Така е @ocicka2014 , во право си потполно. Единствено што велам е дека шансите би ти биле подобри во циклус во кој ФСХто ти бил нормален, а уште полоши во циклус кога ти изнесувал 19. Тоа не значи дека се подмладуваш, единствено во тие циклуси имаш малку поголеми шанси. И со мене е таков договорот. Да пробам до ноември на природен циклус, и ако пак има трансфер а нема бременост...на хистероскопија пред вториот обид на стимулирано ИВФ. И онака не му се свиѓа матката од самиот старт, била благо аркуатна....хахах...Кај Ивановски ќе ја правиш? Ајде со лесно, па ќе раскажеш одпосле.
Мислам дека такви суплементи и посебни начини на исхрана би влијаел можеби само на квалитетот на јајце клетката, а бројот на антрални фолекули неможе да се зголеми. А што е тоа аркутна матка, а @joan ?
Е што е де )) после 10 години редовно одење на гинеколог, и јас прв пат слушнав. Тоа е вродена аномалија, кога горниот ѕид на матката наместо да е нанадвор, е малку навнатре. Мислам народно дека е познато како матка во форма на срце. Е така некако...Е сега тоа обично не е проблем за забременување, ама ако не ти успева, на хистероскопија успеваат да го поправат (ваљда).
Joan mene mi bese takva matkata i pravev histeroskopija vo sistina ne e nisto strasno arkuatna matka vo vid na srce septum na matka na gorniot del mene mi bese 1sm tebe kolku ti e
Мммм и јас од тоа правев хистероскопија ама не сум знаела дека така се вика Мене од сите страни би беше така како вдлабната и идеше како собран триаголник и сега викаат дека средиле па ќе видиме на следното инвитро дали ке вроди со резултат Јасно се гледа на ХСГ-т снимката дека е таква и да напоменам дека еден доктор веќе ми направи инвитро на таква матка(нешто што предвреме го осудува на пропаст и да биднала работата), најверојатно за да ме избрза и побрзо да ми ги земе парите да не се предомислам во меѓувреме или да не останам природно бремена Кај друг доктор ми рече само - јас во оваа матка не враќам ембрион, мораш да направиш хистерокопија прво, не е само да е успешно туку и да го износиш плодот не смееме да ризикуваме кај тебе и ништо да не оставаме на случајност. Ете така, затоа пазете кај одите
Кај мене нема септум @joan, само ѕидот е во лак надоле. Затоа ми даваат уште некоја шанса на спонтан циклус.
И во Калиишта црквата на Рождение на Пресвета Богородица во Струга се оди тој ден да се помолиш за дете на иконата на Црна Богородица.
Да ама и тоа го третираат како септум. Чудно е што 3ца доктори не гледаа проблем во таква матка, само еден кој ме натера да направам хистеро.
Во секој случај, ако после следен трансфер не успее, секако дека ќе одам на хистероскопија. Иако преку глава ми е од операции. Ми доаѓа убаво вака кога ми викате дека не е страшно
Каде правеше во странство и дали имаш направено ivf со донирани ј.клетки? Снежана Лупевска беше пациентка во Систина и во ходникот ја слушав како раскажува за себе.Без разлика дали е ivf , природно или со донација треба да се водиме од такви примери, жената на 43 год. роди син.
Според мене не треба да ризикуваш, зошто не си направиш хистеро, чисто да ти е мирна душичката. Кога прашав пријател во приватна болница дали често се прави инвитро со донорски материјал ми рече 5-6 пати во месецот. А примери во реалноста нема, кај се тие луѓе? Сакам да кажам и да има така правено, веројатноста да си каже тука е голема ама во реалниот живот никој не дава отчет за вакво нешто. И после станувале мајки по 20год брак или на 50 години. Ахам, да, само они си знаат како. А и на крај краева не е битно, нели?
Мене ме гледаа минимум десетина за различни работи. Вклучувајќи ги оние на клиника кои ми го правеа ХСГ-то. Сегде пишува дека матката е со нормална форма и големина. Ивановски уште од прв пат кога ме виде рече дека не му се свиѓа матката, дека е аркуатна...тогаш бев дури и револтирана.... сега, откога ИВФ-то не успеа со бластоцисти, почнувам да се навикнувам на идеата дека можеби ете има проблем.
Леле иста прикаска и кај мене Дури и на почетокот кога го добив извештајот си викам што ќе одам по доктори да ми го читаат резултатот убавo си пишува нормална форма и големина. Изгледа по дефолт на сите така пишуваат, мислиш се замарале да ја погледнат снимката?
Vo toa vreme pravev konsultacii vo Sofija. Jas poznavam dve prijatelki koi so donirani j.kl imaa uspeshni prikazni vo Cheshka. Treba chovek da pravi se sto dava moznost medicinata no da ne gubi nadez i da se ogranichuva samo vo lokalni ramki.Sosednite drzavi imaat podobro razvieni if metodi odkolku kaj nas zasto imaa podolgogodishni iskustva.
Кај нас сега пред две-три години почнаа да работат со донирани, а годинава со сурогат мајчинство. Зошто да се даваат еден куп пари по странсво кога истот го имаи тука. Башка се одобрува и ваучер за такви случаеви ќе е кошта нешто поевтино, но сепак е поскапо односно сам си го купуваш материјалот од странски банки што не е мала сум воопшто. А во странсво без ваучер сигурно е 3-4 пати поскапо одколку од кај нас.
Не ја знам приказната иако претпоставував ивф дека е правено. Баш вчера бевме на иста плажа со малото и маж и. Малото е златно. Да ни даде Мајката Божја на сите барем по едно такво.
Дали имаат подобро развиени методи, не сум сигурна. Методите се тие истите. Но, имаат подобро опремени лаборатории и прават посложени анализи (пр. pgs тестирање на ембрионите).