн, и приватно во систина. Можда и некои други прават, не знам. За микроделецја тој зема упат исто од општ матичен ((мислам) или од уролог беше, сега не се сеќавам...) за институт за имунологија и хумана генетика. Ние пред некоја година правевме, тогаш не се закажуваше, сега не знам како е... Ако има некој потазе информација нека пише
Кариотип за двајцата на ГАК 1400ден за двајцата, за тебе упат од мат.гинеколог а за него од мат.општ. термини тешко се наоѓаат затоа следи си на мој термин и чим ги пуштат одма вади упат, резултати за 1 месец. За микроделеција се прави само кај мажот преку крв во МАНУ и ти треба упат од уролог резултати за 7дена.
Тоа е генетско испитување за мажот преку крв. Да се види дали неплодноста кај мажот е генетска. Со прости зборови кажано. Кај нас имаше олигоастенотератозооспермиа, пред неколку години, заради тоа не испратија на разни тестирања, меѓу кои и ова. Генетски беше се во ред. Но понекогаш имаше бактерија. Ја мислам дека цело време си имаше бактерија, ама не секогаш се појавуваше во брисевите. Со упрност, витамини, антибиотици, промена на исхрана, вежбање.... после 3-4 години, конечно имаме нормален спермограм. Затоа и ај да не речам ама сум 100 % сигурна дека беше бактерија во прашање... Според мене ако не е генетски -тогаш е бактерија.
Јас ќе правам за 2-3 недели на ГАК, ќе го пишам искуството. 3 имам - 2 надворешни и еден нов внатрешен. Двајца доктори сметаа дека треба да ги отстранам и дека сметале за бременост..
Ние правевме, ама во тој период решив веќе да не читам и да слушам доктор. Ништо не сум читала за ова @Ѕвездички појасни. Сигурно е така бидејќи го изодела патот
http://www.dnk.rs/Mikrodelecije-Y-hromozoma ние сме со машки стерилитет и докторот сака да направиме за да знае понатаму со каков материјал ќе треба да се оплодува. Јас прочитав дополнително на линкот погоре
http://novatv.mk/ginekolog-devet-mesetsi-lazhel-patsientka-deka-e-bremena/ Нели тука пишуваше една девојка? Немам зборови
Мене ме чуди, ај да лаже 3,4,5 месеци ама 9? Стомакот како растел, бебе мрдање? И што му била целта? Болен
Здраво девојки, нова сум на форумот, би сакала да знам дали некоја од вас ги пие декортин апчињата, и до кој ден после трансфер и по колку на ден благодарам
За овој др Дамчевски кој работеше претходно во моја болница пишував и јас што ми направи мене. Мене ме лажеше дека и прави ивф на природен циклус а не ми правеше ништо само ми ги зеде парите.Значи овој е психопат. Јас немам доказ ништо имам само една фискална сметка која ја плативме на денот на пункција и за жал немам никаков друг доказ инаку и јас ќе го тужев .
сигурна си дека не е доволен доказ? сметка за ненаправена услога - ако ништо друго Многу ми е жал за тоа што ти се случвало ... си се спасила што не си веќе кај него
Јас ги пиев декортин од 5 мг, 2 пати по пола апче ,ми се чини до позитивен тест ги пиев ама на сум 100% сигурна. Дај боже да е позитивен резултатот па докторот ќе ти каже најточно. Со среќа и со лесно
во принцип се пијат 5 дена по шема, кај мене така беше. Ако има поразлични искуства нека пише некоја феминка. Позз