Баш убаво што си психолог Секако, помошта би била за полесно справување со емоциите и охрабрување за понатаму. Ако не си советувала, тогаш може да почнеш да вежбаш на нас овде (мала шала, се надевам така и ќе ме сватиш). Јас се пријавувам за прв клиент, ми треба поддршка.
Бидна мојата прва иуи. Имаше 38 милиони на прочистена с. И подвижност 76%. Мимоза рече супер . Не дека нешто кој знае колку се надевам , ама па многу сум и возбудена. Само утрогестан и аспирин ми додаде за терапија. Нешто посебно треба да правам/ неправам?!
Здраво девојки како сте ми денес?? Јас искрено малку сум напната можеби што деновите се ближат за тест затоа малку сум Нели треба малку крв како што читам да излезе или пак не мора па да знам баре дека се вгнезди ич не сум раат возбудена сум многу
Може да се појави, но и не мора, различно е кај секого. И нормално е што ти е такво расположението. Колку денови поминаа? Кога ти е тестот?
Имплантациско крварење не мора да има. Јас немав ни капка. Гали го мешко и барај си занимација зошто точно знам колку ти е тешко. И мене последните 4 дена ми беа многу тешки, особено што имав менстрални болки. Пуштам среќа за висока бета.
Ти благодарам за подршката навистина се чувствувам прекрасно кога имам вакви пријателки како сите вас ми давате сила ве Ти благодарам многу но болки имам и јас па затоа се плашам
Епа кај мене беа за убаво. Тие 4 дена на 5 минути бев во вц мислев дека сум добила и немаше ништо. И еве сеуште нема
Јас немав никакво крварење и не мисли на тоа, мисли како ќе си го галиш големото меше, затоа што знам дека ќе успееш
Прекрасна си те затоа што навистина ми доаѓа да заплачам од вашите коментари * искрено ви благодарам многу на сите вас дај боже сите вие до година со бебенце