Јас подадов документи после 5 месеци и кога се јавив да ги прашам до каде ми е предметот,ми кажаа дека штом не се поминати 6 месеци не ги ни погледнувале. Така и беше штом поминаа 6 месеци ми го одобрија ваучерот.
Само на приватно можеш да направиш пред 6 месеци, ама реално тој период е потребен да се исчисти организмот од цела терапија. А искрено после неуспешно ивф треба и психолошки да се спремиме.
Девојки, утре имам закажано на трансфузиологија на клиника, во раб. време... Дали има шанса да завршам за еден час таму или и покрај закажаното се чека со саати, па да си земам ден од одмор?
6 месеци биле сосема доволно за да се опоравел организамот од хормонската терапија, да се врател во нормала.Немој да брзаш, да ја направиш мојата грешка. Јас ивитро правев точно пред 1 год, неуспеав и и јас како тебе што побрзо сакав пак да направам и аплицирав после 5 месеци, ми одобрија после 6 месеци и ноември почнав пак со терапија,во декември имав пункција но не и трансвер.Секој организам е различен, ама еве од моето искуство земи си поука.
Ако првово инвитро ти било на приватно,не ги приложувај документите од инвитрото,и нема да знаат,немора да чекаш шест месеци,ама три барем одмори.А ако си зела ваучер веке,тогаш ке чекаш шест месецци
Да така е но не ми се чека толку за ваучер иначе ќе правам на приватно на спонтан циклус ќе пробаме за тоа време ако не бидне и ваучер ќе си подигнам Јас ќе полудам вака што седам а неможам ништо да направам сакам што побрзо да пробам нешто ама и време треба не било толку лесно после неуспешно инвитро
Мила опушти се сега пробај со мажето твое остави го инвитрото. Хормоните уште се пресни па што знаеш господ е голем hug: Ајде главата горе силни жени сме ние можеме, ке помине и ова бура ќе изгрее сонцето и за тебе
Јас последниот пат за 15 минути завршив. Влегов точно на закажано. Претходниот за половина час, зошто ме замолија да пуштам еден пред мене. Човекот беше во количка. Би требало да си завршиш
@Sara mila Јас после неуспешното ИВФ (пункција без трансфер) мислам станав зависна од ИВФ отидов кај Лазаревски и му викам сакам одма пак! Не е битно колку треба да правам спремна сум не се плашам! Не беа проблем ни пари ни ништо. Докторот ме погледна и ми рече се е ок што сакаш ти ама ќе правиме после 6 месеци очигледно не си свесна колку хормоните влијаат на организмот. И така си го послушав и еве ги летнаа 6м. А реално ако он сакаше да ми ги земе парите до сега три ивф ќе ми направеше! Така да релакс малце срце и се ќе бидне!
Многу ти фала душо сега ме утеши малку јас се исплашив Мила мн ми е жал ,а нели е рано за тест кој ден ти е денес ? Не се разочарувај заедно сите продолжуваме напред.Те гушкам
Немој да бараш симптоми се е индивидуално.Еве прв пат кога останав бремена имав менстроални болки 3 дена пред тест и ми траеа до 6та недела.А сега ништо немав па пак останав бремена..Зборот ми е воопшто да не бараш симптоми опуштисисе позитивна мисла и ќе се успее.Многу и од членките имале менстроални болки па родиле и обратно што немале.Градите не ме болеа на почеток ама затоа сега ем големки ем болни
Фала ти мила и јас се надевам мн на позитивни резултати ама малку се зачудив немам апсолутно никакви симптоми. Ама ајде ќе се стрпам до тестот
Ни еден ден порано не ги ни разгледуваат документите.Другарка моја порано 2 недели ги поднесе и и кажале да поминат точно 6 месеци до ден па отпосле ќе ги разгледувале.А тие 6 месеци не се за џаве дадени хормоните се бомба за жената и треба внимателно со нив и затоа е тој период да се исчисти организмот.И приватно да одиш мислам дека препорачуваат бар 3месеци одмор.А на државата тоа не им е битно те следуваат 3 ваучери тие ќе ти ги доделат и за нив нема штета ама за твојот организам е лошо.Ова го имаат донесено докторите и паметно искрено.Верувам дека ти се брза но одмори малку во ивф процесот не секогаш докторите и терапијата се должни за успехот и психичкото олабавување е многу битен фактор во цел процес.Јас лично кога се опуштив и си реков овој пат со насмевка и позитивна мисла влегувам повторно јас успеав а пред тоа со страв со песимизам негативни мисли ништо не направив.
Сега се смирив душо откако ги прочитав сите ваши искуства. Значи заклучок е дека нема правила нема симптоми некогаш има некогаш нема и тоа е. Како сака господ така ќе биде
Ке биде мила, немаат сите болки, секој организам е различен, јас со птвото ивф имав болки и добив, со второто немав и еве тераме 10та недела. Ајде со среќа и со лесно
Фала ти мила ,со лесно нека ти е бременоста.Сега веќе не барам симптоми само се молам да не добијам менс.