аааууу премногу огорченост премногу негативност не чини вака и не личи сета негативна енергија само тебе ти праве лошо не одиш напред со вакви мисли
Апропо темата за чувства,огорченост,немање осет ми текна на една случка.Со снаа ми останавме трудни во исто време со тоа што јас моето дете го изгубив она фала богу не.Неколку недели пред да се породи наредила во соба се за бебето и не викна мене ,сестра ми и мајка ми да видиме што купила.Уште се сеќавам како почна да ми лупа срцето пред да влезам во бебешката соба.Мислев ке се онесвестам.Мајка ми само ме фати под рака и ми прошепоти Ајде можеш,ова е нејзино чудо а твоето допрва ке дојде и исто вака ке му се радуваме.Кнедли голтав тие неколку минути внатре.Ми беше тешко мн и од страна гледано она без осет ете била што ме викна,ама јас ја знам и знам дека не ме викна за намерно да ме повреди туку да сподели радост.Човек во тој момент не размислува за друг.Она како мајка мисли само на себе си тогаш и на својата радост што е и нормално .Јас како некој што не успеа тогаш да стане мајка или ете вие во моментот кои се борите за истото и вие гледате од своја точка.Од точка на мака,измореност,љубомора,болка и мислите дека светот е против вас.Но не е.. Моето чудо дојде после една година.Па чекав цели 5 години не биваше за второ.Па уште ни рекоа дека второ нема ни да имаме.А ете го второто сега лежи до мене Па пробавме и за трето,се зачна ама го загубивме. И таков е животот ке се качите една скала па три ке се вратите назад.Се дур не стигнете до врвот.
Не. Зошто да објавувам? Има потреба од такво нешто? На крај краева ги заболе сите 600 пријатели на фб што ги имам дека имам бебе и каков ми е филингот. Најблиските секако ќе знаат ќе им се јавам и понатаму ќе си пренесат едни на други. Искрено мене повеќе ми значи да ми пише некој во приватна порака на фб или лично да ми се јави, одколку да ми плесне на зид честитка. Многу ми е просто и неиживеано тоа. Посебно маже ако ми стави на зид како ми се заблагодарува што сум го направила најсреќниот маж на светот или да стави статус и да ме тагне, жими се ќе го лежам П.С. Знам дека не е таков, нема шанси Инаку за сите ние што уште не сме останале бремени, вие бремените или веќе породените на нашите постови каде што си кажуваме што ни смета уживате да не нарекувате ОГОРЧЕНИ и НЕГАТИВНИ. Може да ни судите само ако сте поминале низ истиот пат. Ама и да сте поминале веќе сте заборавиле како е изгледа и како ви било некогаш вас.... Или знаете како е уште се присетувате ама викате не треба да бидете такви. Е многу е лесно да се каже не биди таков оди смени го. Нема да бидам таква и ќе ги подучувам другите дека нетреба да бидат такви кога ќе се наоѓам од другата страна.
Nekoj saka vaka, nekoj taka, sto se srdis, sto polemiziras..ti poinaku go razbiras FB, drugi poinaku..Ako ti e macno da pratis necij profil, vo red, ne go sledi, I gotovo, nema potrebi od nervozi. Od srce ti posakuvam sto poskoro bliznacinja, pa da menjas peleni i da nemas ic vreme za na FB..
Пробај прво проработи на себе, после зборувај за останатите. А за многу работи кои велиме дека нема да ги правиме, после стануваме уште побетер.
Форум е како да не полемизирам и дебатирам? Ти го сфаќаш како бело, јас како црно и тоа е тоа. Благодарам и здравје само за она другото За тебе ли си зборуваш ?
