Фала мила,здравје боже од септември,одморени,исончани и ќе се радуваме сите што сме во оваа тема. Сите феминки заедно ќе одиме во труднички
Мила ние ја имавме истата дијагноза за мм и отидовме во плодност кај д-р Таше и од прва ифв успешно. Некои имаат многу негативни искуства од кај него но сепак тимот му е мн професионален незнам за другите кај нас се од прва на брзина се заврши засега успешно еве 13та недела тераме. Одлучи си ти најдобро самата. Поздравче Со среќа мила само позитивно и со висока бета Жал ми е душо многу ,не се нервирај само со тек на време ќе помине болката и тежината и со нови сили повторно ќе си се обидете па здравје нареден пат ќе биде се во ред . Нема разочарување и откажување. Битно се поминало ти си добра тоа е најважно. Поздравче те гушкам
Сакам вака јавно да и искажам голема благодарност на @Софија 88 за големата услуга што ми ја направи Исто голема благодарност и до @Ѕвездички за споделената информација. Без нив две се уште ке си лутав и прашував и така се у круг. И се уште немаше да почнам со терапијата Благодарам девојки ***
Нема на што мила моја, тука сме да си помагаме секогаш кога можеме сите сме со една иста цел ...како што ти реков ти посакувам Метата да ти донесе висока Бета па да се радуваме заедно...фала ти многу уште еднаш на пратениот поздрав те гушкам ❤
Феминки дали прават на ГАК и во Ремедика кај Др. Димитров ин витро летниов период во август или трба да чекам до септември.Ви благодарам.
Прават ивф секаде и секогаш,одлучи се каде и кај кој доктор,па јави се и прашај кога ќе биде докторот на одмор и ќе си знаеш од кога да почнеш. Да сум на твое место јас би почекала до септември,знам нетрпелива си ама подобро одмори се убаво и ти,па со нови сили одиме до целта
Фала лалапо и на другите феминки,ама реков да побрзам ваучарот ми е до октомври.Но во право си,сега одмори жештини.
И октомври да започнеш, ваучерот ќе важи, не се секирај. Ајде со лесно,па ќе се радуваме сите со високи бети
Др.Димитров од средината на август е на одмор, се враќа почеток на септември, ако си одлучена за кај него мора да почекаш септември.