епа чим е ефектот ист супер ..фалааа ти многу...а кажи ми Кардиовитамин да не си пиела или евентуално метилирана фолна од каде си купувала?
А дали смееме на своја рака да купиме фраксапарин? Кога веќе во извештајот на трансфузиологот стои клексан?????
Ако во извештајот пишува Клексан, а ти земаш фраксипарин, нема да ти ги покрие фондот(рефундација) Инаку функцијата и дејството е исто.
Јас секогаш ги давам оригиналите, не копии.Значи извештајот од пункцијата и извештајот од трансвер. Овој пат јас им пуштив само извештај од пункција зашто немав трансвер,па не ми дадоа извештај.Ако ми бараат и мене, незнам од каде ќе најдам. Пробај утре јави се на др, Љубен, тој ги прегледува документите,мене секогаш ми објаснува се што ќе го прашам.еве ти бројче 023-289-010 па кажи што ќе ти речат. Со лесно и со среќа, мила. Каде одлучи да го правиш ивф-то?
Здраво девојки веќе 3 дена имам течност како кафено незнам дали ќе ми дојде менструација пошто имам нередовна и еве прв пат вака ми се случи веќе 2 месеци што ми доцни и без апчиња прв пат вака.. па за убаво само.. искрено малку сум возбудена.. чекам да се случи чудо..
Еве ти пример - Јас и моја блиска другарка правевме инвитро двете имавме целосно различен пост период. Јас 2 недели се затворив дома. Лежев и лежев.. Затоа што маж ми беше на работа по цели денови свекрва ми дојде кај нас и ми готвеше ме чуваше буквално само за тоалет да станам.. Тест на 1 ви јануари - негативен. Другарка ми по живчана по природа само првите 5 дена дома одмарање ( инаку си готвеше си се движеше се нормално ) и после на работа си продолжи нормално и сега си е трудна 7ми месец ... Од пусти страв да не направиме нешто се стресираме и лежиме само како да сме болни.. а не треба се нормално треба да се одвива.. Дури и докторот после трансфер ми кажа одмарање 3,4 дена после се враќаш у нормален живот. Не е убаво за ембрионот само лежење. И да мислам дека е во право.. Второ инвитро ако правам планирам само првите 5 дена да одмарам повеќе но потоа ќе си одам и на работа и се како што си правам нормално. Ти советувам да пазиш само на скали ако можеш оди со лифт.. друго се е прифатливо. И ти посакувам многу среќа и лесни 2 недели после трансфер и секако 2 цртки на крај Здраво женски Јас не сум била активна од поодамна... Треба да правам хистероскопија за отстранување на полип ме интересираа ваши искуства кој правел, како поминал, дали е болно итн.. по зафатот дали имавте болки, крварења и слично. Однапред ви благодарам
@*Milicka* каде ќе правиш? Ѕирни искуства во темата https://forum.femina.mk/threads/Хистероскопија.8856/
Со среќа мила! Не е ништо страшно, јас бев за преграда и полип, немав никакви болки после тоа, некое бледо крварење како за секојдневна влошка неколку дена. Од болница си отидов истиот ден, петок беше, понеделникот отидов на работа. Иначе правев на ГАК кај Тофоски.
Јас отстранував полип на ГАК, супер поминав, истиот ден те пуштаат, апсолутно немав никакви болки, ама воопшто никакви после интервенцијата.Имав благо крварење само, првите 5-6 дена