Абе има многу матични кои се лејки(празни тикви). Чисто да ти даде потрвда дали си имала менстуација или не. Тој ќе види по големината на ендометриумот. Ако ти е втор ден, или трет веднаш да почнеш со успитување на хормони и да продолжиш со терапија. Да не се возиш до Битола, затоа... Барем мене Струмица - Битола ми беше многу тешко, плус често патот беше блокиран кај Демир Капија, па се враќавме и одевме преку Неготино.
Душо не се секирај секој има различно минато таму јас пак ке кажам дека сум презадоволна од кај него и сите што беа со мене во соба за трансфер остана бремени. А и во почетокот кога почна да прави инвитра една моја роднина направи таа 10 години немаше деца ете сега има две близначина ама една две ке кажат лошо искуство и толку одма не чини одете на страната на плодност да видите се какви интервенци прат јас таму пред една година се оперирав никој не ми побара пари на рака дури моите со девизи сака да платат а тие не ги зема пошо беше не работен ден дури другиот ден им однесовме а од охрид сме. Ако ви смета постов избришете го а ти срцка не се потресувај за без потреба ти посакувам позитивен тест
@Twiny јас кога примав микрогинон и супрефакт пред ивф секогаш одвај донивав по малку. Инаку по 6/7 дена имам. Тогаш одвај 3/4 дена и тоа како последните денови од нормален циклус, дури помислував дека ќе ми прекине, повеќе нема да добивам. Ова зашто имав неколку такви циклуси за околу 1година. Таше ми објасни дека е нормално тоа од терапијата.
Сакам оф топик да се изјаснам во врска со анкетава погоре. Може некој ќе се сложи со мене, може не,сепак нема да ми замерите се надевам. Малку ми е не фер анкетата, како према докторите, така и према болниците во кои работат, бидејќи сметам дека сите доктори кои се остручиле за да прават ИВФ се стручни, и успехот или неуспехот не зависи само од нив, а веројатно и најмлку зависи од нив, туку зависи и од многу други фактори: -пред се е проблемот со кој се соочува парот, кој е веројатно најважниот фактор, бидејќи има проблеми кои се решаваат со ИВФ, но има проблеми кај кои ИВФ и не е некоја опција која гарантира успех а сепак се препорачува како единствена опција, -потоа фактор е ембриологот, -квалитетот на јајцеклетките, -бројот на квалитетни јајцеклетки, -возраста на жената, -состојбата на матката на жената, -состојбата на јајниците на жената, -воопшто организмот на жената, како самиот организам ќе реагира на терапијата и на бременоста, -квалитетот на сперматозоидите, -компатибилноста, -стресот... и милион други ситни фактори Она што сакам да го кажам е дека оние доктори кои се извикани и на анкетава имаат повеќе глсови, ниту извиканоста, ниту гласовите овде, не ги прават подобри од останатите. Секако дека секој ќе го даде гласот за оној доктор кај кој има направено успешно ИВФ, но тоа не значи дека ако претходно има неуспешно ИВФ кај друг доктор, дека тој доктор не е добар. Од друга страна еден доктор на пример има направено 200 ин-витра, а некој 50, некој 25, некој 1200, на некој доктор му се погодило да има поголем број повозрасни пациентки, или со посериозна дијагноза, на некој поголем број помлади со поедноставна за третирање дијагноза итн... Анкетава не претставува, и не треба да ви претставува, листа на доктори рангирани како добри, лоши, просечни. Тоа што жената нема веднаш успех, или има успех после едно, две, три, пет ИВФ-а не евоопшто поврзано со докторот. Докторот кој го направи моето успешно ИВФ веројатно има и еден куп неуспеси како и успеси. Бите фер према докторите, нивната цел не е да ни наштетат, туку да ни помогнат.
@Twiny јас сум од Битола и морам да искоментирам, само да ти дадам поддршка и да те советувам да не се грижиш и двоумиш штом си одбрала да одиш кај Таше. Навистина има поинаков пристап, чуден е некогаш, сум одела и јас кај него, има и незадоволни од него, ама факт е дека има огромен успех. Само во моето семејство има 3 примери (јатрва ми после 9 години, второ ивф преку фонд успешно, една тетка по 16 години брак, друга по 14 години, успешни ивф исто преку фонд, и тоа втората по прв пат). Има огромен број примери што се задоволни од Плодност, се надевам искрено дека и кај вас ќе е таков случај, само позитивна мисла и со лесно во постапката.
Se soglasuvam so mislenjeto, i bi dodala deka ne se opfateni site dr koi se vkluceni vo ivf a imaat dobri rezultati
Незнам зошто толку во е важен бројот на ј.клетките значи само една е доволна за успешно инвитро. Јас имав 2 од кои само 1 ми се оплоди па еве фала му на господ слушнавме и срцева реакција. Што значи подобро 1 или 2 ама квалитетни а не само на број да се добиваат. Тоа е мое мислење. Поздрав
И тоа е точно, сепак анкетата е излишна, не треба да ја има, тоа е моето мислење. Некои кои допрва треба да прават ИВФ ќе мислат дека тие доктори со повеќе гласови се ‘‘подобри‘‘ што апсолутно не е точно и анкетава не е мерило за стручност..
