Со лесно мила одмарај си се по дома и на ембриончињата ич не мисли и ќе биде. Дали трансферот то беше на 3 или 5ти ден
Фала многу мила, дај боже да имаме срека како тебе сите ние што чекаме. Извини што доцна ти вракам имав мајстори кречеа и сега чистам умрев од работа. Поздрав Фала, Господ сите да не израдува да се спасиме од овој тежок пат.
Еднаш некој ми спомна дека некоја клиника во Белград ја прави таа процедура за подмладување на јајници, најблиску кај нас во регионот. Ќе препрашам и штом ќе ја имам точната информација ќе пишам тука на форумов.
Мислам дека беше меди грооп мислам дека е во склоп на јеремова , ама ако распрашај се и ти па пиши може да има и др клиника.
На темава доктори и болници сакам да кажам дека неколку години бев кај Петановски, неколку години кај Ивановски, 2-3 месеци кај Трајковски. Од сите доктори сум задоволна и незадоволна да речам исто. И секој од нив има по некој ден кога не му е денот, секој од нив мислам дека направи по некоја грешка (во нашиот случај), ама тоа ја си мислам, и некако не сум постручна од нив за да ги оценувам во стручноста... туку онака .. можеби моменталната ситуација ги навела да мислат и проценат поинаку... А за однос кон мене сите тројца биле коректни, достапни на мобилен за итни работи, ми одговарале на прашањата и ме примале и на незакажано. Имаат сличен, но секој од нив различен пристап (за нашиот случај). А за болница и останат придуржен персонал Систина е врв, 10 класи повисоко од сите други каде што сум била, во одност на следење на протоколи за хигиена им нема рамни. Е сега да кажам дека во Ремедика одев кога не беше ренеовиран делот за ИВФ, сега веројатно е поинаку, не знам. Менував доктор тогаш кога почувствував дека нешто треба да сменам, а не знам точно што... не поради незадоволство од докорот... туку од едноставна потреба за промена која ми влеваше голема надеж за време на новата постапка за ИВФ...
http://www.bolnicabeograd.co.rs/prp-restimulacija---obnova-jajnika-krvnom-plazmom-1 Јас ова го најдов,не знам дали е исто што го имаат и во њу борн.
Да, прават, но малку е поинаква постапката. Со ткиво, а не со крв. Слушнав дека доктор од Србија доаѓал во Ремедика за таа постапка, но немам уште една потврда за информацијата. Чекаме да ни пишеш Душо, оваа процедура треба да се прави во Ремедика, за ова имаше дадено изјава Петановски.
Девојчиња, сакам да ве прашам дали сте помислиле да отидете на психолог? Дали некоја од вас можеби веќе оди и дали ви помага во надминување на тешките и емотивни ситуации?
Затоа можеби Димитров незнаеше да ми каже ништо во врска со ова можеби требаше да одам кај Петановски можеби ке добиев повече и информации а можеби ке започнат официјално од септенцри сега се едуцираат за постапкава. Каде го слушаше др Петановски или читаше некаде?
MIlobebence можеби сеуште не поќнале со постапката тука па затоа нема конкретни информации. Од мое лично искуство со Димитров ако не е сигурен во нешто нема ништо да ти каже. Зборува само кога е сигурен. Ако не или ќути или кажува не знам или ќе сврти нешто на шега. Петановски како шеф на Оддел за ИВФ имаше некое интервју не знам ни јас каде прочитав каде најави дека ќе почнат со постапка за подмладување на јајници сега со новиот ИВФ центар. Во врска со бирање доктор за било која постапка со забременување битно е да ви легне докторот. Значи некако да ви тргне моабетот и да ви влее доверба докторот. Мене на пример ич ам ич не ми сметало да чекам во гужва и слично. Никогаш додуше не сум чекала 2 саати ама ми се случувало да чекам пола саат/саат. Мене ми беше побитно да осетам дека докторот знае што прави и толку. Е сега јас можеби имав среќа првото ИВФ да е успешно па затоа вака зборувам. Nadja_22 добра идеја е тоа со психологот. Јас се мислев да одам едно време ама некако ИВФ постапката ми с еслучи како во бунило. Решивме да одиме на ИВФ, ми фалеше една инсеминација за која се мислев каде да ја правам Димитров предложи одма тој месец да ја правиме зашто може нема да треба ваучер. Направивме инсеминација наредниот месец поднесовме документи и уште не беше стигнат ваучерот почнав со контрацепција. Искрено да не испаднеше така веројатно ќе одев на некоја консултација. Не знам дали ќе помогне во забременување ама ќе помогне дефинитивно со справување со чувствата со кои се бориме сите во борба со неплодноста. Инаку и јас сум психолог ама никогаш не сум се занимавала со советување туку со други области од психологија. Затоа и знам дека може да помогне ако се најде вистинскиот човек. И туак како и со сите вакви професии треба да се погодите со психологот.
Јас не сум посетувала психолог но силно ја поддржувам идејата. Првиот чекор кон решавање на проблемот е спознавање на истиот и признание пред себе дека го имаш. Ти штом веќе размислуваш на темава значи со барање на помош од професионалец ќе си го решиш. Секако зборувам за емотивниот момент. Support
Прв пат бев кај Димитров и ти благодарам што ми обајасни на кој принцип работи др инаку си стекнав лошо мислење за др.Па сепак подобро да каже незнам отколку да лаже и да дава лажна надеж.Сепак морам малку да се смирам како што велат трпение спасение.
MIlobebence со Димитров или се бендисуваат на прва луѓето или не. Ние го бендисавме од одма односно повеќе маж ми го бендиса отколку јас на почеток. Мене исто ми исгледаше малку пошегаџија и шкрт на зборови ама на маж ми баш тоа му влеа доверба. Потоа на наредните средби видов дека бил во право. Во оваа битка за бебе за жал нема брзање, се оди некако споро. Или барем нас така ни се чини. Со среќа што и да одлучиш.
Јас сакав да одам. Сериозно ја разгледував таа опција, ама прво се фатив за релаксирање - масажи и акупункутура, па ова го ставив во втор план. Сум за тоа, бар ќе ти ја намали психичката бариера.
Сепак кај мене излегоа дека се 2 бебчиња ги видовме на ехо и им ги слушнавме срценцата ....неописливо чувство ..ви посакувам на сите тука да си го дочекате ова во наскоро време. И владимир се радуваше заедно со нас ...
Честитки мила сега да си уживаш во бременоста,твојата работа е завршена сега внимавај чувај си се и ти и бебчињата. Мн ми е мило дај боже сите да го доживееме тоа чуство.