Во текот на летото пример август дали прават ивф во систина, или тоа зависи само од тоа дали докторот е на одмор. Претпоставувам не се сите на колективен?!
Мили мои,еве ме мене пак . Денес ми е 9ти ден од трансфер но јас немам апсолутно никакви симптоми.Ве читав вас сите кажувате нешто како менструални болки или нешто друго,а јас немам никакви болки никакви реакции на ништо. Незнам дали е тоа нормално или пак можеби нема ништо затоа е така. Ве молам пишете ми некоја од вас да останала бремена а да немала никакви апсолутно болки или симптоми. Мене на почетокот ме болеше грбот оти не бев навикната на лежење ,па градите ме болеа до вчера ама имам читано дека тоа е од прогестеронот што го примаме. Ништо друго не осеќам како ништо да не се случува а тест ми рекоа да направам во четврток на 12 ти ден од трансфер,а менструација треба да добијам утре недај боже и сега сум скрос збунета незнам на што сум
Ништо значително. Ни гради не ме болеа. Реално и сега не ме болат. Поголеими се и има циклус - 2,3 дена ќе ме подболнат и после ништо
А какви документи треба за 2 ваучер и дали има шанси да прифатат пред да поминат 6 месеци ти како направи може по детално да ми кажеш те молам
Секогаш сум приложувала ново ехо со извештај. Битно е за останатите документи да се до 6 месеци, а пап тестот до 1 година на денот на поднесување.
Искрено јас имав болки се до денот на тестот не сакам да те разочарам и бев сигурна дека сум бремена тој ден отидов да правам тест тој ден ми се појави крвата како кафено искрено мислев сум бремена и дека е имплантациско крварење но ете не бидна така све спротивно и на крај ништо затоа и да не бидне не се разочарувај нареден пат ќе успееш сигурно те
Па 4д, брисеви, пап, ехо, хормони, спермограм, крвна слика и седиментација, хив и хепатит за двајцата, и извештај од матичен гинеколог.
Добро а треба да поминат 6 месеци или нема врска ќе прифатат ли за некој месец ако предадам нови ти како направи
Мора да поминат 6 месеци,пред тоа не ти даваат ваучер. А од документи ќе треба се на ново да правиш бидејќи ќе им помине важноста од 6 месеци,истите како за првиот пат, само 1спермограм ќе треба да направиш и нов пап тест(ако е помината 1година од последниот пат кога си правела или се ближи година)