здраво и од мене утре мие 14 ден од инсеминацијта симтоми никакви си виккам да не рано за тест да правам да почекам
Девојки утре 9 ден од трансфер искрено сакав да направам тест преку крв и маж ми многу инсистира и јас сум многу возбудена неможам да чекам да ли ќе покаже што мислите вие ве молам за одговор
Направи си утре тест преку крв, ако е негативан, да ја прекинеш терапијата. Држам среќа да биде висока бета! На 3 или 5 ден беше трансферот? Ако бил 5-ти можеш на 11 ден, но најдобро е да си почекаш, како што ти кажал докторот.
Мене на 9ти ден тестот ми покажа ептен бледа линија, на 10ти малку појака а за преку крв докторот ми рече да почекам, бета правев на 13ти ден. Со среќа
Ти благодарам многу има време уште една недела ќе се воздржам до тогаш Трансферот беше на 3 ден докторот кажа обичен тест дома да се направи на 14 ден ќе почекаме до тогаш
Јас мислам да почекаш до 12 ти ден барем,мн е рано 9 ти ден дај боже да си бремена нема да покаже и само ќе се разочараш и ќе се изнервираш а тоа нема да биде убаво за бебето. Вака продолжи си како и до сега па на 12та ден направи. Незнам тоа е мое мислење. Инаку мојот трансфер помина денес ми вратија само една ј.клетка ама ми рекоа дека е добра школски пример била како од книга така да се надевам на добри резултати. Сега си лежам дома па ве молам пишете ми некое искуство што би требало а што не да правам
Фала душо, јас се чудам зошто не почнува свеж крв и така е тестот негативен, имам многу малку кафеав , добро кажуваш ке чекам до утре. Поздрав Ми доага една мисла дека јас никогаш немам да видам позитивен тест. Немам свеж крв веке 2 дена кафеаво и тоа многу малку на бришење, а тестот негативен, па ке ставам утрогестан и вечерва па ке видиме. Ставам утрогестан 2 пати, друго ништо.
Со лесно да ти помине времето до позитиве тест и висока бета. Гали меше сега и уживај. Мојот трансфер е утре во 12 саат возбуда 500
Мила ти посакувам висока бета и одмарајсе јас веќе 8 дена не станувам од кревет освен за во тоалет иначе во кревет си јадам така ми е поубаво не се нервирам несе замарам многу по дома и нема стрес само позитивни мисли јас уште од сега велам бремена сум и не ме интересира хаха да се утешиме самите себеси тоа е тоа можеби ти помогнав малку ти праќам бакнежи *
Да мила ме утеши малку и јас ќе си лежам.Незнаев какп да јадам дали може да седам на стол а во кревет не ми е згодно и незнам . поздрав и до тебе ајде уште малку остана кај тебе
Со лесно да ти поминат овие две недели и ти посакувам бременост.Инаку се повеке се оди кон тоа да првите три дена повеќе лежење а потоа движење бидејќи шок му правиме на организмот ако лежиме по цело време.Без нагли потези и дигање тешко..и се разбирс позитивна мисла
Фала ти душо мн,и мене во болницата ми рекоа до 6 дена да лежам а потоа да излезам на прошетка така смирено исто на кафе и да продолжам нормално само полека без возбуда и без нагли движења. Па ке видиме како ќе бидам после 6ти ден. Поздравче
Ништо и овој 8 пат почна по црвено и јас сама го прекинав терапиата. Многу сум разочарана не ми се оди веке по доктори мислам ке се откажам веке. Поздрав
Ајде мила да си жива и здрава. Откажување нема, знаеш колку е тежок овој пат ама мора да се успее. Мора да имаш верба, да се надеваш, ќе дојде и тој ден кога ќе плачеш од среќа кога ќе ти го дадат бебето во раце.Затоа ти треба сила и позитивни мисли. Одмори си се некое време и пак со нови сили и ќе успееш.Од се срце ти посакувам што побрзо и ти да не израдуваш со висока бета