Фала многу за убавите збори и јас ви посакувам со се срце никој да не помине низ овие тешки патишта сите да имат беббиња без маки, ама имаш право, со мм одлучивме да паузираме некое време, 3 ваучер го имам ама го користам после одморот. Малку се плашам до тогаш ке помине ефектот на хистериоскопиата ама тоа немам нерви веке да одам по болници. Поздрав
Одморисе ,одмор понекогаш на сите ни е потребен бидејки водиме тешка и макотрпна битка но само да се одмориме,а никако да се откажеме. Јас оваа битка ја водам 13години страшно сум изморена ,разочарана,бесна.Исцрпена физички ,психички,финансиски,ама не се откажувам додека не стигнам до целта,а целта знаеш која ни е да станеме мајки.Се борам и еден ден ќе успеам ,сите ние ќе успееме запомниго ова. Затоа ти велам одморисе,земи си одмор колку и да ти треба ама никако немој да се откажеш,затоа што изгубиле само оние кои се откажале ,а победиле оние кои продолжиле да се борат.Сега силно те и ти испраќам позитивна енергија ти посакувам среќа и запомни еден ден сите ќе станеме мајки.
Лесно е да се каже: ОПУШТИ СЕ, тешко е да се примени, сите сме исти во разочарувањата.. Но, според искуствата на сите што успеале - треба да се опуштиме само,, верба, и ќе биде. Најди си добар доктор за третото, одмори се до тогаш, види некои припремни терапии ако треба да земаш и продолжи ја борбата со нови сили
Agonija e ova,ama nemame drug izbor.Vistinata e deka ja nosime bolkata celo vreme.Ima denovi podobri no ima i polosi.Bash mi e zal shto ne uspea,ama sigurno ke bide nareden pat.Nikoj od nas ne se otkazuva.Sega posveti se na sama sebe i sto poveke aktivnosti koi ke te okupiraat.pozdrav
Жал ми е мила мн,но не се разочарувај имаме време пред нас кога тогаш ќе биде. Сега одмори се некое време и не мисли на бебе па по некое време ќе видиш пак ќе имаш сила и желба со нова надеж да започнеш постапка за бебенце. Одмори се и пробај да не мислиш што се случило одмори се и од читања и од болници на сите ни треба тоа. А потоа времето само ќе си кажебакнежи до тебе мила
Фала душо, немам збори ме остави бес текст, и јас се мачам 7 години ама според тебе нисто не било дај боже што поскоро сите ние бебиња да имаме во раце. Поздрав Фала многу за подршката, тоа да барам добар доктор. Дај боже сите да станеме мајки. Од вас сите собирам сила, навистина многу уморна сум кажувам доста веке, ама после читам во форумот и продолжувам пак. Поздрав Фала имаш право ми треба одмор, ама и се плашам да одморам мислам остарев кога ке биде тоа да станам мајка. Бакнеж и до тебе мила.
Јас лежев строго првите 3 дена ,станѕвав за во тоалет и за јадење зашто позгодно ми беше да јадам на столче седната , првите 3 дена јадев авокадо со лимон слушнав дека било добро за имплантација , внесував многу течности односно вода и ретко цедени сокови , си гледав филмови си играв игрици и си повторував дека јас сум веќе бремена и дека започнува период од мојот живот кога ке треба да направам некои промени , полека станував полека легнував да не се нспрегам дури и полека бавно одев
Секој ден ве следам и секој ден ви се восхитувам на упорноста! Желбата да се биде мајка е поголема од секој неуспех, од секоја препрека, од секој финансиски товар, од секој негативен тест. Желбата е најсилна и најголема и мора да биде исполнета. Знаеме дека само со упорност се успева, тоа е единствениот начин. Патот е за некои полесен, за некои потежок, но секоја една ќе биде мајка. Трнливиот пат што го одите има крај и потоа патот вашето дете ќе го постели со најубави и најмирисливи бебешки, детски, тинејџерски цветови. Ќе биде подобро, ова е само премин кон вистинското. Ви праќам позитивна енергија, бидете силни, ќе успееме сите
Фала ти душичке на споделувањето искуство со нас. Многу ми значи мене ми беше страв да седам за да јадам ама добро ете и ти си седела не е ништо значи може да се седи. И јас само лежам полека станувам за во вц и јадење и гледам тв или некој филм на ком.
