За Лупевска јас не споманав само се надоврзав на коментарот на @Spiritus како ја слушала Лупевска што зборува за себе по ходниците на Систина. Како и да е со среќа на сите да добиеме тоа што посакуваме.
Инвитрото со донирани јајце клетки е осетлива тема и не е за очекување дека паровите јавно ќе зборуваат.
Мојот доктор ништо не вика. Месецов рече дека е задоцнето, бев на 14ти ден (заради нивните одмори) и естрадиолот веќе беше над 200, а лх-то беше над 15. (требало првото над 150 а второво под 10) Во суштина, како што пишав повеќе пати, имав ужасни последици после првото стимулирано инвитро (крварев скоро 2 месеци нон стоп, се смируваше како точкасто крварење и се ојачуваше како менструален циклус на секои две недели, после имав еден неверојатен циклус од 44 дена и сега дури сега се вратив во нормала), па мисли дека вреди да се проба на природен циклус дека можеби рецептивноста на ендометриумот би била подобра. Ако не успее успешен транфер, треба да одам на хистероскопија, а дури во ноември можам да аплицирам за втор ваучер. @darcy ти си ми единствениот светол пример!
Може мила на кратко да го споделиш твоето искуство? Значи, тамам за природно, сами да си пробате Ајде со лесно
Имам пишано и претходно, во кратки црти: на четвртата инсеминација имав хемиска бременост, после тоа Лазаревски ме прати на испитувања на трансфузиологија и МАНУ, и направивме уште една инсеминација. Заврши неуспешно, па додека се спремав за ивф решивме да пробаме на природен циклус. Од терапија ми даде од 7ми до 11ти ден фостимон и цитротиде, после примив стоп инекција и кога дојде време за пункцијата ја направивме (со оглед на тоа што беше само еден фоликул без анестезија). Следниот ден ми јавија дека оплодувањето е успешно, два дена после тоа беше трансферот (и ембриологот и докторот ми рекоа дека ембриончето е одлично, друг податок не ми дадоа, не ни прашав). Веќе следниот ден бев на работа (канцелариска е), се припазував, но не претерано. Примав кринон гел, аспирин три месеци и фраксипарин до 5 дена после пороѓај.Тест правев на 16ти ден од трансфер (претпоставувам ради хемиската бременост докторот ме натера да чекам ден-два повеќе), и беше позитивен (не мерев бета хцг). Останатото е историја (која сега има 2 и пол години )
Фала многу на одговорот . Природен модифициран циклус....многу ми е мило, вакви позитивни случаи ни требаат за поддршка.
Да Ве поздравам девојчиња...Бев денес на пункција и ми кажаа дека се извадени две добри јајце клетки.Утре ќе ми кажат дали се оплодени.Е чекањето до утре ќе ме убие
Со среќа мила, за две недели чекаме висока бета За болките, нормално е да имаш болка(од што те имаат боцкано на пункцијата)ќе поминат за 2-3 дена. Одмарај повеќе, пиј течности,гледај си тв и уживај Немој да се плашиш, не можат да испаднат ембрионите.Ако можеш барем првата недела одмарај повеќе па после функционирај најнормално Со среќа мила,ајде да си се оплоодат двете јк и да ти ги вратат двете и да си седат кај мама во меше 9 месеци
Одмори си сега од анестезијата. Ужасно е чекањето, но штом се „убави“ јајце клетките ќе бидат и убави ембрионите Значи, тамам за природно, сами да си пробате Ајде со лесно [/QUOTE] Природно тешко, ХСГ-то покажа две непроодни туби (односно не покажа туби), иако ни година претходно ми правеа лапароскопија и ми рекоа дека се ОК.... значи милион неубави вести последниве години се челичам
Природно тешко, ХСГ-то покажа две непроодни туби (односно не покажа туби), иако ни година претходно ми правеа лапароскопија и ми рекоа дека се ОК.... значи милион неубави вести последниве години се челичам[/QUOTE] Hsg ne e tocna metoda sto posto i na mene mi go pokaza istoto i dr mi rekoa da ne se zamaram okolu nego i jas imav prethodno histeroskopija i bea togas iscisteni od gnoj jajcevodite i bea proodni
Здраво девојки! Ве молам за Ваше брзо мислење, во паника сум. Вчера и денес при боцкање на prolutex во стомак после вадење на иглата ми излегува течност. Вчера помалку а денес многу.Инекцијата е уредно ставена,со цела игла внатре и пополека. И се јавив на сестрата и ми рече да сме пробале следно повеќе лево и десно,тоа било од многу боцкање. Не знам шо да правам за да не се повтори,се плашам дека ми истекува инекцијата и не ја примам целосно терапијата. Се изнаплачев преѓеска заради тоа. Ви се има ли случено и што сте преземале за да спречите? Фала ви❤
Да @Twiny, се случува. Посебно кај Пролутекс е баш така како што рече. Скоро секогаш истекува Немој да се грижиш за толку малку. Еве замисли, јас имам 95 килограми. Додека да стигне до таму кај што треба, ќе се изгуби дел од количеството кое на тебе ти истекло. Тоа е чист прогестерон, секако огранизмот ќе повлече колку му треба. Само немој да се грижиш за вакви ситници
Не се секирај не може да истече цела течност, пробај под агол 45 да ја ставаш иглата. И немој да се стресуваш.