Не можам а да не искоментирам на темава, да треба да поработиме на себе, ама прво треба да сватиме дека имаме проблем, па да сакаме да го решиме, па да го решиме. Едноставно љубомората не е добра работа... јас така си го сваќам тоа.... секој си гледа за себе... Ќе кажам разни луѓе обајвуваат разни работи на фБ, на форуми на блогови, а тоа е од нивната моментална потреба некој да ги слушне, некој да ги види, некој да ги разбере... мислам дека личната потреба, да споделиш нешто со некој, е прво нешто што ми паѓа мене на памет, а не потребата да повредам некого со мојата објава. Тргнувам од себе, јас барем така правам, без оглед дали споделувам радост или тага или нешто друго. Не можам да знам како ќе се чувствуаат сите мои 300 следачи на ФБ поради мојата објава. За да знам дека некој не се чувствува добро поради нешто што јас го правам треба да ми каже отворено... инаку како ќе знам? И како што пишаа некои од вас погоре, има некој што нема што да јаде а некој објавува слики од храна, некому починла некој близок, брат, сестра итн а некој друг објавува слики со своите блиски брат, сестра... Она што можеме да смениме сме самите ние, нашиот став и сваќања, не можеме да ги смениме сите останати, не можеме да ги натераме другите да не прават нешто (објави) заради нас (ок, можеби можеме да натераме некој близок на којшто ние сме му значајни) ама сите не... Животот е суров, понекогаш и безмилосен и да не се отежнуваме уште повеќе самите на себе. Во такви моменти на љубомора и завист, а ги имам реално... секогаш гледам да си најдам нешто во што јас сум успешна и подобра од сите други.... Ете знам да правам најубав колач со вишни, или имам прочитано 10 книги месецов додека другите немаат време да го прават тоа...Ете си наоѓам начин да се убедам дека и јас вредам, дека и јас сум во нешто најдобра.... и искрено убаво се чувствувам поради тоа....
E pa pisuvaj be milo, ako taka ti olesnuvaj, pisuvaj..ako go svakas forumot I polemikata taka, pisuvaj, nemozeme da ti zabranime..
аман сватете дека фб е лична работа и никој ништо не постира за ВАС намерно да ве налути или направи тажни.Ги сваќате работите прелично
@ocicka2014 јас се согласувам со тебе дека луѓето премногу постираат на фб. Искрено и мене ми смета. Ама затоа имам само 15 пријатели на Home Feed (Од ~1.000) и остатокот ми е "Elephant meditation", "Tasty"... Сепак не можеме да им се лутиме на луѓето кога постираат премногу, бидејќи вредностите се сменети. 10 или 100 лајка на пост на луѓето им значи дали ќе спијат добро или не. Да не одам офф топик. Те разбирам целосно. Сум се чуствувала како тебе. И ден денес се чуствувам така. Незгодно ми е. Нема да објавам ништо кога ќе имам деца, нема да обавам ништо за прв роденден и длабоко посакувам да имам интимна прослава. Дома. Само најблиски. Не можам сите тие родендени кога ги замолував да не ме канат, и јас да ги правам грешките. Ама ќе видиме... Се надевам што најбрзо да се најдеш во обратната ситуација Note* Јас нормално не очекувам дека сите треба да прават како мене. Секој нека го прави тоа што него го прави среќен.
И ја реков да бидеш позитивна, а не сум ни бремена ни породена, незнам дали воопшто ми ја знаеш историјата.. Не е тоа муабетот, све ова ти кажуваме најдобронамерно, да гледаш попозитивно за да ти биде тебе полесно. Со ваков став само на себе си правиш лошо, љубомората и зависта нема ништо добро да ти донесат. Убаво ти кажаа поработи на себе и на ставот кон светот и луѓето. Ако мислиш дека некој намерно те повредува (ги има и такви) едноставно одалечи се од тие луѓе...
