Женски а кај мажи кои хормони се испитуваат? Урологот ни кажа дека нема потреба да се испитуваат според тоа што виде,но јас би сакала за секој случај.
Здраво девојки.Ми треба ваше мислење.До сега имам користено два ваучера од фондот.Сега сакам да аплицирам за трет, резултатите од хормони ми се поразителни.Имено,ФСХ ми е 22,3.Дали со ваков резултат воопшто можам да аплицирам и дали воопшто имам некакви шанси за дете? Поздрав до сите.
До сега колку ти било ФСХ,прв пат имаш вака висока вредност? Со овој резултат од 22,3 сигурно ке ти бараат и АМХ да провериш. Не се обесхрабрувај пи смокви во маслиново и Q10,а во консултација со матичниот земи и ДХЕА. За ова знам дека го намалува ФСХ.За се има решение само трпение и верба.
Пред 6 месеци ми беше 8,3, а сега 22,3.Многу сум разочарана.До сега имам 4 ин витра. А за смокви, треба да ги ставам да стојат во масло? Ти благодарам многу за одоворот
Повтори го резултатот, можеби е нешто моментално и без разлика на исходот обавезно на доктор кој те води!
Па сега кога ќе добијам ќе одам повторно.Проблем беше маж ми, сега и јас, крај да се немало од проблеми! Искрено, поубаво ми е со вас да се консултирам одколку со лекари.Ви благодарам за поддршката.
Ве молам за брз одговор. Никако неможам да најдам. Која документација е потревна доколку парот нема склучено брак. Знам дека нешто треба да се потпиши на нотар ама не сум сигурна што
Изјавата што е на веб страната на ФЗОМ за вонбрачни парови(обраец 3) , го пополнувате и заедно на нотар да ви го заверат.
Изјавата ја подготвува нотар. Ние така направивме и двајцата се потпишувате имајте лични карти со себе. Се вика изјава за вонбрачна заедница. Образец 3 е за сите и тие во брак и за вонбрачни партнери.
Ве молам за совет бев на консултаци кај трајковски за инф. Ми даде циклопрогинова од 5 ден,циклус добив на 14 07 неколку капки , а убаво ми проби накај 10 часот е сега незнам кој ден да го сметам за прв, дали 14 или 15,или да го прашам докторот.позз
Ако е 10 вечерта, тогаш 15-ти ти е прв ден. После 17 саат ако е, за прв се смета следниот ден. Со среќа!