Фала срцка прашувам за другарка ми на два пати и вадат само по два и вториот ден и ги враќат а нема никаков проблем а првиот пат остана бремена ама кога појде на ехо немаше срцева реакција а вториот пат немаше вопшто бременост
Pa so deka imav mnogu jajce kletki?!Pak nisto.Po 4 embrioni mi pravese transfer.Ni za zamrznuvanje ni imase spomnato ni nisto.Ko so pisaa pogore,pari na raka.Bez fiskalna bez nisto.
Ти разбираш дека тие со намалени резерви имаат по 1?Не знам шо е муабетов за фискалните,на сред терапија треба да се карам со него?Па да не одам повеке и да пропадне се?Се стори сега помина осата
Здраво девојки, најнапред извинете за долгиот пост но доколку му треба на некој нема ми пише во порака. Сега правев 4 ИВФ и ова го плаќам приватно. Кога ги правев претходните три ИВФ терапијата ми беше по 6 инекции на ден и ја примав по 10 дена и секогаш докупував по 30 инекции приватно бидејки имаме нели само 30 преку фонд, овој пат се приватно и си ги купив инекциите во аптека во Урошевац ги најдов фостимон по 11 евра и цетртотиде 33 евра, и земав 60 инекции фостимон и 5 цетротите се разбира во договор со докторот и гледавме по шемите од претходно дека секогаш за терапија сум примала по 60 инекции и марфи дека ми е најдобра другат овој пат за терапијата ми требаа 40 инекции фостион и 4 инекции цетротите. Доколку на некој му требаат инекции фостимон имам 20 кој што една ја платив 11 евра и имам 1 цетротите по 33 евра нека ми пише во порака, истите се ко кај нас само што кај нас со цената се дупло поскапи. Извинете уште еднаш на долгиот пост но можеби на некој ке му требаат и секој денар ни е важев во оваа постапка да не ги плака да неречам дупло како што сум ги плаќала и јас претходно
Докторот проценува кои инњкции се потребни и колку за ској протокол. Најчесто користат успешни протоколи наместо за индивидуални. Не се посветени доволно на пациентите. За тие со виаок фсх и низок амф треба поинаков протокол. Во никој случај долг, треба исклучиво краток протокол и да не се претерува со мн. инекции зашто нема ефект. Се јавуваат цисти. Ова од лично искуство го кажувам.
Акo е oвa ствaрнo зa Тaше, нaвистинa срaмoтa и нехумaнo oд негoвa стрaнa. Луѓетo нa секoј мoжен нaчин бaрaaт пoследен спaс вo негo зa oгрoмнa сумa, a тoј вaкa ги "шетa пo тaвaни". Жaлoснo и нехумaнo зa билo кoј не сaмo зa Тaше.
Здраво Беба1.Ти пишав во пораки за инекциите.Те молам ако можеш да ми одговориш.ти благодарам..поздрав
Девојки стварно ме испотресовте со коментариве за др.Таше,а јас сум кај него моментално за прво ивф. Но,се решив за него бидејќи таму правев 2 инсеминации и хистероскопија,плус кај мои блиски и неколку познаници од прво ивф си имаат здрави дечиња. Од мое искуство знам дека не објаснува многу и некогаш се шегува на чуден начин ама со оглед на нивната тешка работа и долги години искуство многу доктори немаат нерви да тинтраат многу. Да не сум грешка сфатена тоа е мое искуство па со Господ напред. А Вие што имате полоши искуства сосем ми е разбирливо ова што го кажувате. Дај Боже да Ви успее следниот пат кај и да е. Инаку уште нешто сакам да пишам. Значи ќе полудам шо не ми доаѓа мензис,5 дена ми касни.Вчера и завчера имав само по еднас кафено и малку крв на тоалет и толку,а болки за мензис да. Си викам може тоа беше мензисот и толку,а може не.А како да одредам 3 ден од тоа или...?!?Др.ми рече ќе добиеш, а за супрефакт не се секирај до 20дена може да се прима (а јас денес еве 17 ден кога примам). Се прашувам ако не ми дојде можно ли е да се прекине цела процедура или што... Го прашав др.вели душо ќе ти дојде...Вечер пак ќе му се јавам. Дај кажете нешто,можно ли е само тие две капки да ми беше менструацијата зашто мене и природно ми е слаба и само 2 дена ми трае.уфф ве отеков значи. Дај пишете нешто
Извини на нашите коментари, влеговме предлабоко Колку примаш суперфакс? по колку? Нема да имаш штета, но ќе се развијат повеќе фоликули, повеќе отколки што е потребно. Барем така беше кај мене. Тоа ми се случи кога примав 0.5 суперфакт. Додека првиот пат как Таше примав 0.3 и си беше сосема ок. А можеш ли да одиш на преглед? Ако си далеку од Битола, оди кај матичниот да провери дали навистина тие капки биле период? Мислам вагинално може да процени??
Таше има исклучително голем број успешни приказни. Кај многу мои познаници го има направено и "невозможното". Има и такви со ептен лошо искуство. Еве и јас немам ниту еден убав збор за него,мада бев на само еден обичен преглед. Ноо, тебе нека те водат овие првиве. Опушти се и мисли дека ти ќе бидеш следнатс задоволна пациентка од кај него со убава приказна. Од слушање знам дека имало и такви случаеви зс време на ивф да имаат таков "оскуден циклус". Ама пак јави му се, да се смириш. Со среќа
Немој да се сеќираш. Секогаш ќе има позитивни-негативни приказни кај секој доктор. Има многу задоволни од Лазаревски, јас на пр. воопшто не бев задоволна, исто како што јас сум презадоволна од Трајковски, а има пациентки кои не се. Битно е ти штом си му ја дала довербата, до крај да веруваш дека ќе успеете. Инаку и јас кога бев на супрефакт, од циклус кој трае по 7 дена, имав едвај оскуден и тоа третиот ден едвај. Оди за секој случај да проверат дали ти е циклус или станува збор за нешто друго. И само смирено. Се ќе биде добро на крај.
@Ano фала ти за подршката. @Bubce38 фала ти! @Momichka Примам по 0,4 од супрефакт и се слушнав завчера со др.Таше.Тој ми вели ќе добиеш ако ти касни и вели супрефакт се препорачува до 20дена и да ти доцни. Инаку далеку сум ама чекам да каже па ќе одам ако мора само тоа да провери,шо да правам...На матичниот баш и не му верувам.