Под итно да се пријави некоја која е во процедура. Ајде да си се вратиме на "нашето". Дај да си се бодриме,да си даваме совети,да си помагаме. Да не се такмичиме на која и е потешко,која колку се мачела. Болката е присутна кај сите.Некои се борат со финансии,некои се тркаат со времето, има и такви кои психички се дотолчени,има некои со само едно неуспешно ивф кои се разочарани до врв,има и такви кои и после7,8 обид уште стојат на нозе. НО,на сите душата ги боли, ги пече,рацете им се празни. Секој од нив кога ќе успее еден ден на различен начин ќе ја искаже својата среќа. Но и тие кои не се борат со стерилитет имаат право исто колку нас да се радуваат. И таа што вчера завршила средно и веднаш родила ќе биде среќна мајка исто колку мене. Нема тука ништо патетично. И ДА со задоволство ќе објавувам и постови со мојот голем мешко, можда и ќе си напишам и драматичен пост за моето породување.И на маж ми ќе му се заблагодарам што ме направи мајка. И на пријателите кои беа до мене во најтешкото. Но,тоа сум јас. А најмалку што сакам па е некој да не ме кани на детски роденден,да избегнува муабет за дечиња итд итд ради тоа што јас немам деца. Што,да ме сожалува треба?!?! Не бреее,ни јас самата не се сожалувам,не па да сакам друг да ме жали. Моето време за дете не е дојдено и точка. Но ,ЌЕ ДОЈДЕ,а чекајќи го ќе се радувам на секоја објавена слика од новороденче. Чекам членка за убаво бодрење
Срцка мааа, се уште си многу млада (за мене си и малечка) ,знаеш колку си ми драга ,ама не смееш бе вака дете мило. Абе не смееш да дозволиш оваа битка толку да те сруши. Па не е крај на светот. Свати го ова како пат кој мора да го изодиш само ти и твојот сакан. Не чекај никој да те замени ни 200 м ,додека трчаш маратон. Ова е твојата трка и само ти ќе ја истрчаш,а кога ќе стигнеш до крајот гордо ќе славиш качена на пиедесталот. Трофејот ќе биде само твој. И мање битно на кој начин ќе го прославиш. Фокусирај се што побрзо да истрчаш,другото не е важно. За втор ваучер ,така?! Кај ќе го правиш и кога планираш?
Да за 2 ваучер. Кај Димитров се решив, а кога незнам не сум одлучила. Нема да брзам како претходното,ќе истерам одмор прво па после. Ќе ве известам со позитивна бета *
Ајде позитвен одговор,позитивен тес за бременост,нека тргне напред во групава само убави позитивни тестови за сите нас,кои сме во групава па и оние кои не се тука а се борат со овој проблем.Па сите заедно на цел глас да си кажеме "трудни смеее".Ве сите до една.
Феминки Hi, ве читам редовно веќе неколку месеци но никако и активно да се вклучам со дискусија. На сите кои веќе станаа трудници им честитам и им посакувам лесна бременост, на останатите кои сеуште се борат и трудат да стигнат до целта како мене, им посакувам што побрзо да си ги видат двете цртки. Едно знам, а тоа е дека нема откажување колку и да ни се големи препреките и дека со упорност сите еден ден ќе станеме мамички. Јас и сопругот веќе две ипол години се обидуваме, пред година ипол ми го остранија едниот канал другиот го отзатнаа, но сепак не дојде до бременост. Во март годинава правевме ИФВ преку фондот за првпат и тоа беше неуспешно. Додека чекаме да поминат 6 месеци за втор ваучер до октомври, ќе правиме ИФВ на природен циклус и тоа овој месец. Па со господ напред, ако треба ќе биде овој пат ако не, продолжуваме повторно се додека не бидне
Со лесно. Каде ќе правиш ?! Што се деси на првото ивф? Со што беше стимулирана,колку јк извадивте? Кажи уште нешто, претстави ни се повеќе.
На првото бев со краток протокол со 3 инкеции менопур 7 дена и по 1 цетротите последитре три дена од стимулацијата. На пункцијата извадија 7 јајце клетки од кои 2 се оплодија и тоа само едната со добар квалитет. И покрај тоа што докторот беше сигурен дека ќе успее од прва, на крај негативен резултат. Кај нас сите испитувања до сега беа во ред, освен останатиот десен канал за кој пак излезе дека е запушен на ХСГ-то што го правевме пред две три недели. Се решивме на природен циклус за да ги избегнеме стимулациите со хормоните, ако не биде може септеври пак ќе правам лапараскопија за проверка на каналот па за октоври да тргнеме со нови сили првото ифв бев кај петановскиа сега сум кај трајковски. Решивме да одиме кај Трајковски бидејќи тој ме оперираше во ГАК, две недели пред да замине за нуборн и бидејќи најдобро ми го знае случајот и проблемот. Па сега ќе видиме како ќе биде,лично мене многу ми седопаѓа докторот бидејќи е грижлив и искрено се внесува во проблемот.