Девојки дали сте пиеле proxeed woman,по колку прашаци дневно,дали имавте подобрување и колку пари се?
јас ги пијам и се скапи (околу 3.000 ден), пиев по еден прашок на ден. како што читав треба над 4 месеци да ги пиеш за да ти помогнат. Според други 2-ца доктори џабе ги пијам, така што искрено не знам што точно да ти кажам и јас сум си комплетно збунета ... ќе ја дотрошам оваа кутија и не купувам повеќе, пиев скоро 3 месеци
го купив од Виола, се надевам дека ќе го најдеш поефтин во Србија ... мислам можеби тие 3.000 ден не се нешто многу пари, меѓутоа пари за ова пари за она и доста се собираат месечно ...
ти благодарам за одговорот, поштенски услуги кога ке наплатат може исто ке испадне, горе доле но убаво е да се има информација па каде поефтино ке биде од таму и ке купиме.
Лелеее честитки @cvekence 03!!!!!Колку ми е мило немаш поим, ајде сите овдека вака нека завршуваат ,а по 9 месеци и со живо и здраво бебенце. Нека ти е со лесно овие 9 месеци. Поздрав!!!
Ми спомна вчера Трајковски и јас и сопругот да сме ги пиеле, имале позитивен ефект ама многу се скапи. Плус и за двајцата 6000 ден месечно, многу е па и други лекарства,крај до крај неможеш да врзеш,за жал
Ќе си ги купите сите суплементи од составот посебно и ќе си пиете двајцата, ако веќе се одлучите. На крај краева нема шанси да те фати 6000 ден месецот. Можи ќе се соберат по една рака апчиња ама ефектот е ист, дури и кога ги пиеш одделно внесуваш поголема доза
Да да така ќе пробаме, баш денес го добив резултатот од спермограмот од хистологија и е катастрофа.Пишува дека се најдени само 9 нормални сперматозоиди,се друго е неправилно,неподвижно. Абе катастрофа Матичниот ми вика ќе ви дадам терапија и на двајцата а посебно на сопругот, најмалку 3 месеци да пие витамини, доколку е можно да се подобри спермограмот додека да започнеме со наредното инвитро. Се надевам дека ќе се подобри Доколку имате позитивно искуство со подобрување на спермограмот,споделете. Знам дека секој организам не реагира исто, ама ќе се обидуваме да го најдеме правиот лек
Мила мм пиеше што ли не, спермотренд, витамини е, селен, цинк,.... немаше никаво подобрување. Последниот пат митко ни рече исто така, нема шанси да се подобри спермограмот од витамини, џабе ќе пие, подобро јаткасти плодови да јаде. Е сега можеби има врска и самиот резултат од спермограмот.
Знам дека е така ама надежта последна умира, така.Мм профертил ги има пиено и јаткасти плодови со мед, пак исто.Со надеж сме дека ќе има доволно за инвитрото,сепак витамини се,може нешто ќе е подобрено.
Да така е, секогаш има надеж, и ние сме во иста ситуација, затоа така напишав, како што ми кажа др. А не ни мислам за ивф,...мора да се најде некој јунак
Девојки ние сме со многу тежок машки фактор и не дај боже да треба да правите микро тесе , но доколку е потребно право во систина кај Мицковски, ако на некоја и треба инфо слободно нека праша знам колку е тежок и трновит овој пат иначе кај нас дијагноза е неопструктивна азооспермија .
Кај нас пишува олигоастенотератозооспермија.Кажи ми со микро тесе,колку сперматозоиди извадија и дали ги замрзнавте?
Микро тесе се прави со тотална анестезија, се сечат тестисите и под микроскоп се гледа дали има здраво ткиво, тоа ткиво го вадат и го замрзнуваат за инвитро со икси метода, колку се точно не ни кажаа но само но кажаа дека има материјал од двата тестиси за едно 5-6 инвитра закажав кај Ивановски но дури на 16.06 па ке видиме што понатаму, мислам микро тесе се применува кога има целосно отсуство на сперматозоиди во ејакулатот.