Фала кукле. Постојано ми се врти во глава една твоја реченица која ми ја имаше пишано одамна: КОЛКУ СОЛЗИ ВИДЕЛЕ МОИВЕ ОЧИ!! Моиве денес за прв пат видоа волку солзи. Мм ме теши дека сепак ова било само иуи, ќе сме успеале на ивф. Не знам како ќе соберам сили за тој пат. Ама ќе морам, ќе морам за самата себе,ама најмногу за него.
Сврти се назад и види кој пат си го изодела до сега. Колку тежина носи тој пат, м? Ти „легнале“ работите и мислиш дека лесни биле и ова е најтешкото. Само јуначиште носи толкав товар. Исплачи се и само храбро напред!
Ајде @Bubce38 исплачи се денес, од утре крени глава. Не го коси маж ти. Мојот сега кога спласнаа работите ми вели не знаев за кого попрво да се секирам, за тебе што те гледав неутешна, или за тоа што се случи. И нив не им е лесно.
Само што го читам ова ми идат солзи. Мм е мојата најголема поддршка за се. Кутриот, кај за ситуацијата се грижеше, таму и за мене. Секогаш велеше - знам дека ќе имаме дечиња, ама тебе кога ќе те видам тажна и не можам да ти помогнам ме боли многу повеќе од се што се случува.
@kukla21 @duffi почнаа солзи да ми течат од муабетов имам чувство дека паровите кои поминуваат низ оваа агонија се многу по поврзани меѓу себе. И мојов само ме гушкаше по цел ден и ме тешеше. @Bubce38 ќе биде добро ќе видиш ќе се наместат коцките и ќе бидеш многу среќна.
Исти е и мојов.Еве го си дојде порано од работа. Цел саат ме гушкаше , а јас си плачев. Тој солза не пушти. Немо ме гледаше, уплашен, потиштен. Му реков да ме остави веќе, да си најде некоја која ќе му подари син. Е тогаш се истури од плачење. Ми рече дека јас ќе сум му родила и тоа ќерка ќе сум му родила,убава како мене ќе била. Душава ми ја стопи. Ќе се обидам да се смирам. Те гушкам убаво девојче И уште еднаш ви благодарам на сите. Кукла21 , од сета тага, заборавив да ти честитам за дундата. Со лесно да си ја износиш , драга пријателке
Миличка наша бубче нема зборови за утеха. Исплачи се и од утре со нови сили. Господ за тебе спрема нешто специјално нешто прекрасно. Ке дојде денот кога ке ни пишеш девојчиња и јас успеав. Главата горе зошто тој ден ке дојде сега бргу. Те
@Bubce38 јас дојдов да те карам Не би да ти дотурам сол на рана и потсеќам на грди денови, но ти помина многу, многу полошо и тоа неколкупати друшке, ова денес не знам ни дали ти е за солза, не пак вирови што правиш помина и инф каде се шансите каде, каде поголеми отколку кај иуи и стоеше исправена, од тука што сум прочитала на форумов дали 2 женички останале бремени по иуи, приватно за жал не познавам ниту една Верувам, знам секој чекор ти влева надеж, така и треба, но биди реална! Времето се ближи кога мешето ќе биде полно, но едноставно тоа не е овој месец! Грабни мажето и на меден месец по кој знае кој пат појдете или палете колата и пред докторот шема да ти направи за инф
Знам бе Еме @emkaemka ,за се си во право. И на мене не ми е јасно како толку ме "бутна" оваа иуи. На почетокот не се надевав воопшто,нели си пишав и овде дека ја правам ради реда.Ама еве ми касни цела недела за прв пат,се уфилмав викендов оти ете битна, ваљда за тоа волку плачки. А точно, и мм ме кара дека ова е гола вода во споредба со се што проживеавме до сега . Башка,ние сме релативно кратко во оваа битка ( 15 месеци само) ,ама желбата е иста ваљда како и кај тие што десетина години се борат. Ќе ми помине брзо се надевам. Да истераме едно одморче сега па здравје крај на лето почнуваме со боцки. Ти благодарам на одвоеното време да ме утешиш
@Bubce38 не заборавај дека уште си под стимулации. Фаќај маже под рака и бегајте некаде на моренце. На уживање.
А баш вчера те помислив што се случи. Исплачи се и со нови сили. Ќе биде особено што немаш проблеми со забременување. Те гушкам силно
Бубче не се нервирај џабе. Си останала бремена и природно, ќе останеш пак само не бил месецот погоден. Не се нервирај на една обична инсеминација знаеме дека шансите се премногу мали и не треба тоа толку да не трогнува. Шансите со инсеминација скоро се и како на природен начин мене така ми кажаа... Верувам дека следен пат со ин-витро ќе бидне работата кај тебе, верувам! ЗНаеш дека ние на овој или на оној начин некогаш ќе бидеме мајки, главата горе нема разочарување.
Храбрата девојка толку многу да плаче.....леле бе душичке.............Не бидна сега, ќе бидне наредниот пат, или понаредниот, важно ќе биде! Ти си сега под стрес и кога многу сакаш и го мислиш, ете не бива. Но, ќе биде, верувај. И јас сум со слична приказна, знаеш, и конечно почнав да верувам дека ќе биде 15 месеци не се воопшто малку! Тоа е многу стрес, страв, емоции, тага.....не е лесно. Те гушкам и ќе се видиме кај Трајковски
И ти си кај него? Баш сме клуб на АМХ. Само Вале нема да не дружи кај него изгледа @Valentina888 Ах бре малечко , ми маваат годинките на психа...
Да, јас бев на консултации ама сега ќе паузирам некој месец здравје од октомври ќе почнувам Права љубав, године не брои ја знаеш ли Љубов и разбирање ако имате-ништо не е невозможно
Девојчиња, само да Ве потсетам и јас сум во тие со низок АМХ и годинки за машала ама никогаш не е касно....сите еден ден ќе бидеме мами, кој порано, кој покасно.
Јас за ова маааалку да те искарам Тебе те сака и со тебе ќе си има бебенце, нема оставање! Батали што се случи со ова иуи, ќе си останеш ти во меѓувреме бремена природно, ќе видиш! И ќе останат само постовите овде како спомен на една борба која завршила со победа, со најпобеда! Глава горе, гушкање со мт, одморче некое јако и ќе биде се' во ред