Планирам да се спремам за трансфер со замрзнат ембрион. И како да ви кажам - се ми е смачено .... некако, ко без воља сум, ете така некако, а сакам ...ама ми е напорно лекари прегледи, тестови, све од поново. Последно бев во јуни на контрола и тогаш само пап правев кој испадна добар, брисеви не правев,. Сега веројатно брисеви, пап, и клрвна слика... Е сеа... на послениот преглед матичниот гин. ми рече дека имам некоја сомнителна раничка на грлото на матката(но папот испадна добар), и дека имам миом мал внатре во матката. Рече дека ништо не е загрижувачко во овој момоент но треба да се следи на неколку месеци. и затоа све ми е бљак.... не знам дали ве фаќале вакви кризи, ама све ме мрзи, и да се јавам и да закажам... и све...бф и тоа чекање, гужви, излегување од работа... итн... На сите ви честитам за успехот и пуштете среќа за нас другите
Честитки до сите што успеале во оваа борба, на другите многу среќа што побрзо да си видат не само две црти и позитивна бета туку да си ја износат бременоста без проблем до крај. После спонтаниот се дисатанцирам од форумот, малку релаксиран и здрав живот па после три месеци со нови борби до нови победи. Поздрав до сите и само здравје и успеси да ве следат hai:
@Ѕвездички кој знае колку пати ме фатиле такви кризи, не си единствена, чувство дека е доста од се, ма смачено од се.. Но дај си време, наполни се со позитива, дај си сама поттик и ветер во грб, помисли зошто ќе чекаш по тие ходници, буткаш во гужвите, гледаш на саат и броиш денови.. Плус со замрзнати е многу полесно, нема боцки, дополнителен стрес растело нешто или не, само пиеш витамини, темпирате трансвер и бебчиња во меше и секако 14те долги дни Закажувај термин и среќно
Среќно,јас имав трансфер со замрзнати ембриони и успешен беше. Прашање до феминките кои се бремени и примаат клесани: Кој ви ја одредува дозата на клексан? Деенес бев на трансфузиологија,мојот доктор е на боледување и таа што ме прими ми се дереше пола саат,ме убедуваше како она нема што да ми пишува извештаи за клекасни и како таа не е за употреба на клекаси во бременост,како никаде не е докажано дека клексанот допринесува инвитрото да успее доколку има мутации......жената како луда се дереше и додека зборуваше очите ги држеше затворени....нема зборови....според неа гинекологот е тој што треба да ја одреди дозата,а не трансфузиологот. Помош пишете што да направам не знам каде да се обратам,дали да закажам кај приватен транфузиолог??????
Кај др Елена Петковиќ закажи си некоја тука пиша дека може да ви закаже лично за да не чекате не ми текнува кој.Или па на др Јани Ангеловски фер е човекот,има многу задоволни од него иако хас лично не сум.
Благодарам од . Уште да ја решам дилемата со клексаните и можеби ќе се смирам.Денес денов страшен.Се надевам дека ќе пише некоја феминка нешто што би ми помогнало околу мојов проблем.....
Aман бе која докторка беше таа?! Без осет еј! Оди кај Елена Петковиќ - срцка е и ќе ти учини. Баш денес има амбуланта. сама ќе те спроведе и без упат. Јас така бев кај неа, а нит ја знам нит ја познавам приватно.
Јани е на боледување, а таа што ме “истресе “ прееска не знам како се вика....ќе видам за 1 час кога ќе одам по резултатите од крвта.......
Како изгледа таа Елена ???? Оваа беше некоја смеѓа со малку ситно виткана коса.Извештај не ми даде,можеби после во 14 ч кога ќе го земам резултатот. Ама мислам дека не би требало таа да е Елена Петковиќ,оваа се дереше како не требало трудници со клексани да се третираат,како не смеела таа да ми дава доза ,требал гинекологот да одреди дозата,мутации имал секој втор,,,,,што не ми изнакажа....
Елена е крупна со црна коса. Не е таа сигурно - не верувам да се дере на пациенти. Ќе излезе ептен ја фалам јас - ама не ја познавам приватно, да не ме сфатиш грешно, ама на државно кај подобар лекар не сум била.