И јас прашував во фондот за 4д и ми кажаа дека било кој ден можело да се направи, не било стриктно кажано кога. Кога тебе ти одговара тогаш,јас понеделник ќе правам и ќе ми биде 16 ден по циклус.
Еј никако сум. Нешто стомак ме боли. Се си мислам и порано ќе добијам . Една недела помина, уште десетина дена кој знае што ќе се прави,ако не ми дојде до 25-ти де !
Какво идење, па ние чекаме висока бета.Од се срце ти посакувам да не радуваш Што кажа докторот,треба да направиш бета?
Ајде само позитивно. па кај тебе после една недела може допрва имплантација да настанува. Инаку пред три години јас кога ги правев инсеминациите викаа за 14 дена тест. Сега гледам во систина препорачуваат после 18 дена, а во борн мислам дека и три недели. Претпоставувам дека зошто кај инсеминација оплодување може да настане покасно (зависи кога ќе пукнат фолкулите), па додека настане оплодување, па имплантација. Логично потребни се повеќе денови за разлика од ивф, каде се се знае точно. Само позитивно и стискам палци за висока бета.
Фала многу на инфо* Супер..јас па се исплашив да не го утнав терминот Уште тоа ми остана..и директно во фонд...а дали досега некој префрлал тестикуларно ткиво од една во друга клиника?
Можно е да,а јас иуи правев и без никакви стимулации,нити стоп инек. и не примив. Ако не дојде бабарога до Св.Кирил тогаш на тој ден ќе испитам бета.Тоа ми е најубавиот ден во годината Ама зошто вака ме боли стомак веќе два дена. Болките не ми се како пред циклус,некој чудни,нови болки.
Девојчиња, ми има останато естрофем едно кутивче не отворено и едно кое го отворив вчера (внатре има 20 таблетки). Исто имам една инекција овидрел (ја чувам во фрижидер) и повеќе од пола шишенце супрефакт. Кој има потреба нека ме конктактира, ќе му ги дадам.
Девојки денес ми е 12 ти ден од трансфер направив дома тест излезе позитивен само втората линија беше малку бледа. Потоа направив на крв исто излезе позитивен,уште го чекам од синлаб резултатот за бета хцг да видиме колку ќе покаже. Нз дали да се радувам страв ми е некако не сум уште сигурна ќе ви пишам кога ќе ја добијам бета хцг
Еее така де, нека почнат да се нижат позитивни тестови. Честитки и со лесно. Радувај се,нема што да ти е страв
Знам дека дискутиравме за хормонски инекции од косово....Дали некоја веќе набави од таму ме интересира (урошевац или приштина?!) Треба однапред да се најавам во аптека или .... и даваат ли документ за на граница