Плодност Битола не сум била никогаш и незнам што како таму има ли некој др.. што е искусен ..сите се искусни се.знае тоа ама некој посебен ...
евеме и мене конечно ги подадов инсеминаците во фндо колку време чекавте вие со имате и прајќано за ги видат дукументите
Девојки за стрептокока и ешерихија на брисеви ми препишаа амоциклав. Е сега не памтам како ми рекоа да ги пијам по едно или по две на ден и колку време (внатре се 14). Некој со исто искуство да ми каже како ги пиел. Исто и маже треба да ги пие. Плус си земав вагиналитети и капсули за кандида, вагиналитетите 7 ден по едно знам и капсулите внатре се 15 вајда треба сите да ги испијам по едно на ден. Се заборавив што ми рекоа
@ocicka2014 Тотално те разбирам и јас се згрозувам од истите статуси. Мислам дека највеќе ми сметаат секојдневни искази на просветлување колку е најдобро мајчинското чувство и како животот немал смисла без деца. Да ок знаеме сите тоа ама која е потребата на фб јавно секој втор ден тоа да се пишува и истакнува?? Не разбирам стварно.. Ете ја сестра ми две деца роди па никогаш немала потреба да се објаснува на социјални мрежи што тоа она чуствува. И фала богу не е ништо помалку мајка од другите. Не ги сваќам кај имаат време со мали деца толку време да посветуваат на статуси. А уште повеќе ме нервира тоа кога ќе честитам на некој за раѓање на дете и добивам одговор - Фала ти па ајде господ да се смилува и на вас да ви даде??? Ма ајде молимти се. И не е работата за огорченост и лоши мисли воопшто не сум таква. Мислам дека спаѓам во една од попозитивните личности и покрај тешката мака што сите ја преживуваме. Но да се дрзнеш да ми кажеш така па уште и пред народ колку треба ти да си плитка и проста?? Можеби воопшто неможам да имам деца, а и самиот факт што некој 3 години после свадба е сеуште без дете треба бар малце да ти текне дека имам некој проблем така? И да сигурно дека не дошло до твојата молитва. А уште поинтересни ми се ( им се чудам на паметот искрено ) тие - Еј не ве викнавме на роденден зашто немате деца! Еј стварно? И што кога ќе ми се роди ќе можам да дојдам ? Е верувај дека баш тогаш нема ни да ти се појавам! Какви се тие дискриминации се дружиш со некој, близок си но бидејќи сеуште немаш деца не си поканет на роденден. Глупости! И да верувам дека господ сите ќе не направи мајки некои порано некои подоцна но аман веќе од непромислени и навредувачки коментари од останатите мајки! Па јас и пред да почнам да се обидувам кога ќе сум сретнела пар кој сеуште нема деца никогаш не сум се осмелувала да прашувам ниту пак да дискриминирам! Тоа е основна култура и да никогаш нема да полемизирам колку е најубаво да си мајка и чуството кое го имаш бидејќи нели нема да измислам топла вода! Тие што се си знаат а на останатите сигурно нема да им го тријам тоа од нос! И јас сум кај Ивановски. Имам едно неуспешно инвитро кај него.. Докторот е супер но искрено е презафатен. Од толку многу што го фалеа сите отидоа кај него и сега неможе да постигне. Сестрата е невозможно да ја добиеш на моб. За закажување дури до таму сум одела.. Е сега незнам како е кај другите доктори. Инаку скоро сите во Систина се стручни така да само верба имај и нема да згрешиш кој и да одбереш.
Баш така...сите се стручни....и неуспехот не е секогаш до нив. Многу фактори влијаат. Јас би му дала втора, па и трета шанса на еден ист доктор.
Дали некоја има информација колку време трае ефектот од хистероскопија со скречинг? Прашањето ми е дали ефектот е само за нареден циклус и после се е џабе или трае подолг период? Ве молам за искуства ...
аха супер дај боже да е така, зошто искуства од луге што имале успешни биле одма по нареден циклус дека им биле...па си викам дали посигурно ќе е пак скречинг да се прави или си има дејство тоа ...
Е сега јас правев хистеро со скречинг во март. Август планирам ивф. Ама др ми рече јули да одам да видиме дали тој месец ќе "гребнел "малку. Можда месец пред ивф,ќе прави пак скречинг,ама мал. Не ми е баш јасно и на мене.
Јас правев во Февруари Скречинг и Петановски ми кажа дека баш тогаш беше вратен од конгрес од Лондон дека истражувале и се констатирало дека Скречингот трае 6 месеци.А порано од неразјаснети причини по логика на нештата тие самите си одредиле дека трае до следен циклус и тој циклус да се направи ЕТ.
Devojki,za tred vaucer sto dokumenti treba za soprugot(sermogram,spermokultura,krvna slika I hepatit b,c, I hiv) I dali znaete dali komisijata ke raboti vo juli I avgust
Спермограм, крвна слика, маркери за хепатит б и ц и хив. Спермокултура не пуштив.Сигурно ќе работат, мора да има некој дежурен. Со среќа. Девојки и јас денес ги однесов документите во фондот за третиот и последен ваучер.Се надевам дека ќе биде трета среќа. Ве гушкам сите до една и ајде покажувавајте само позитивни резултати.
Со среќа нека ти е. Извини вака шо ќе те прашам за една информација. Ова ќе ти биде трет ваучер за второ дете,или севкупно трет?! Прашувам за пријателка.
@kukla21 ако можеш да ми кажеш колку пари ги купуваше овунорм, по колку дневно се пијат и од каде ги купуваше?Охрид прашав во Зегин беа 950 ден. Фала.