Пријателки мои. Имам инофолик кесички 42 парчиња ако на некоја од вас ви требаат би сакала да ви ги дадам поклонам. И ми останаа 16 кондензил апчиња, и естрофем едно цело пакетче не отворено. Пишети ми и ќе ви ги пратам. Поздрав и убав ден.
Девојки имам малку крв како кафено се плашам многу иначе имам и нередовна менструација да се плашам ли ќе чекам во 7 ми рекоа за тестот офф се плашам дека ќе се случи нешто
Не се плаши и нервирај,мене вечерта пред позитивниот тест ми протече течно кафеаво и џабе се испаничив.За вечер ли ке ти бидат резултатите не го разбрав тоа во 7 за тест?
Да вечер во 7 се извинувам веќе се тресам целата незнам ни што правам денес 13 ден од трансфер дали е можно тоа да излезе крв
Ги читам постојано американските форуми.....тие прават домашни тестови веќе од 5/6-ти ден од трансфер, секој ден, па дури и по два пати.
Ќе ти покаже, земај тест и мочкај, не се вознемирувај, вечер во 7ч само ќе не известиш колку е висока бетата
Се јавив кај докторот ми кажа дека е нормално тоа малку крв да не се плашам и да го чекам тестот преку крв може да ми даде домашниот тест погрешно па ми рече да си чекам до вечер да не се разочарам повеќе ама мене срцето од место ќе ми излезе чуствувам страв
хаха..можно е. Но, јас правам пауза и не сум била 2 и повеќе месеци. А зошто да чекаш до 7ч? Обично за 2 часа се готови резултатите. Зошто не отиде на ГАК? Таму за 2ч и за 100 ден (со упат) ќе имаш резултат.
@Sara mila немој да паничиш, можеби е имплантациско крварење, со терапија си покриена.Знам кога ќе видиме крв сите се плашиме и мислиме на најлошото ама мора и да мислиме на убави работи. Со позитивна мисла и храброст и најтешките мигови ќе ги пребродиме. Веќе на 13 ден треба и домашен тест да покаже две линии. Ако толку си нестрплива направи си домашен тест,верувај точни се и тие. До вечер психата ќе те појаде ама навивам и за домашен позитивен тест и за висока бета