Потполно те разбирам и да точно најтешки се последните денови јас неможев самата себе да се поднесам но искочи на кафе отиде кај некој што шири позитивна енергија да се изнасмееш јас така правев и не мислев на тест додека бев искочена.Мисли позитивно зошто тоа е најбитно за до позитивен тест.Стискам палци за висока бета и позитивен тест.Главата горе гали го мешко и ќе биде се добро
Ete dojde i toj den....od utre popladne pocnuvam so gonal f, ke go primam 5 dena muskulno vo butot. Me interesirase dali nekoja od vas go ima primano taka i dali boli?
Душо, ајде со лесно нека ти е. И да боли ќе се навикнеш, инјекција е (но не е страшно, не се секирај).
Те молам немој да веруваш во се што ќе каже,јас му бев експеримент 2 години,непрофесионален максимално...
Јас ги примав истите но во стомак мн се нежни не болеа ич за разлика од другите триптофен што ги примав. Сигурно не болат ич немој ни да мислиш на тоа нема потреба мн нежна игличка имаат ::
Слично искуство 1 година и се освестив да направам промена. Што се експериментираше? Имаше некој резултат тоа?
Јас не се сеќавам како ги примав, ете толку болеле беше тоа пред ...3 год, мислам не е битно дали болат, битно е да си ја завршат работата
SaraMila овие денови се стварно тешки. Се преслушуваш, на се се стрекаш ама мора да се издржи. Инаку јас немав имплантациско крварење и имав дури и јаки менструални болки неколку дена пред тест. Од што толку бев убедена дека ништо нема да биде отидов да ми земат крв и правец на работа. После работа отидов демек за потврда само дека нема ништо, а таму цела Ремедика на нозе ме чекаат да ми честитаат и се чудат што ме нема. Така што нема правила.
Се надевам и мене ќе ме снајде како тебе и јас вчера имав страшни болки на градите и стомачето морав да се напијам апче не престанува цела ноќ се напив сум заспала иначе сега и несоница ме фати нешто многу спиев сега се чудам зошто и тебе ти Честитам мила дај боже 9 месеци убаво да ти поминат без проблеми само радувај се
SaraMila мојот позитивен исход од ИВФ веќе се качува по мебел. Се надевам и твоето ќе стигне за едно две и пол години истото да го прави. Ех да, кога бев да ми земат крв за тест во ходник ја сретнав ембриологот и ми рече штом те болат градите тоа е добар знак без разлика што имаш менструални болки. Така што опуштено само и без многу лекови, немој од сега бебето да го учиш на лекови. Од лекови само парацетамол ти е безбеден во бременост. Со среќа.
Во врска со подмладување на јајници: Болницата е МедиГроуп Белград, Професор д-р Александар Љубич. Неговиот тим доаѓа во Скопје во Ремедика и тука ги извршуваат интервенциите. Тие само го изнајмуваат просторот во ремедика. Јас пратив маил, да си прашам за мене, ќе видиме што ќе пишат и цена ме интересира секако. Не знам кој ден доаѓаат... ако сакате можете да им пишете на нивната веб страна во полето десно на „закажи преглед“.
Информација добиена од Ремедика. Ќе доаѓа др.од Атина од септември ќе почнат со работа,сега се во процес на набавка на инструменти. Напочетокот ќе работи тој,а истовремено ќе обучува и кадар од Ремедика.....
Ова е корисна информација. Thanks Дали се знае кога ќе дојде докторот од Атина? Се работи за истата постапка како таа од Србија? Зар се потребни некакви посебни инструменти? Она што пишува на интернет е дека крвта само се центрифугира и се одделува плазмата која ги содржи растечките фактори.... Како и да е, со нетрпение чекам да почнат верувам има и други како мене.
Јас искрено ја немам таа потреба. Прв пат прочитав тука,па прашав пријателка која е во Ремедика. Ми кажа дека се почнува од септември, што би значело дека др.доаѓа тогаш....
Те за што ја сподели оваа информација со нас.Јас бев во ре медика но др ми кажа само дека ке биде од септенври и ништо повече секоја информација е добредојдена.Со нетрпение го очекувам септенври.