Значи сепак ќе треба некоја терапија за да ми се покачи? Ај ќе видам што ќе каже докторот. Отидов по упат кај матичниот бидејќи една година немав испитано хормони, минатиот септември последно испитував, а сакам инсеминација да правам, па нови анализи ми се потребни. Докторот лани ми ги пиша само основните за трет ден од циклус, но сега си побарав плус како дхеа и тестостерон бидејќи не сум ги проверувала. Без проблем ми запиша се', не знам зошто тебе со молење за Т4 Моиве сите се на трет ден од циклус, но некоја поупатена од женичкиве нека одговори дали може и друг ден да се испитаат.
Фала, Дај боже сите да го дочекаме денот со позетивен тест. Нормално за честенка немс збор само нека биде. Млада си, смениа мислене и кај мене кажаа дека не е од староста. Фала, дај боже Фала многу
Девојки мене докторката не ми даде ништо од вагиналетите ни пролутекс инекци само прогестерон депо и добрестон и естрофем. Мислам таа не верува дека ке биде и затоа не ми даде ни утрогестан ниту керинон гел. Ваше мислење. Поздрав
Протулекс= прогестерон депо Добрастон= утрогестан Исто е . Немој вака пред време со вакви неубави мисли. Утрогестан можеш да земеш и на своја рака, нема штета од него.
Миалам оти пиша прогестеронот дека е висок па затоа може не ти дала дека нема потреба.Оти вагиналетите,пролутексот се е тоа прогестерон.Не земај на своја рака.
Утрогестанот е многу подобра подршка од Добрастонот. Во странство повеќе не се користи. На крај најдобро да си слуша лекарот. Тој сепак знае најдобро. Ама и да земе на своја рака , штета нема.
Феминки ме чека во октомври првото инф па сакав да прашам дали од трансферот и високата бета можам да бидам на патолошка оти работата ми е државна и движечка.Ви благодарам
Ве читам за клексаните и не ми е јасно. Кога се даваат? Во каков случај? Ве молам девојчиња за објаснување.
Не му ја мисли воопшто, докторката е екстра и си знае за кого што како. Моја пријателка правеше кај неа, исто не и даде ни пролутекс ни вагиналети, сега е веќе породена. Уживај
Нема откажување мила Ако овој пат не успеа,со нови сили за месец-два и ќе бидеШтом имаш смрзнато ембриончиња,многу е полесна постапката Честитки мила,и малку да е бледа,сепак е позитивен резултат Со лесно да ти помине целата бременост @NNA лесно да ти поминат овие 2 недели,па ќе се радуваме со висока бета @podravka ми недостасуваше *
Кога му удрив на мобилниот рафално во серијаИ се јавиНе за џабе рекле упорноста се исплати Што би рекла @kukla21 ќотечеајде доста црни мисли, само позитивно и ќе биде се во ред!
Лекарот одередува дали ќе бидеш на боледување или не, ако има потреба ќе ти даде. И рано ти е на тоа да мислиш, прво направи го ин витрото, па нека се фати... и ако треба ќе ти дадат. Бременоста не е болест, и не секоја мора да лежи. Бременост со ИВФ е како и секоја друга бременост, со среќа
Еве и јас да ви кажам , за петок ми закажаа пункција има 15 фоликули , д-р речс 10 сигурно ке биле убави, сега чекаме да видиме како ке биде понатаму
Девојчиња моја поддршка цел овој период.Да Ве известам денес 13ти ден од ембриотрансфер правев преку крв тест и вредноста излезе 118,7 ми рекоа дека тоа значи бременост, да продолжам со терапијата и за две недели ехо.