Jas probav da pijam zasto procitav deka pomsga za da ostanes bremena ...mnogu odvratno ednas probav i se isuriv od povrakanje Ако на некоја што е во подготовка за инвитро и треба супрефакт имам пола шишенце и една лента од 10 апчиња letrozol ( femara) . Пишете ке ви ги дадам . Јас сум од скопје .
Девојки, од 27ми мај примам супрефакт и ми касни 3 дена.Загрижена сум и незнам шо би било ако не добијам.Ви има ли некогаш доцнето и шо после. Имајте најубав викенд ❤
@Twiny мислам дека ќе добиеш. Или направи тест да не случајно си веке бремена. Имаше една членка додека примаше суперфакт остана бремена. Ако тестот е негативен, јави се во болницата кај докторот кај кој си. Не знам која доза на суперфакт примаш, но може да ти ја намали дека ти касни.
И мене ми доцнело немој да се сеќираш ќе добиеш.Што повеќе си го стрезираш телото тоа не чини.Јависе консултирајсе со докторот што ќе ти каже
Направив тест и преку крв,не сум бремена (ништо ново ).Пред неколку саати имав кафеава точка на тоалетот и толку. Ќе чекам уште утре бидејќи е недела и ако не добијам ќе се чујам со др. Инаку се чувствувам многу депресивно, неможам ништо да правам, само да лежам во темница сама.До душа многу долго време ми е така ама откога почнав со ивф освен тага и безволност почнав да чуствувам и бес и гнев.Девојки извинете но јас се префрлив изгледа на др тема Фала за советите❤
Зошто вакви неубави мисли сега кога си почната со процедура. Главата горе и надвор на шетање. Користи го убавото време и дружи се и спремај се за убави работи. Многу битна работа во целиов овој процес е и организмот да биде опуштен и мајката среќна. Со депресија и лежење дома нема ништо да постигнеш.
@Twiny Бес,гнев,тага,безволност, поготово па за време на ивф. Ајде малце попозитивна,глава горе и само мисла за убави работи
Немој така, не смееш!!! Ајде малку опуштено, сите сме поминале низ ивф-процесот и знаеме колку е тешко. Плачи кога ти се плачи, но не се затворај во темница. Девојче, сакај го животот!! Тој е убав, а ќе биде уште поубав кога ќе си ја постигнеш целта. Значи, насмевка на лице и излези некаде низ град, ок?
@Twiny и двата пати кога правев IVF примав суперфакт ми каснеше. Еве, овој пат ми каснеше 5 дена и имав II. Не смееш да дозволиш да паднеш. Баш сега се очекува од тебе да блеснеш и да владее една позитивна хармонија во твојот организам. За ~14 дена ќе бидат ставени ембриони во тебе, кои зависно од состојбата на организмот може да останат или не во организмот. Зошто си тажна? Од се срце треба да го очекуваш овој момент, сега си неколку чекори поблиску го сонот и до целта Уште денес излези некаде, излези од дома. И утре немој да си останала дома. Во парк, на кафе, било каде, шетај. За 2 недели кога ќе ти ги вратат ембрионите ќе мируваш, сега собирај енергија, полни батерии
Здраво на сите! Сакам да би кажам за лошото искуство во ,,Плодност,, Битола. Иако имав слаби резерви ми даде Мерионал и немаше ефект па пропадна моето 1во инвитро,После тоа знаејќи дека не реагирам на инекции ми даде највисока доза и ми се направи циста.И пазете-од кога ми зеде 1000 евра последниов пат ми рече-Е ова ти е тест сега знаеме дека не реагираш на инекции и ке одиме на природен циклус.Како не му е срам,јас толку непредвидлив човек,што се придерават на пациенти и што не смееш ништо да го прашаш немам видено.Никогаш повеке кај Таше како не му е срам.Бидете предупредени дека ке изгубите пари и време кај тој нечовек.
Мила мораш да бидеш храбра во овој период. Мисли на позитивни работи, поразговарајте со сопругот за периодот што следи, дека ќе успеете, некогаш разговор со најблискиот може да ти даде надеж,охрабрување,разбирање и огромна поддршка за периодот што ти следува. Верувај затворањето во себе е лошо,излези забавувај се и сакај го животот,живеј го секој ден како да ти е последен. Ти посакувам се најубаво и најбитно од се да се радуваме сите заедно со твојата висока бетаhug:
И јас имам негативно искуство од Таше, но има и доста позитивни искуства меѓу членките @bibiiii. Не можеме да ја спориме неговата стручност, бидејќи сепак и е голем бројот на семејста кои ги исполниле нивните сонови благодарение на него. За било кој друг доктор или клиника да се одлучиш, ги имаш членките да ги прашаш за претходно искуство. Се надевам со скоро време да не израдуваш со позитивни вести и II
Ти посакувам следното ин витро да е успешно,а ова лошо искуство да го заборавиш и оставиш зад себе што побргу Мене едно ми упадна у очи од твоево пишување па би сакала ако може да ми објасниш. Велиш "иако имав слаби резерви ми даде Мерионал и немаше ефект"ова до сега не сум го сретнала како инфорамција. Бидејки и јас сум со слаби резерви како велиш исто примав Мерионал и баш ме замисли да ти кажам искрено. Ако би била љубезна да ми објасниш од каде ти е оваа од доктор,го имаш прочитано некаде или.....
И јас имав слаби резерви па ми дадоа доза 5 на ден па имав ј.клетки. Незнам оваа информација од каде е, ако немаш резерви - дека не треба мерионал
Душо, секој доктор греши. Обично применуваат проверени протоколи на почеток, како инаку ќе знае однапред. И на природен циклус често се прават грешки....нема да го погоди денот за пункција, или предвреме ќе пунктира или фоликулот ќе прсне. Поминав јас се и сешто. Најдругарски те советувам да не бидеш огорчена. Овој пат е тежок, некој побрзо, но некој побавно стигнува до целта. Обично, за слаби резерви се препорачуваат минимални стимулации, и тоа пробај го па ќе видиш дали ќе реагираш. Ти посакувам многу среќа! Така си мисли, дека од мерионалите немала фоликули. Иако јас не верувам дека е така, мерионал содржи FSH и LH и често се применува за ивф. Јас истото го мислев за фостимон. После 2 циклуси со добиени по 1 фоликул на секој, и тоа со најлош квалитет, не сакам да слушнам за фостимон и супрефакт, а не па да ги примам. Сите имаме различни искуства и различни организми.
Уф како бе минимални стимулации?? Јас примав по пет Мерионала дневно,тоа нејке да е минимална стимулација,нели .Дури сега ништо не ми е јасно
5 мерионали се јака доза....и може да ги "изгори" ј. клетките (ова особено важи кај намалени резерви, и намален квалитет). Минимална стимулација се дава од 2-3 ден од циклус, пр. по 1-2 инјекции (од било која, пр. гонал ф, менопур, метионал...итн...зависи каков е протоколот, има многу различни), а потоа се зголемува, пр. на 3 инј, и оваа стимулација трае 3-4-5 дена, па доаѓа стоп инјекција. Или, може да се почне со таблетки, од 2-3 ден од циклус: кломифен (кој не се препорачува многу) или фемара, се земаат 5 дена и после може да се продолжи со 1-2 инјекции, 1-2 дена....отприлика така оди таа минимална стимулација. Пребарај душо по интернет, се пишува, за многу протоколи.