@Miss G не е многу нормално да бидеш многу поддуена и да имаш многу болки. Исто како и за членката погоре (@emaemi1 ) сите совети се и за тебе. Врати две страни назад и прочитај што сме и пишале. Пиј ИсоСпорт, консумирај Протеини. Сурутка е идеално или тие протеински шејкови од спортски суплименти. Секој ден обавезно пилешко или риба + додатни протеини. Имав слични проблеми како тебе. Бев во NewBorn,преку фонд, ама докторот ми пишеше на Вибер, сам ме прашуваше како сум. Од многу фоликули или некогаш од висок хормон естрадиол, доаѓа до создавање вода во организмот. Затоа понекогаш по пункција се поддујуваме. Сепак моја препорака барај консулатација со докторот.
Мила тука сме со тебе. Ти држиме среќа за висока бета. И јас правев во Систина односот како што кажа и ти. Ама кога ќе ги видиш двете цртички здравје боже на се ке заборавиш. Сега бидиси позитивна и се ке биде во ред. hug:
Здраво, може ли некоја по искусна да ми објасни како да се ставаат правилно Фраксипарин инексии без да се прават модрици?
Мене мм ми ги ставаше и никогаш не ми излегуваше модрица. Ја потфаќаше кожата каде ме боцкаше и навалено под 45 степени. Истото и во стомак и во рака кога ми ги ставаше и дали само еднаш модрица ми се направи. Викаат дека не требало воздухот да се истиснува, ама ние не знаевме, па он го испушташе воздухот. Е сега некогаш е и до склоност за вадење модрици. Со лесно.
@emaemi1 болката кај секој различна зависи и од човекот и од докторот. Мене 26 ми извадија и никакво апче за болка не се напив само 2-3 дена малце незгодно ми беше кога седнував. Ми рекоа кетонал може да се пие. А за подуеност како што ти рекоа ако е премногу и болна право во болница за секој случај
Мила јас ги ставав во раката.Тие се ставаат поткожни,значи фати еден дел така јако насобери го со два прсти како на стомакот што ги ставаме и под агол од 40 степени најнежно стави ја.На упатството мислам пишуваше 90 степени ама не јас вака ги ставав 7 веќе па ништо немав. Поздрав
После хистероскопија, дали може веднаш да се прави ИВФ или барем ивф на природен циклус? Или треба да се почека наредниот циклус?
Пред се зависи од тоа зошто била направена хистероскопијата и од големината на зафатот. Но може, прават, па и препорачуваат, и со краток и со долг протокол. Консултирај се со докторот кој ќе ти прави инф и ќе се договорите
Тоа ептен ми одговара. Значи хистеро на 5/6/7 ден и потоа одма пунција на природен циклус.....една недела би било доволно да зарасне ткивото? Во право си, одма да си закажам консултација
Фала ви мн, ќе пробувам некако. Имам примнато 12инексии и веќе мислам дека во камен боцкам Во рака сама неможам, а на мм немам доверба. Јас си сум јас
Срцка ќе мора нареден циклус оти се уште нема да ти биде регулиран циклусот. Еве јас од хистероскопија на бришење малку имав крв а веќе 7ден крварам убаво а две недели поминаа од хистеро. Башка микрогинонот се пие за да спречи овулација го одмара јајниците.