Некои пишаа дека не е истата постапка, но не можам да кажам бидејќи немам информација што прават во Њу Борн. Треба да се праша.
Здраво девојки и јас да се јавам на форумот, денеска ќе однесам документи за инвитро во фондот за здравство , малку ме загрижува микробиолошките резултати ми истекуваат на 29 .06, па дали ќе има нешто влијание за недобивање на ваучер, колку време се чека за одговор од фондот? инаку правев инсеминација на гак на 01.06, на 19 ден од циклусот бев на 4 д (за обезбедување на документа за ивф ) и ми рекоа дека има некаково жолто тело од 17 мм докторот ми вика сигурно е од овулација што си имала . сега останува да чекам резултати од фондот.
Нема да ти прават проблеми од фондот доколку во моментот на поднесување брисевите ти се валидни. Сепак, во клиниката каде ќе правиш ќе ти побараат брисеви не постари од 6 месеци. Мој совет, поднеси си ги документите, за да си тече постапката, а паралелно направи си ги брисевите за да си спремна кога ќе стаса ваучерот. Среќно!
Ја имам пиено вино и рен, ама незнаев дека е и за канали. Инаку мене каналите неможеа дури ни со лапараскопија да ми се исчистат, така да тешко вероватно дека ова би помогнало.
Јас пробав да го пијам неколку дена....бљааккк!!! По грозно нешто немам пробано. Не знам кој го измисли тој "лек"! Виното оксидира за 1 ден, а не па да стои неколку дена и башка со рен во него.
Јас имам пиено и мн лути.Голтка од тоа пиев,голтка вода со мед .Не останав трудна ама па од тогаш навакај дала му на Господ хпв немам на пап тестот,а пред тоа имав.
ХПВ се потврдува со ХПВ типизација, а пап тест дава индикација за хпв, но не мора да значи дека е хпв и може да биде само некоја бактерија. Правеше типизација?
Ова уште не бев мажена пред десетиба год,прв пат правев пап тест,и излезе хпв,прав типизација и излезе хпв со цин1 и незнам кој тип вирус беше.Правев после тоа биопсија со колпоскопија,на биопсијата излезе нема присуство на хпв,а на пап тестот излегуваше хпв неколку години по ред.Последниве 4 -5 години,чист ми е пап тестот.
Мешиња денес влагаме во 30та недела, си растеме бебе мрда, мрда. Не знам кога спие ова дете Инаку решивме викендов да одиме во Охрид. Многу сум среќна ептен ми се оди. дома реновираме немаме шанси за на одмор ама барем два дена ќе смениме атмосфера од рушевини, гипс картони и плочки
Место во труднички тука сум го пишала постов ама знам дека сите од овде ќе станете мешиња исто како мене