Абе и јас сум се изнаслушала приказни од типот 10год немале деца , отишле Негорци,жената забременила. Или Кежовица... Ама тоа ми се некако како бабини деветини. Затоа прашав дали топли води имаат некакво "дејство"да порасне фоликулот повеќе. Жена без работа, сто идеи ми идат. А штета ,нема, знам од релаксации,ама јас несакам да се релаксирам ,сакам бебе.
Што испитување би требало да правам сега после овој неуспешен трансфер? И после колку време може да се прави трансфер со замрзнати?
Здраво на сите На ФБ има еден линк со производи, ме интересира дали некој употребувал несто и некое искуство да сподели. https://www.facebook.com/bioshoponl...695255667737/1917761958461066/?type=3&theater ова е линкот ТОП БИО схоп
Мислам дека кукла ти пиша после 1 циклус ..најубаво слушни се или види се со владимир Ајде релаксирај се овие денови и следново ке биде со бебе
не сум го видела тоа од вчера, извини, многу нови страни се изнапишале... изгледа не сум порчитала све.
Девојки, се дамлосав од резултатите за хормони: fsh од 7 скокнал на 9, а естрадиол од 37 на 67.....многу е лошо?
почекај еден месец да се очистиш од хормони. па испитај. Мене по стимулација секогаш ми беше 6, а еден месец после тоа и секогаш кога после сум проверувала 4.
Не душо. Правев пауза од ивф, пошто скоро секој месец имав пункции и овој пат решивме да одмориме со инсеминација, која, ете беше неуспешна.
Како тоа се плашиш од вештачко....тоа е решение за многу од нас на форумот. Ако се плашиш нема ништо да постигниш,....всушност си имаш едно синче. Овде членките прават се што се мора за да се дојде до детенце. Прочитај ги страните на форумот наназад и се ќе ти стане јасно....накратко, ,,вештачкото,, ивф оплодување е исто како прирпдното, но се случува надвор од Вашите тела, односно тоа е само биолошко потпомогнато оплодување. Со среќа ако се одлучиш за ивф. @Nadja_22 Точно е дека фсх се зголемува и тоа кога ќе започне, посебно кај повозрасните се променува набрзина. Кај мене беше исто, прогресивно растеше, имав над 9. Не очајувај, не е толку лошо има шанси за убави јк.
се вракам од преглед 6+2 сум и има едно ембрионче ,срцева реакција не чувме рано било, после три недели за контрола...некако додека не му го чујам срценцето неможам да се израдувам..
И јас правев по еден циклус трансфер со замрзнати. Не правев дополнителни испитувања но правев скречинг. Инаку ставот на докторот беше што поскоро тоа подобро.
од замрзнати остана бремена? Јас правев скречинг во март, не знам дали пак ќе треба скречинг ... инаку шеќерот ми е 5,7, тоа не е многу нели? Планирам следната недела да се видам со докторот.
Да со замрзнати останав бремена. Инаку скречингот бидејќи е релативно нова метода Петановски ми кажа дека нема многу студии сеуште врз основа на кои може да се донесе заклучок дека е ефективен само еден месец или повеќе (тој работел на истражување за скречинг) во последно време слушам дека ефектот бил подолг. Кој знае...
Зависи колку издржуваш,јас правев без анестезија,а може и со. @Ѕвездички ако немаш направено вродена тромбофилија направи си.Со упут од матичен во ману.Незнам што имаш а што немаш направено.Шекерот 5, е нормален.