Повтори го утре или вечер тестот со некој поосетлив. Во ниту една болница не им работи лабораторијата?
бев во една лабараторија така ми кажа а на други две им звонев, незнам во струмица колку лабаратори има , јас само знам 3 и тие не работеа.
Drzavnata laboratorija rabote i sab i nedela samo trebalo da zemes upat od maticen ginekolog za da ispitas beta hcg
е да јас бев на приватно, дека сабота е па и матичниот е на одмор, а и незнаев дека не испитуваат во сабота бета,е останува до понеделник да чекам,незнам како ќе издржам
Женски за колку време се закажува термин кај Ивановски? Како им е пракса? Знам дека е гужва, планирам да ја барам Сашка од понеделник (се додека не ја добијам). Какви се вашите искуства?
Кај Триводалиев испитуваат бета и сабота. Јас сум правела. Ако на некој му треба како инфо да си знае. Со среќа. Не се разочарувај пред време.
@bella.gk не се разочарувај одма мила,може покасно е фатено(како кај мене).Јас испитував бета на 16 ден и ми беше 93,што значи претходните неколку дена е настаната имплантацијата. Можеш утре сабајле да си купиш shure check,точни се тие и покажуваат ако има бременост.Држам среќа за позитивен резултатhug: Маци ќе ја бараш Сашка кон 9-10 часот,тогаш Иваноски има пункции и таа е слободна.Јас така закажав.Ако ја бараш после 10 има многу гужва и тешко се добива
Јас прв пат кога отидов чекав месец дена, мн бев лута што не можев да ја добијам Сашка , но подоцна сватив дека жената има толку гужва што навистина не може да се јави , но биди упорна околу 9 -10 почесто крева, од кога еднаш ке отидеш веке се е поинаку , супер се и Сашка и Ивановски.
Не знам како одлучуваат за кој ден трансфер. Јас имав само три јајце клетки, од кои две се оплодија и развиваа, и ги чуваа до петти ден. Беа ептен задоволни дека квалитетни бластоцисти и на крај ништо. Зборот ми е дека критериумот не е бројот на јајце клетки за дали трансферот ќе е втор, трет или петти ден. А бластоцистите не се баш гаранција за позитивен резултат. Инаку, за кај Сашка и д-р Ивановски, се` станува полесно откога ќе заодиш.
За жал, кај нас сеуште не се прави pgs тестирање на ембрионите. Тие морфолошки може да изгледаат многу убаво, но дали има абнормалности не може да се знае. Се се враќа, па ако успее, успее, ако не успее, пак цела постапка, што е емотивно и финансиски тешко.
Зошто никој не спомнал тука дека Њуборн ќе ја селат?? Новата локација ќе е во Карпош, кај Мида во некоја зграда и помала ќе биде. Од ноември некаде ќе почнат таму со работа.. Ај нека е со лесно и вистина онаму накај Лисиче или што и да е ми беше напор за идење, ваму за нареден пат таман
Мислам во њуборн на страната ум читав дека вакво испитувања прават. @emkaemka а зошто помала ја направиле,нели убаво им тргна или се лажам.
Баш се видов со Трајковски пред месец ипол ми спомна да правиме ивф од септември во новата болница во карпош баш се зачудив, ама конечно ќе се тргнат од таа тапа локација јас еднаш бев и веќе никогаш. Ова ивф ако не биде за следното обавезно идам кај него.
@duffi не знаев дека работат и сабота кај триводалиев,ама за др пат ќе ја имам информацијата во предвид. @lalapo дај боже да се грешка тестовите,сабајле правев shure check и излезе пак негативен, утре ќе одам да проверам бета, ама немам веќе никаква надеж а толку бев изрелаксирана позитивна дека ќе успее ова прво инвитро,денес ми е ден за ама ќе ми помине, имаме замрзнатао 7 ембриони па ќе се обидеме повторно
Њуборн не прават такви детални испитувања прават до некој степен кој не се разликува многу пример од Систина. Можат само да организираат, спроведат да се прати материјалот во Турција. ^^ немам информација дека не им оди па затоа помала, Клиника е не е Болница па да има потреба од толкав простор и вистина зјаеја празни, големи ходници и неискористен простор.. Како што сватив не е ни во нов простор туку преуредуваат/приспособуваат веќе постоечки.. Ќе видиме..
Феминки да ве прашам каков би ми бил текот на инфитрото почнувајќи од 02.10. втор ден менструација и почнуваме со стимулација....Ви благодарам
Девојки од мене ништо не бидна од 10 ембриони ниту еден не е добар, 5 веке умреле а 5 се живи денеска 3 ден требало да бидат 8 клетонични а тие се 6. Што мислете има некаков надеж дека ке порасне некој до вторник, не верувам па тоа е. Ми кажа дека од староста не се квалитетни јајце клетките а имам 33 год. Другуот месец рече докторката ке пробаме на природен циклус ама мислам немам надеж дека ке бидам мајка. Мислев со донатор на јајце клетки ама маж ми не сака.