Нема б3 во dr.wolzz а ни во Naturalwealth, ама го имаш посебно на HealthAid од 250мг. Инаку колку што имам читано и помнам ниацинот се смета оти спречува абортуси, вродени аномалии.
Бидејќи B3 спречува спонтан абортус (скоро дознав) и затоа е важно да се снесува. Колку има B3? те молам, провери.
Да, токму така, NAD и витамин B3 се поврзани со спречување на спонтан абортус. Не можам никаде да најдам NAD по државиве, го има само online, главно од Америка. А B3 има во B-complex од Natural Wealth, но 18 mg. Дали е тоа доволно? B3 има и во Pregnacare conception, 20 mg....комбинација од овие суплементи би дала доволна количина на B3. Што мислите? Каде има HealthAid? Ова е супер состав....не ми текна да побарам од Синерџи. Фала многу!
Прашај во Еурофарм или кој е застапникот дали може да ти нарачат. За дозата незнам. Тоа со консултација со лекар. Ама ако поединечна доза е 250мг, многу малку ми личи само 18мг, макар и 50.
Малку матна ми е сликата @Nadja_22, ама една таблета ќе дојде исто ко во синерџи - 50 мг. Околу 1000 денари се на хелт еид и не ги барај како Б-комплекс, туку како Б99 complex. Ги пиев тие претходно, ама во бременоста ми имаа интензивен мирис и вкус и не можев веќе да ги пијам, па сменив на синерџи.
Не. Да ова е само Б3. Во Еурофарм има шанси да ги најдеш. А по составот најмногу имаш во бкомплексот на ХелтАид. Кај видов јас на моите оти нема кој знае.
Исто е ко синерџи - вика тоа се вредности за 2 таблети бидејќи толку е дневна доза. А тоа од Синерџи е за една капсула. Така да исти се.
Да, во тој случај е исто. Но, гледам дека во Синерџи има и фолна 400 ug...Јас пијам Pregnacare conception, во нив има 400ug фолна. Кога би ги земала и двата суплементи, ќе имам 800ug фолна....а јас сум хетерозигот и земам 400ug метилирана фолна. Да не ми е многу фолна киселина? Што мислиш?
Ахааа...ок. Мерев фолна во крв и имам висока концентрација, повеќе од границите. Затоа, би припазила колку внесувам. Во секој случај, фала многу
Ве читам деновиве за б3, ова е препорака од доктор или? Јас пијам обичен б complex, на крка, x2 дневно. Во какви ситуации треба да се зголеми дозата, знаете? И јас сум хетерозигот и пијам метилирана.
Јас порано не обрнував какви витамини купувам, дур не наидов на проблем со Б6 на алкалоид. Ноктите мк ги направи партали. Од тогаш внимавам што земам. Обавезно читам состав, нешто на интернет за производителот, нешто за формата на витаминот. И има разлика. Б комплекс ми е даден од Ивановски. Не ми потенцирал какви (фирма, состав), ама пијам последно на синерџи заради мирис, а претходно на хелт еид пиев.
@kukla21 ке може состав на б комплекс од синерџи да ми го сликнеш,ме интересира дали содржи глутен,соја на чичко гугле не можев да најдам . Фала ти