Да еве прашав во фондот кај нас,и ми рекоа дека треба рецепта со потписи од матичниот,а јас кај сакам таму да ги примам,тоа било формалност.Им викам во некои жени од други градови ми кажаа не им барале каде примале,таа се насмеа и вика епа незнам ете они си имаат други правила.За нај сигурно донеси си ти,да не ризикуваш.
Taka pravam i jas.Ko so pisavme pogore izgleda segde razlicno rabotat.Ama treba da ni se kaze za da znaeme
Јупиииииииии бравооооо честиткиии од се срце.Радувај се супер си е вредноста.Јас прошлиот пат имав 216 така да одлична бета е.
Честитки мила. Со лесно да си ја истераш бременоста. Инаку фондот рефундира и за фраксипарини, ама мора да има извештај од трансфузиолог. И мене во њу борн ми ги препишаа. За првата недела немав извештај. После си отидов на трансфузиологија и ми дадоа. За периодот за кој имав извештај, со потврда од матичниот и фискални и сметкопотврди, без рецепти ми рефундираа без никаков проблем. @facule
не губи надеж, после дожд иде сонце ќе дојде и твојот ден и неизмерно ќе се радуваш како мајка Никој со сигурност не може да ти каже дека имаш не квалитетни јајце клетки, точно е дека сите не се еднакво квалитетни но ни бројките на амх ни фсх ни ништо не може со сигурност да каже дека се неквалитетни. Има уште една куп фактори кои влијаат на неуспехот, како рецецептивност на ендометриум, антитела, генетски нешта итн, да не набројувам. Не се обвинувај дека произведуваш не квалитетни јајцеклетки. И самата терапија има влијание, и не реагираме исто на секоја терапија. Твое е да направиш максимум се што можеш за да ги зголемиш шансите за успех, а најбитно е да не се откажуваш. Знам дека е тешко... ама ќе помине кризата и со нови сили ќе почнеш повторно, само упорност и истрајност и ќе стигнеш до целта. Дониран материјал според мене треба да е последна опција од кога максимално ќе ги исцрпиш сите други можности. Ја имаш целата моја поддршка честитки!
Ако ти ги продолжат фракспарините, обавезно кај трансфузиолог. Мене втората недела од стимулации ме прати кај трансфузиолог. И ми препиша клексани „мојата“ докторка од трансфузилогија. За рефундирање - мислам дека нема да ти ги рефундираат. Ама за следната тура да си знаеш.
Девојчиња,тоа имплантското "кафено" што ви се јавува , мора да е" кафено" или?! На кој ден обично од трансфер ви се јавува?! Мене сабајлево ми се појави при бришење нешто розеникаво бљантаво ,само на два пати и толку. Знам дека прашањето можда не е за овде дека месецов немам правено ивф,ама се надевам овде ќе добијам одговор.. За добивање имам уште 6 дена, никаков прогестерон вагинално не користам,а се појави розеникаво густа течност
Кај мене на 10ти ден од трансфер. И не беше кафеаво, розево беше. Кој знае дали беше имплантација или од криноните...
Девојки ве молам за мислење. На 5 почнав да пијам дабростон а од 14 се боцкам со супрефакт на 18 требаше да добијам и да одам за проверка на хормони но сеуште немам добиено и сега незнам што да правам. Мислам да почекам до утре и да и ѕвонам на докторката. Може ли да ми се искомплицира постапката ако ми задоцни уште?
Извини ама стварно морам да прашам едно глупо прашање. Кафено ,како чоколадо боја е тоа кафено?! Моето конкретно беше баш како боја на пикавец. Светло кафеаво како со розова нијанса малку. Те такво Не ми се смејте ве молам. Јас при двете ектопични бремености имав кафеаво ама накај црно крварење. Се плашам по малку,ама нема шанси пак да ми се деси тоа. Нема и точка. Се извинувам уште еднаш на моево помалку глупо објаснување
@Bubce38 јас го имав на сам ден кога го правев тестот. Ама да не знаев дека сум бремена немаше да забележам. А со нередовниот циклус не знам точно да ти кажам кој ден. Ама неколку дена пред добивање беше. Убав знак.