Авокадото е добро и за ендометриумот,така да добро е и за имплантацијата го зголемува прогестеронот во организмот.Е сега овие антиестрогени својства ме бунат што прочитав сега http://pharmanews.mk/avokado-za-balansiranje-na-hormonite/
Девојки, имам едно прашање утре правам една недела од 8 инсиминација, ставам утрогестан ама имам болки во десната страна и фоликулот ми беше во десната страна, страв ми е да не сум вон матерично бремена или рано е за симптоми, иако не верувам дека се фатил и овој пат ама овие болки ме плашат. Поздрав Честито за новите со висока бета.
Дали некоја купувала цетротиде од косово (кој град)?! Или било кои инекции за ивф.... Ме интересира цена и број и име на аптека.
Мислам оти е рано за било каков симптом.А зошто осма инсеминација?Зошто толку многу инсеминации,а не пробате инвитро?
Целиот текст е нејасен, а тој дел со антиестрогените својства е само нафрлен без никакво значење. Ситостеролот е фитостерол и го има во сите растителни масла. Колку што јас знам, не може да има никакви штетни ефекти. Стероли има помалку од масни киселини, кои што доминираат во авокадото.
Јас го јадев како намаз:пасирано авокадо,фета сирење,зачини и пржен сусам.Исто како салата со домати,кромид и лимон.
Леле и мојот. Само во тараторче изрендано кога е тврдо можам да го голтнам. Козјото млекце прави да не се осеќа дека постои Тие намазите ,било од што ми се баш "бљак"
Јас го омам јадено како намаз со сирење сусам сенф и не беше лошо а вака само авокадо со лимон ми беше одвратно ама пуста желба да биде успешно инвитрото па го јадев некако Да прашам нешто ...цела вечер имам менструални болки како кога добивав,дури од сон ме разбудија и после од страв не заспав цела вечер . Ова е нормално нели ? Читав дека некои си ги имаат тие болки и во текот на бременоста ...инаку минатиот месец добив на овој датум
Smuti od avokado, banana, med, mleko i cimet probajte duri i mnogu e ubavo voopsto ne se sekava avokadoto
Фала душо, 5 инсеминации ги направив пред 2 неуспешни ивф, 2 други ги направив додека чекам да поминат 6 месеци за третиот ваучер, а овој последниот го направив затоа што Тофофски рече да пробамр уште еднаш после хистериоскопиата и ако го имам ваучерот. Поздрав
Па баш оти и мене ми има вкус на НИШТО го јада во комбинации,само по себе не ми е баш ,така ми е ептен вкусно.Ама треба и зрелоста да се погоди,да биде меко кога ке го купиш,тврдо грдо е.Само печено кога правев по еден рецепт од интернет,мн грдо ми беше.А во комбинација со сиренце ептен ми е убаво. После трансфер повекето викаат нечини.А и за второто инвитро после ананасот (го јадев и тврдото) вечерта прокрварев т.е ми дојде 8ми ден.Па сега си викам и тоа да не има врска.