Од тие причини, не сум ни лајкувала слики од бебиња, ниту споделувам такви статуси, ниту слика како трудница на фб не сум ставила. Знам дека има жени кои ќе бидат погодени од тоа: имаш дете (син, ќерка) имаш се, богата си и сл. И јас до вчера посакував такво богатство, но не е се до нас. Господ си знае и ќе не израдува сите нас, но не смее да сме безобразни кон останатите на кои среќата покасно ќе им се насмее.
Незнам зошто си ја полните душата со горчина и омраза. Оставете ги другите. Секој што прави за себе си прави. Не секој сфаќа колку е тешка нашата борба и не секој може да си ја потисне среќата, а според мене и не треба. Ако ви пречат едноставно игнорирајте ги. Гледајте малку попозитивно на работите. Позитивен и среќен човек многу полесно се справува со проблемите, отколку огорчен. Ве поздравувам и гушкам и ви посакувам на сите што поскоро полни мешиња.
Не сакам да ја полнам темава со вакви постови бидејќи мислам дека е една од најубавите и најхумани теми каде што сме собрани различни луѓе со иста мака и си даваме меѓусебна поддршка и совети, ама дечки многу фрустрации ви се насобрани, полни сте со осуда. Очигледно дека сите имаме различен капацитет да ги "хендламе" сопствените емоции. Страшно е да мислиме дека некој става слики и статуси и се радува на сопствената среќа за да ви наштети вас. Тоа е исто како некој да не смее да се радува на сопствената куќа зошто јас немам куќа. Па секој си ја води сопствената борба во животот и тоа како има право да си се радува кога ќе победи. Ќе ви биде многу полесно ако излезете од сопственото его и почнете искрено да се радувате на туѓата среќа. Мислата е бумеранг се враќа назад каква што ја испраќаш.
Од мене само поддршка до сите. Во борбата за бебе има и те како тешки моменти. На сите им се случува да паднат понекогаш, на сите им се случува да плачат за туѓи бебиња, да се сожалуваат себе си. Така што искажете се тука, нека ви излезе се од срцето и потоа храбро напред. И јас имав такви тешки моменти. Рационално знаев дека не сум во право ама си имам кажано милион пати со што бре оваа или онаа залужила да добие бебе. Срце сеушрте ми се корне кога ќе видам деца што просат.Заљ нив секогаш сум викала како бре не ви бев јас мајка. Зошто и вие и јас се мачиме. И знаете што и сега кога го имам тоа долгоочекувано дете исто мислам. Нивните родители апсолутно не ги заслужиле тие деца. Во некои понормални држави на таквите родители ќе им беше одземено родителското право. Тоа е што е. Оваа борба го пука адреналинот скроз до максимум, ама ќе успеете. Штом сте решиле ќе успеете друго нема.
Зошто уште на старт со недоверба сте за телефонската линија со министерот? Тоа што не пишува seen не значи ништо - може е исклучена таа опција. Малку трпение, упорност и доверба треба, како и за се. За фрустрациите многу пати се пишувало и сум пишувала тука. Сите сте во право. И оние кои мислат дека ги повредуваат и оние кои мислат дека таа состојба треба да се надмине. Секој на свој начин се бори со своите емоции, мисли, чувства..
@ocicka2014 ме расплака бе мила Откако те прочитав, силно верувам дека ќе успеете и секоја солза ќе ја заборавиш еден ден. Сите сме паѓале во оваа борба на моменти. Сите сме викале зошто јас? На сите ни паѓало криво од тие статуси и слики .... Ама сите ќе доживеете еден ден. Ве гушкам сите и од срце ви посакувам да успеете
Јас пак кога ќе бидам трудна и кога би било се ок ,би ставила слика на фб на пример. И од дете би ставила и би се пофалила ,еве го мојот син/ќерка ,мојата гордост би напишала. Не сметам дека со тоа на некој би ја зголемила болката. Имам пријатели кои на пример еднаш годишно не се во можност да седнат во кафанка. Јас еве на фб секоја недела ставам сликички кај сум и што сум. Не го правам тоа за да ги навредам или пецкам тие кои го неможат тоа. Подеднакво се радувам и за тие што од прва и ко из цуге останале трудни ,а и за оние кои со год се бореле. Една другарка со 3 ж.деца скоро разбрав дека пак останала трудна. И беше незгодно да ми каже. Од други разбрав. Веднаш и се јавив. Се расплака ,не ми кажала да не се нервирам,да не ме повреди. Абе како ќе се нервирам ,плус и машко носела ,абе пукнав од радост. Вистинските пријатели искрено се радуваат и искрено сочувствуваат со нас. Се друго не ме тангира. Барем се трудам да ставам на игнор. Во врска со дечињата кои просат на семафори. Ние овде зборуваме за мајки. Тие жени што ги донеле на свет тие дечиња се СЕ ,само не МАЈКИ. Јас еден ден ќе бидам мајка. Тоа ми е мислата кога се будам секое утро. Можеби нема да биде во моментот кога баш јас ќе сакам,но еден ден ЌЕ БИДЕ!!