Може некој да ми помогне со пресметување на недели ...со инвитро исто се рачуна бременоста по недели од последна менструација или не
Нека помине и време по хистероскопија, не е тоа толку битно, кај мене помина 1,5 година по хистеро, 7 и повеќе месеци по скречинг, па тогаш сакал дедо Боже да не израдува. Биди позитивна, летово опуштете се, може и ќе изненадиш до 2 цртки и природно, а ако не опуштено, ќе биде следното ивф. И никако тоа остарев....за мајка никогаш не е касно, помисли дека има женички со повеќе години, а ќе станат мајки, не се откажале, дури и името на форумов е ставено според возраста ,,Стара,,
Исѕо се рачуна. Дури кај нас со ин витро треба да е попрецизно отколлу кај оние што се природно останати, зошто кај нас се знае точно кога се се случува за разлика од нив каде може да има рана или касна овулација и други неконтеолирани фактори. Околу лежењето да го споделам искуството. Јас лежев само првите три дена. После тоа се раздвижував низ дома, па и надвор колку што дозволуваа временските услови со оглед на тоа дека ме фати најладниот период околу нг. Е сега не се напрегав, не миев садови ниту пуштав машини. Мајка ми ми готвеше ручек. Моето раздвижување беше релсксирано и контролирано. Според мене најбитно е да си го слушате организмот. И прекумерно лежење не е добро. Вас во овој период барем времето ви е во корист за пријатни прошетки. И не се замарајте со симптоми. Јас немав ниеден симптом. Дури кога почна да расте мешко почнав да ги имам они болки од промена на организмот. Ама од оние раните симптоми не доживеав ниту еден. Ни гради потечени, ниту мачнини, гадење, повраќање. Опуштете се колку можете овие денови на исчекување.
Facule бременоста се рачуна од последна менструација без разлика како е дојдено до неа. NNA баш ми е жал дучишке. Одмори се сега а потоа со нови сили напред. Во однос на лежењето. Јас од почеток не лежев нешто многу. Првите три дена ми беше малку порелаксирано а потоа од ден на ден се повеќе се движев. За ИВФ процесто не кажавме никому зашто не сакавме никакви прашања од никого. Јас при крај на нашата сага веќе и на најдобронамерните прашања реагирав ептен бурно па за да нема прашања никој не знаеше освен матичната. Се погоди маж ми е да е на пат баш за трансферот па јас сама од болница си дојдов дома па бев до аптека да купам утрогестан па после си отидов дома. И ај решив ќе легнам. Само што легнав станав за во тоалет па после ми се пријаде па си станав да си земам јадење. Така тој првиот ден во круг ми беше легни стани. Не ни можев да лежам туку бев во некој полулегната положба потпрена на многу перници. Утредента исто. Единствено што тие неколку дена гледав комедии, дневна телевизија со оние што бараат куќи да си купат и слично. Третиот ден дојде маж ми па бевме на кафенце у маало. Потоа секој ден се повеќе и повеќе се движев а по една недела си појдов на работа. Дури и кога дојде денот за тест ми зедоа крв и јас му ја спраштив на работа зашто имав менстурални болки и бев сигурна дека ништо не биднало. Ама не сум била во право. Бетата си беше супер висока. Нема да ви кажам опуштете се зашто тоа мене само уште повеќе ме правеше нервозна. Не е до тоа. Единствено само треба да се прифати дека нашата борба е тешка и долга ама има крај. Со среќа.
Најстарата мајка на светот имала 70 години а мажот и 83 кога родила син не се грижи како стара не го ни помислувајте тоа за се има време не ги мисли годините
Дали секогаш др Петановски касни на закажани прегледи? Закажана бев во 12 часот . Од старт лоша слика имам за него.