@Bubce38 Огромна благодарност што несебично ми ги испрати иглите G27. Вакви можеби „мали“ нешта те прават тебе Голема личност, со големо срце. Од срце ти посакувам наскоро да се радуваш, а и ние сите тука со тебе.
Valentina888 те гушкам силно. Ќе дојде и твојот ден нема предавање. На сите исчекувалки им посакувам висока бета. Симптоми не барајте зашто ги нема или се индивидуални. Јас имав менструални болки неколку дена пред тестот и на денот на тест отидов со мисла еве само да потврдам дека ништо не биднало. Ми зедоа крв и јас отидов на работа. Попладнето се вратив по резултатот и бетата беше преку 600. Така што правила нема. такви менстурални болки имав до 20 недела и се беше во ред.
Вале, најсилно те гушкам!!! Љубовта на твојот партнер е скапоцено нешто и ќе ти дава сила да одиш напред, како велиш ти - даље до медаље
Ајде,само со убава мисла. Јас па со душа чекам да проверам бета. Ми се иде уште денес да проверам . Знае ли некоја тука од кој ден по евентуалната имплантација ќе почне да расте бета-та?!
Премногу ми е жал мила Биди силна, верувај, никогаш не се откажувај, никогаш не помислувај дека ќе останеш така, упорно тврди дека ќе бидеш мама и тоа на три дечиња. Јас верувам во тоа, знам дека ти и сите останати ќе успеат во тоа. Знам дека е тешко и знам дека тие мисли преовладуваат. Знам, 5 пати поминав и тоа на најлош можен начин, сега првото ќе беше прваче, 6 со си неуспешното инвитро. Ама секогаш велев јас природно ќе си имам дете. Одев контра доктори да ми сечат и други канал- не ми чинел, непрооден бил. Е како е сега прооден!! Сакам да ти кажам верувај, имај волја, ќе биде, се ќе биде. Се е свое време,трпение само. Господ е голем. Само позитивна мисла нека те води, непопуштај пред лошите, биди најсилна. Можеш ти, знам дека можеш. Те мислев и јас вчера, ама го претпоставив исходот и помислив дека сакаш мир и тишина. Те гушкам најсилно. Тука сум за разговор
@Nadja_22 и @@malena@ Јас последните 5денс пред позитивен тест исто имав менструални болки, па еве денес сме полни 20 недели. Нека не ве обесхрабруваат било какви симптоми. Само тестот е сигурен показател. Ве гушкам и ви пуштам среќа за висока бета.
Ти благодарам. Прво ин витро се ми беше непознато ново, измешани чувства и голема надеж дека баш јас ке сум таа што успеала од прва. Затоа разочарувањето е уште поголемо. Не сакам да се навракам ама да не се случи тоа што се случи и моето прво мајкино чедо сега ке полнеше 8 години,и тоа на 17 Април(тогаш ми беше термин). Тоа е живот,приредува многу бури кои мора да ги преживееме колку и да ни е тешко и болно. После дождот доага виножитото,а со него и сонце Исто и јас цело време мислам дека природно ке останам трудна,може сум луда ама ете верувам дека ке се случи баш така како и што си замислувам. Те гушкам и тебе и бебчето
@Bubce38 веднаш почнува да расте бетата. Ама чекај си го денот за НЕ добивање, да си ја видиш висоооока.
По 5-6 дена од имплантација вејќе е покачена бхцг. Затоа на поосетливите домашни тестови пишува 7-8 дена по овулација најрано може да се покаже бременост. @Valentina888 само колку жени од нас ја имале таа надеж дека од прва ќе им успее, но не е секогаш така, сите ја немавме таа среќа, но сите ја имаме/ќе ја имаме еден ден. Во очај си сигурно, нема кој не бил при неуспех, но поминува, и посилна ќе бидеш следниот пат кога ќе ја видиш втората линија на тестот
Знаете ли дали рефундираат од фондот за клексани,ако ми напише матичниот во домашни услови дека ги примам?
Мислам некој порано имаше пишано дека таква потврда му дале, ама мене ме советуваше матичната да пишат дека таму се боцкам. И така ми пишаа.