Еве јас имав четири, од кои едната не ја биваше, па од три, две се оплодија, ги вратија двете и еве едното ме клоца сега
Оф фала ти...дај Боже да биде...твоиве зборови мелем за душа после сите други постовиАјде утре одам кај него. Фала ти златна на медениве зборови и тебе ти посакувам шо ти душа сака. Воопшто и на сите феминки тука. И мене ми кажа дека слаба ќе биде овој пат ама јас и така имам многу слаба менструација па може затоа сега само два дена по една капка и кафена трага.Стварно немав мир и му звонев на др.Таше и завчера и денес.Ми рече денес за утре да одам и вели тоа е толку. Ваљда можно е и до толку слаба. Дај боже утре да се во ред хормоните и да продолжиме со следната терапија.
Испаѓа работава овие доктори со најмногу гласања имале само " среќа " да им се погодат пациентки со "подобри" проблеми одколку на другите. Ах Лазаревски, Ивановски и Трајковски среќлии едни низаедни А ти да не си некоја роднина или некоја сестра или вработена кај некој доктор од анкетава кој нема многу гласови па што тераш правдина како требало да биде гласањево? Само едно ќе кажам - ДОБРИОТ ГЛАС НАДАЛЕКУ СЕ СЛУША!
@RedRevolution насловот на анкетата не е кој доктор е најдобар (најстручен), туку кој лично некоја би го препорачала за ИВФ постапка. Голема е разликата. Доколку си ја следела темата редовно ќе знаеш дека многу често нови членови прашуваат кај кој доктор бевте, од кој сте задоволни, дали беше успешно. Има членки кои не успеале (се уште), а сепак би препорачале доктор заради ред квалитети и особини кои ги поседува. Факт е дека за успешна приказна треба повеќе играчи од клиниката, среќа, меѓутоа за нас (мене) лицето и визуелизацијата за време на постапката е докторот. Не значи дека со тоа работата и улогата на сестри, ембриолози им е намалена или маргинализирана.
Да, знам дека анкетата гласи ‘‘Кој доктор е ваша препорака за ИВФ остапка‘‘, но сите што ги знам, а кои имале неуспешно ИВФ, за следното отишле кај друг доктор, не познавам еден пар кој се вратил кај доктор кај кој не успеала постапката (а сигурно дека има и такви случаи), а доколку им успеало кај следниот доктор, го препорачуваат него затоа што имале успех, и тоа ми е сосема нормално. Пријателка која имаше неуспешно ИВФ во Систина сега не сака да стапне таму, друга која имаше неуспешни во Њуборн и Ремедика не сака да сапне таму, апсолутно не ги препорачуваат тие болници и доктори, и сметаат дека е до докторите, до нивната ‘‘нестручност‘‘, а не дека некој друг фактор можеби придонел за неуспехот. Те разбирам што сакаш да ми кажеш, дека докторот, неговиот пристап кон пациентите, односот, позитивноста за време на постапката е многу важен, за сите нас, а сепак има доктори кои се поладни, посериозни и им се комплетно непривлечни на пациентите, а сепак се професионалци во својата работа.
Не, не сум, само го кажав моето гледање на работите, познаници наши се спремаат за да прават не знам веќе кое по ред ИВФ, и ќе го прават во Чешка, пошто кај нас ги пробале сите доктори и според нив неуспехот кај нив значи нивна ‘‘нестручност‘‘.
@RedRevolution ти ја разбирам поентата и целосно си во право секако дека има милион директни и индиректни фактори кои влијаат на успехот при инвитро. Сум читала за холивудски ѕвезди кои со години се бореле со неплодност а не им биле проблем ниту парите ниту изборот на најмодерни светски клиники и "најстручни" доктори. Но сепак не успевале. Неколку пати сме дискутирале дека во медицината е се многу покомплексно од сите други сфери. Јас сум ја имала таа привилегија да растам дома со доктор и можеби малку од поинаква перспектива ги гледам работите. Да беа работите толку едноставни никој немаше да има здравствени проблеми, но не се... Сепак, идејата на анкетата е индивидуално секој да си се изјасни за доктор кој според сопственото лично искуство го препорачува. И тоа е сосема фер и коректно
Некогаш и трката за пари, пациенти ко на производна лента ја потиснуваат стручноста на докторот кај нас. Многу ретко има персонализиран однос, внимание и посветеност. Тоа е мое мислење од акање по болнициве наши. http://www.tolovski.com.mk
@Twiny јас сум од Битола и ќе ти кажам дека сите во Битола одат кај Таше и не само за вештачко. Навистина човекот може да го направи невозможното ти гарантирам. Не може сите да имаме исто мислење па со се кога гледаш е така.Еве на пример земи за една обична маскара Golden Rose мене ми е совршена, а може ти несакаш да ја погледнеш ни за без пари не би ја користела. Немој дополнително да го оптоваруваш телото со стрес кој какво мислење има за докторот, само со позитивна мисла и верба во докторот и во Бог ќе успееш сигурна сум.