И криноните ги продаваат Ремедика по иста цена 170 ден.од парче.И јас ивф правев кај Петановски и тие ги форсираат Пролутексот но верувај имаат добра формула инекциите и вреди да се примаат...Исто и Прогестерон Депо и другите болници даваат па си имаат позитивни тестови...Не за џабе го даваат тој прогестерон до тест и по позитивен тест...јас многу ги примав но не жали пари ќе славиш со висока бета овој пат.Види на you tube за Пролитексот што функција врши.Јас бев среќна што примав плус прогестерон... со лесно и за 2 недели да славиме сите тука за висока бета.Господ е голем. Не ти треба лежење мирување пред пункција си тераш ко што си си секојдневно но јас 2 дена пред пункција ми правеше фоликулометрија ми земаа крв за хормони и по резултатите и ехото се констатираше да си ја примам стоп инекцијата и не следен ден туку нареден пункција ми правеа...башка и пред пункција со полесна храна треба да си и до 20ч.храна после течности заради анестезијата.Распрашај си се убаво што како ќе ти каже Др.
Сега пак ми се јави ембриологот само едната јајце клетка била добра и утре трансфер...незнам веќе што да мислам
Мила една ама вредна ќе биди И кај мене една се врати и еве бремена сум 7 ми месец Само позитивно и ќе успееш.
Една ама вредна Со лесно утре и уште полесно да минат следните 15дена, па да се радуваме на висока бета
Помош девојки, денеска е 8 ден што се боцнам со фостимон и менопур ама сега во тоалт приметувам бело нешто како имаш овулација. Може пред време да пукнат фоликулите, пред 2 дена беа фоликулите 10 мм, вчера пешачев, можно да пораснат толку бргу фоликулите и да пукнат. Се плашам да не се боцнам за џабе. И се случи ова на некоја.
Фала многу се уплашив, мислев да и се јавам на докторката, не е баш исцедок, па е дебел како јарга плус малку кафеав, извини на ваквиот израз ама се плашам и имам болки на јајниците. Поздрав
Си се напнала и излегува поголемо количество и погусто, болки во јајници ретко која нема кога фолекулите ќе се зголемат, плус ако имаш и многу, може и како тежина да чувствуваш, ништо невообичаено без паника
И јас сум пример за вратено едно ембрионче,..... сега бебуш ми е во рацете И кај мене течеше така, од стимулацијата е. Јас мислев готово е прснале пред време, ама не било така Само смирено.
фала ке видиме кај мене како ке биде фала многу, да обавезно ке го прашам докторот , уште ми е рано но морав да знам ке прашам , секако тој период ке одам на фоликулометрија но се ми зависи од циклусот, прво да дибијам , сепак ти благодарам многу ич да не ср мислиш, изнашетајсе ррлаксирај се и утре така опуштена на трансфер, за две недели да частиш , стискаме палци
Благодарам @emkaemka Благодарам @Milicka* многу ми значи вашето мислење Само ние си знаеме низ што се поминуваме
Добро утро девојчиња.Завршив со ембриотрансферот ми вратија едно ембрионче и ми рекоа три четири дена да одмарам дома.Сакам и од вас да слишнам совети и искуства.
Одмарај 3,4 дена повеќе, потоа пократки прошетки и без напор. Најбитно е да си релаксирана, а самото тело ке ти покаже што ти треба. Јас одмарав до 5,6 ден по ет. Првите 2 дена повеќе лежење потоа низ дома се нормално и кратки прошетки, потоа на работа почнав, до таму патувам 1 саат. Со среќа да е и да се пофалиш со висока бета.
Со лесно да ти поминат овие денови на исчекување и висока бета. Јас првите 3 дена повеќе лежев. После по малку движење низ дома. После првата недела си излегував и на кратки прошетки на виздух низ маало. Во секој случај најбитно е да си го слушаш организмот и како се осеќаш така да правиш. Инаку почнуваат и нашиве доктори да ги слушаат странските искуства и не форсираат строго лежење. Кај и да е ќе почнат со праксата од трансфер сам да си станеш и да продожиш нормално да функционираш. Баш ја слушав Татјана од Њу Борн зборуваше дека биле на некој интернационален семинар каде ги добиле овие препораки. Во секој случај со лесно.