Да се надоврзам, после ифв кога дознав дека е позитивно(пред се да се случи) одма облеков маичка со бебе( ми ја донесоа како поклон). Може и мене ме осудувал некој вака, а никој незнае што сум поминала за да ме суди.....
Нема потреба од огорченост секој го оди својот пат. Борбата за бебе не е лесна и знае секој кој го поминал тој пат. Јас прва од моите другарки имав врска, годините поминуваа сите си најдоа партнери, се омажија и родија по две деца а јас секој циклус чекав да останам трудна. Постојано одев по детски родендени и си викав ајде и јас еден ден ке имам дете. После десет години веќе и на луѓето им стана непријатно да прашуваат. Кога останав трудна почуствував дека сите искрено се радуваа со мене. Сликите на фејсбук не значат дека на некој во животот му тече мед и млеко. Еден познаник дури и ми рече што чекаш ги начука 37 и само скиташ низ градов. Му реков неможам да имам деца па непријатно му стана. Се видовме откако се породив и ми вика пак скиташ Мене целиот процес за ивф ми беше радост едвај чекав да почнам. Наоружајте се со тепение и бебето ке дојде а после нема време за ништо. Ве читам и ви посакувам среќа на сите.
Zdravo devojki eve veke vtor den se bockam so merional 75 ,dali nekoja od vas se bockala so niv i kakvi reakcii imate on niv posle bockanje?doktorot mi kaza deka od fond sletuvaat 30 sisenca i deka moze ke ni trebaat poveke ,ni kaza deka nekoi pacientki gi kupuvale od kosovo tamu bile poeftini ,dali nekoja od vas ima kupuvano od kosovo ?vi blagodaram mnogu
Јас се имам боцкано со мерионал и со пурегон,и немав некои реакции,освен повеке фолекули за разлика од кога се боцкав со фостимон.А за прашањето за набавка немам искуство.Ти посакувам успех.
Ti Blagodaram bebaa sakav da znam dali imate reakcii ,posto nemam ni jas nikakvi. Tocno ne znam ni jas kaj nas kolku pari se no mi kazaa deka od Kosovo mozes dve da se kupat za edna od tuka
Мерионалите кај нас се 1299 ден, фостимоните се 1399 ден една ампула. Доколку сте во можност докупете си од Урошевац или Приштина,исти состав само различно паковање.
Што не е патетично? Да стави мајката статус среќен роденден злато наше најпаметно, најубаво, нај нај нај свашта од мама, тато, бате, стрина, вујко, вујна? Или да стави статус после пораѓај чуството е прекрасно, недоживливо да станеш мајка? Фала не сме знаеле! Поголема патетика од ова здравје, честитање на профилот на фб јавно, а во иста куќа живеете ист кревет делите. И никогаш ова нема да ми биде јасно, зошто го прават ова зарем дома не си честитаат , зошто мора сите да ги видат? Патетики! Мила ти со донирани ј.клетки ќе одиш?
Мила ти со донирани ј.клетки ќе одиш?[/QUOTE] Јас прво ке направам подмладување на јајниците,па ако ова не вроди со плод ке одам со донирани.
Не ти чини оваа огорченост. Чувства секој покажува на различен начин и каде мисли дека треба. Игнорирај ги/отследи
Девојки сите имаме успони и падови и нормално се сите емоции! Меѓутоа НЕ ВРЕДИ верувајте да се троши енергијата, имаме поважни работи, ДА СТАНЕМЕ МАЈКИ!!! Овие се искушенија кои ќе ги поминеме. Уживајте во секој ден, ширете позитивна енергија! Ќе се наредат коцките кај сите, ТРПЕНИЕ! Имајте убава вечер!
Според мене не е патетично, ако може да честитаат роденден зошто да не и за бебе. Пак ќе кажам луѓето го прават тоа да ја искажат својата среќа (секој на свој начин) никој не го прави тоа да не повреди нас.... Може и вие правите нешто што друг неможе (примерот на бубче за кафана)... Гледајте посветло на работите и бидете позитивни, со негативни мисли само ќе западнете повеќе. Не ме сфаќај грешка, те сфаќам како ти е, и ја поминав доста, ама верувај на секој таков пост и објава ја се радувам, затоа што несакам никој да го оди нашиот тежок пат...