фала душо , но некоја ако има искуство со естрадиолов каков ви беше на почеток на циклус? и дали боцкавте во меше фостимони?
Мене ми бил секогаш скоро па нула пред почеток на боцкање. Еднаш мислам ми беше 22. Во меше боцкав стимулација, а во рака супрефакт. Со лесно!
На почеток на циклус ми беше под 5. Се имам боцкано со мерионали од лева страна на меше а од десна страна на меше со супрефакт.Наредниот ден обратно,многу боцкање во меше ,ама ќе помине
фала души мили, ке видиме како ке оди кај мене, многу се плашам бидејки сме со азооспермија, се плашам оплодувањето дали ке настане, имаме замрзнат материјал, но ке бидам многу силна и мора да успееме, се ке се издржи само да се стигне до бебуш и јас сега така боцкам, ако ми зголеми на 3 во четврток тогас во бут, туку нема да ми има скроз дозавршено, ехото е вагинално? непријатно ке ми е бидејки сигурно по некоја капка ке има аууу ама што да се прави ми рекоа да одам во четврток, како ке кажат така
еј @Milicka* немој да се грижи дека ќе те гледат вагинално. Земи си влажни марамчиња и пред да седнеш на столот помини се еднаш. Знам дека е малку незгодно, ама сите кои сме биле на ивф сме го поминале тоа и дали ќе имаш капка или 3 капки нема да му смени на докторот/докторката, бидејќи сите што се биле/ќе бидат на твое место ги имаат тие околности. Важно е да има убави фоликули. Тоа е најважно.
Хај, денес ми е пети ден од трансфер и некако ме болат јајниците како пред овулација, има потреба за загриженост или кај сите е вака, искуство некој да ми каже?
Девојки само што се враќам од фондот, ги поднесов документите за втор ваучер, па се надевам на брз позитивен одговор
Мене секогаш на 2-3 ден од циклус (а по претходно примање на супрефакт) Е2 ми бил под 10. а при обична проверка на Е2, во нормален циклус, ми бил околу 50-60. И тоа е супер бројка. Според Е2 ти даваат стимулација. Штом ти дале инекции, се е како што треба, не се секирај. Боцкај се и смешкај се. Не мисли на оплодувањето, има за тоа кој да мисли. Од искуство ти кажувам, јас секогаш однапред размислував на се, се боцкав а мислев каков материјал ќе остави мм, дали ќе има трансфер,???? за на крај 2 пати стигнав само до пункција, затоа што немаше ј.к. во фоликулите. Затоа уживај во боцките.
Нема потреба од загриженост. Јајниците ти се уште осетливи од пункција. Сосема нормално. Со лесно. Побрзо да добиеш позитивен одговор па после ќе чекаме висока бета
Јас на 01.09. имсв ембриотрансфер.Вчера малку имав менструални болки.Дома се уште седам лежам и од утре ми е во план да се вратам и на работа.
Јас на 31.08 имав трансфер на 2ри ден, и од денес малце болки во јајниците како за време на овулација а изминативе денови супер ги поминав
Кај кој лекар? Јас во Ремедика кај Др.Хаџи Лега.И јас на втори ден трансфер една јајце клетка и сега ова исчекување ме убива
Првото ивф ми беше кај Хаџи Лега, таму немав ни трансфер, сега сум кај Лазаревски (иначе ние сме со машки стерилитет) друго се е супер... Колку клеточен ти кажаа?
Мила јас имав трансфер на 27.08 една недела бев на одмор си бев дома. и од 04.09 почнав на работа, е сабајлево бев со некоја главоболка иначе нормално си се осекам малку внимавам да не кревам нешто тешко, работат ми е канцелариска ама се трудам колку што можам да бидам опуштена.
На работа нема да мислиме толку на деновите @bella.gk отвори го месецов ти со позитивни вести Кај правеше инвитро колку ти вратија ј.к